Во тој дел особено околу ФОН воопшто не требаше да се дозволи станбено домување, требаше да си биде деловно-индустриски бидејќи буквално е хаос од прашина и бучава,зградите што никнаа кај Мак Ауто Стар а и квалитетот на некои од нив велат дека бил многу лош. Патем зимно време тоа е една од најниските точки на котлината и најдолго време останува маглата,блиску е напуштениот објект на Ранка Милановиќ каде има депонија и спалување отпад како и Вардариште.А и инфраструктурата е под секое ниво. Можеби само пониската цена за м2 привлекува купувачи во тој дел инаку нема баш некои други позитивни страни(училиште,градинка, амбуланта,маркети). Ќе треба да поминат 10-тина години за да заличи на станбен кварт но и понатаму ќе биде опкружен со магацини,сервиси,шпедиции и слични објекти.
Дали некоја купила стан во зградите на Капитол инженеринг да ми каже како е задоволна? Наводно биле квалитетни ама веќе човек во ништо не може да биде сигурен. И дали може знаете која е цената во изградба на тие на Водно, не креваат телефон?
Јас еднаш влегов во зграда од капитол преубава е луксузно изгледаат и ходници, лифтови и внатре во становите квалитетни. И фасадите им се лични се истакнуваат од другите
Здраво на сите, дали некој што живее или има искуство со Гранд Престиж може да сподели искуство/коментари за зградите, изведба, станари итн. Фала однапред.
За парите не ти вреди. Не ми се допаѓа локациски и распоредот на становите. Дополнително таа цена што ти ја пуштиле е изгор, барем за ново-стара зграда. Разгледај станови во околина на Лондонска и тие, да зградите се постари(валидно) ама цените се барем за 300-350 евра пониски по м2. А и локациски Лондонска е подобра за пристапност, во споредба со Прашка.
А тек таа во карпош кај факултетот машински им е од 2017 и многу многу е добра и на изглед и на квалитет
Ок , Јас живеам таму 10 год. и незнам дека така го викаат. Ама тука не е еден инвеститор што "го има изградено".
Важат за доста квалитетни,зградите и однадвор и одвнатре изгледаат доста луксузно (барем да ја оправдаат цената за м2 која мислам им беше околу 2300€ + паркинг за разлика од многу други компании кои со приближни цени не нудат ништо посебно). Имаа доста закочени проекти заради мораториум во Центар но сега веќе работат на проектот зад Универзална а на Водно не знам дали се почнати. Генерално земено Капитол,Биси,Кат Костов имаат солидни проекти низ градот со тоа што мислам Биси важат за најскапи кај последниот проект цената е 2800€ м2 и 20000€ за паркинг.(не знам какви се нивните станови колку има вложено во квалитет).