Воопшто не и место на таа зграда тука. Околината е ужасна, нема ништо ново и модерно, позадина неа се гушиш од прашина, напред трговски кој е едвај во функција и неколку куќи пред распаѓање. Да најдат инвеститори кои ќе инвестираат во К.Вода и ќе ја направат да доликува на зградата,да има светски трговски центар тогаш би стоела зградава. А вака покрај ваква околина луксузна зграда штрчи. А навистина е добро направена со дворно место,клупи и дрвца тоа е нешто ретко што некоја друга зграда го прави.
најотворено сеа. Може за чифлиганец се да кажеме и за елена лука ваква онаква и фирмата на татко исто за градежништво ама у Ск нема бољи градба. За изглед не зборам туку за матријал зборам. види ги настел и гранит жива катастрофа се. не смееш да се потпреш на ѕид.
Заплака? Настел е катастрофа. Последни да се па не би купила од нив. Кај Воен базен ѕидовите им се како хартија. Кај хемиско нијанса подобри, ама еден куп проблеми имаат за ова кратко време колку што се вселени. Од проблеми со санитарија, течење вода од плафон во бањата, па се до ужасна вентилација... Хаос.
Точно. плус на естетика воопшто не е пазено. собите им се кутивчиња едвај 8 м2 а битно да речеш трособен. ходник 1м2 кујна 3м2... битно дневна огромна и без никаков осет за распоред. ставиле прекидачи каде стварно не е прикладно и наместо уз пат да палиш светло ти круг вртиш а патем тој ѕид е ударен. Тука ти е тв комода и све...
Ова за одржувањево во Адора зградите во Аеродром и мене ме интересира? Инаку цената во Аеродром на Адора ке е околу 1050-1100е м2. Голден Арт има цена од 1050е на која може да се направи можда мал попуст во зависност од начин на плаќање,кој што попуст мислам може секаде да се договори и во другите. @LiliBoz ако имаш некој баш прашај за внатре каков е квалитетот
Јас живеам во зграда на Настел и се потпирам на ѕидовите без проблем И, и ние имаме гипс, изолација, цигла, изолација, гипс кон ходниците и меѓу становите. Не ги слушам соседите ниту горе/долу, ниту тие до мене што се. Имаат фалинки, ко што кажа @Dust , ама дека Адора се најдобри, тешко. Знам еден куп незадоволни од кај нив. Исто и од кај Голден арт. Им се поплави купатилото и станот на пријатели. Купатилото од затнат одвод, а станот од парното. Така што... нема совршено. За распоредот, од се што гледавме кога купувавме стан, овој кој го купивме беше (според мене) со најоптимално искористен простор. Нема непотребни ходници, ниту чудни ќошиња и сл. На Голден арт становите ( и Адора не се поарни) се ужас. Стан од 40-тина квадрати со ходник од 10 Старите станови се подобро испроектирани и испланирани, ама исто така се и поголеми, па затоа. Во сегашниве услови кога становите се изгор, максималната искористеност на просторот е голем плус, оти не секој има пари за стан од 70+ квадрати, најчесто се купуваат 40-60 квадрати.
Зошто мислиш дека становите на Голден Арт се ужас баш ме интересира во која смисла, квалитет на градбата или што? За сите фирми кои градат гледам има и позитивни и негативни коментари,мое мислење е дека овие 2 фирми градат најквалитетно. Имам другар што работи градежни работи и работеле на зграда на Голден Арт,кажа дека воопшто не штедат на ставање квалитетни материјали,истото ми го кажа и за Адора иако таму немал можност да работи. А каде се случувало ова што кажа погоре со поплавите во чија градба? Тоа што им се поплавило купатилото од затнат одвод мое мислење е дека е е вина на градбата туку на несовесните станари кои фрлаат се што ќе им текне во шолја,а тоа за парното незнам.
Погледнете ги и овие. Онака ...како предлог Спојлер: Мулти офис https://www.pazar3.mk/mk/МултиОфисMultiOffice Убави градби, саглам материјал, само локациите им се во Карпош, Влае и Ѓорче
Значи изминатиов период разгледуваме станови и според мене од тоа што видов и слушнав а и лица што живеат во зградите го имам следното мислење,за Адора не сум сигурна баш дека се најквалитетни,само распоредот ми се допаѓа повеќе, ама тоа што е останато се поголеми станови а ние бараме помал и пријатели што живеат во нивна зграда се жалеа на канализација им враќа од комшиите ,и се слушало се.Нас најмногу ни ги пофалија Голден Арт и тоа луѓе што работат со градежништво и градежни матерјали а и голем дел од луѓе што ги знаеме живеат во нивните станови,значи изолација топлотна најдобра,со исклучено парно внатре седевме по кратки ракави,значи многу топло,плус тоа само во Голден Арт и Елена Лука внатре собите се оделени со ѕид односно цигла,а во другите ставаат од онаа тенката цигла и гипс картон,ама ајде и тоа не толку лошо. Братучед ми исто живее во на Елена Лука зграда,мене многу ми се допаднаа нивните станови ама штета многу брзо се распродаваат инаку ќе земевме од нив,имаат многу јака градба. Моментално живееме во зграда на Настел тие кај Воен Базен,не се лоши, комшиите не ги слушам ни од горе ни од доле,ептен да е тишина се слуша пригушено,но звучната изолација во ходникот не ми се допаѓа,стоиш пред лифт во ходник и ги слушаш се комшиите внатре што зборат ако викаат погласно,исто имаат пропуст во купатилото,не им е баш добра хидроизолацијата и нас ни капеше пред некое време од цефката горе кај комшијата па викавме мајстори со комшиите,после пукна уште првата година сифонот во туш кабината,се на се ок се ама во купатилата имаат мана,а зградата е само три години. Дабар пак еден стан ни се свиѓаше на квадратура 58 но ходникот 11 кв а детска соба 6-7м2,спална 9,на сите станови спалните им се многу малечки,барем 10 кв да се. Кога ќе видиш горе доле сите се тука некаде со квалитет,се разликуват во некои нијанси и финеси.
Во стан на Голден арт е поплавата. И не е од несовесни станари, туку од работниците што работеле. Ги мрзело да го фрлаат шутот и го ставиле во одводот Во истиот стан имаше и поплава со парно. Не било претходно тестирано. Ова се случуваше во првата зграда што ја изградија во Аеродром, може во меѓувреме се подобриле. Ама распоредот на становите им е ужасен т.е им беше до пред некоја година, сега не сум во тек. Не се само Голден арт, Адора не се поарни, Настел и останатите. Тоа е градежна мафија, сите до еден се исти.
Во право си сите прават манипулации, пример за Адора сум слушнал дека скратиле на квадратура од тоа што се становите по планска скица. Не знае човек што да реши.. Од тоа што гледав можам да кажам дека малку повеќе ми се допаѓа само распоредот на становите во Адора,пример стан од 60м2 во Голден има помали соби од тој што е 58 во Адора, попаметно искористен простор,а не во ходници големи а спални помали од ходници.
Ама на крај, кога се прави примопредавање колку што знам се прави премер на станот и ако е ОК квадратурата-ништо...ако се разликува, тогаш или се доплаќа или се враќаат пари (ова последново не сум чула дека некад се десило)
А тоа сигурно е со премерувањето на станот? Еве и тие што купиле нов стан нека кажат баш? Ако прават такви глупости тоа е тешка катастрофа
Ние не премерувавме т.е грубо со метрото само, а не официјален премер. За Адора и јас имам читано, има случаи кои и до суд се стасани.
Е зошто да е глупаво премерувањето ? Ако ти направиле помала квадратура, тогаш се должни да ти вратат пари.. најголеми малверзации прават со балконите.Едно на нацрт, во градба сосема друго, обично скратени за цел квадрат, а за балкон еден квадрат скратување е многу.
Да и јас така слушнав дека до суд дури дошло па им давале компензација дали гаражи незнам што,ама као демек тоа порано се случило па после од страв за лоша реклама им дошол паметот да не прават такви работи,ама кој да знае,а тоа и недајбоже да се деси џабе ми се после компетенции глупости кога ке ти го скратат станот што баш ради тие димензии си го земал,и мерак ле ти се расипе и се,а секој се радува на нов стан,и замисли да ти се деси тоа, ебати среќата.
Малце мешаме баби и жаби. Адора и Елена Лука си имаат свои мајстори и нема зезање во работата, додека овие другиве знаат и да најмат (не знаат, туку најчесто најмуваат)... ете затоа се случуваат такви екцеси ко ѓубре во одвод.
Абе добро ама еве конкретно за кратење на квадратура сум слушнал баш за Адора,а малку ми е чудно тоа на скицата кај нив за терасата некако кога дома мерев колкава би била со тие димензии некако иде баш убаво големко т.е. тамам а кога ќе ги помножам димензиите на терасата што се дадени доаѓа поголема квадратура од тоа што пишува дека има терасата,хм.. чудно... Пример пишува дека терасата е 3.29м2 а димензиите и се 198 на 178. Кога тоа ке се помножи доаѓа дека терасата е 3.52м2 а не како што пишува 3.29м2 Освен ако можно е да е минусиран стубот кој е на ќош од терасата. Може и до тоа да е
од блиски извори информација, Елена Лука, Дабар, Голден Арт и Глиц се градени со исти материјали од исто место со исти мајстори до карабина, е сега финесите се индивидуални