Ima takvi zgradi vo skopje I Kaj novite.ne kupuvaat parking.a imaat pravo.da se parkiraat pred zgrada
Такви се премногу ретки, обично и надземните места се продаваат. Сепак не знам кој би сакал секој ден да бара место. Еве јас сум во стара зграда каде немаме приватни паркинзи, а не е ни толку голема колку новиве зградата, па и покрај тоа што е огромен паркингот нема слободно место ни едно. Многу замарање е да бараш паркинг секој ден. А во нова зграда верувам е бетер зошто и да има некаков слободен паркинг, сигурно нема да е по едно место за стан, а дури и да е така, често луѓево имаат по две коли. Сопствено паркинг место според мене во овој хаос во градов е потребно многу.
Во некои нови згради што ги гледавме, толку се тесни скалите и ходниците, одвај двајца да се разминат, а во лифтот најмногу тројца луѓе собира. Не знам како замислиле ако треба да се транспортира некој со носилка или нешто погабаритно.
Site gore dole gore slicno pravat.gledaj ja poveke dokumentacijata.ponov stan.so imoten list bi vi bila dobra idea.oti sekakvi slucai imalo.
Се поплавија гаражите пред некое време, имаше и поплавени и протечено кај некои станови од вентилите пред врата.
Од естетски аспект се врвни и подобри од сите други, во однос на квалитет градба тука се некаде со Голден Арт. За зградата кај Карпош знам дека е меѓу поквалитетните, ама како што чув за другите помалку се замараат, повеќе фалинки имало и многу повеќе каснеле. Ова го знам од други луѓе, немам лично искуство. Според мене не вредат за цената, сепак е прескапо тоа по квадрат само за да ја добиеш естетиката, особено кога самиот квалитет на градба е на исто ниво како на друго место. Поприлично сум сигурна дека имаат свои маани, како и сите други.
Hahaha.prasanjevo vi vredi ocenka 10 bravo konecno nesto pametno vo vrska so temava.no mnogu tesko toa da e taka.
Некој да не има искуство со МГИ Инвест,пред 3-4 години градеа зграда во Мичурин зад Рулет сега градат позади Вучко и имаат најавено нов проект во Ново Маало но и по година дена од најавите немаат започнато.
Голден Арт и Биси веројатно се тука негде со квалитет со тоа што Биси се многу поскапи заради естетиката и некои ситни детали.Со тоа што се повеќе се доцни со градбите,многу често се пролонгираат роковите. И Капитол Инженеринг мислам дека имаат квалитетни проекти.