Здраво,сакам да купам стан,ги гледав Адора,Голден Арт и уште некои други фирми,според распоредот на становите најмногу ми се допаднаа тие на Адора,па ако некој има искуство или знае од близок што купил стан во зграда на Адора да сподели мислење во врска со квалитетот на градбата,внатрешно,изолација едно друго...? Исто ми се допаѓаат и становите на Голден Арт па ако може и за нив некој збор
Од каде ти е оваа информација нешто повеќе ако може да кажеш,во која смисла неспоредлива? Сакам повеќе мислења
Има цигла меѓу гипс картонот. звучно е убаво изолирано додека другиве немаат звучна од страна на влезот и се осеќаш ко у хотел.
Ок,фала,а внатре дали знаеш како се паркеттаркет,ламинат? Гледам во некои има паркет од бамбус,е сега и за него некои го фалат некои на коментари читам викаат дека не е убав
Тоа не знам ама можам да прашам ако сакаш. За градбата знам само дека се цепидлаки и нема кај нив ни кри ѕид ни тенок ѕид.
Побитно е ти со колку пари располагаш, оти папрени им се цените...немаш квадрат испод 1200 евра...се однесува ова за Адора
Од кога ова? Секогаш беа нијанса поевтини од Голден Арт на пример.. Барем јас кога прашував.. Зависи и локациски на кое место.. Не е се над 1200е
Епа значи Чифлиганци се прецениле. Дури ни копијата во К.В не им вреди колку што ја продаваа.. Мене на пример оние згради на последна 5ка не ми се допаѓаат. Ако квалитетот им е ист, порадо би купила во стара зграда..
Елена Лука не се ништо поарни. Ама и тие имаат квалитетна градба. Туку кога сме кај тоа видовте Гранит како ги зезнаа? Направија зграда на влез НА ск и оп сеа нивите државата не им ги продава за пат да направат . Ете така им текна на сдсм.. а зградата готова..
За таму знам. Таа зграда не ја сметам за зграда. Навреда е кон сите архитекти во светов.. Да ископираш толкава зграда, смешки.. крајно неинвентивно Штета, нејзината историја не можеа да ја ископираат Сите што ја виделе во живо во Њујорк, ќе кажат дека зданиево во Скопје е навреда во најмала рака..
Се согласувам со тебе..а има и разни шушкања дека цементот не бил од прва класа како што го наплаќаат, исто и за друг градежен материјал...има дубари изгледа. Дали се шпекулации незнам, но како што велат, можно да е вистина.
Тоа Бабе не знам. Јас кога се качив да видам еден стан, само си се насмевнав и си заминав.. Жал ми падна