2300е во изградба е премногу, забегале скроз. А Биси со 20.000 за паркинг исто, во Белград во еден од полуксузните комплекси е толку. Лудаци.
Јас се јавив пред неколку дена во Капитол, цената за зградата позади Универзална е 2000 евра од квадрат, ВО ГРАДБА. Предноста на оваа улица е што не е многу прометна и е релативно тивка иако е во центар, ама сепак... премногу.
Здраво девојки, дали знаете зградите на Голден Арт кај аутлетите кога треба да бидат готови за вселување ?
Се согласувам,низ Белград има многу поубави комплекси со приближни цени како кај нас. А кај нас многу често може да се случи да платиш скап квадрат и да имаш поглед кон некои куќарки кои во иднина би биле градилиште,оџак од некоја ќебапчилница,сообраќаен хаос во околина... А цените на паркинзите скоро секаде надминуваат 10.000€ освен К.Вода и Карпош каде може да се најде за 6000-8000€.
Улицата е тивка но е доста тесна,преку ден е хаотична а сеуште се градат згради.Мислам дека за некоја година ќе биде хаос поготово ако се отворат деловни локали во приземјето на новите згради. Таквиот микс ги уништи населбите во поглед на протокот на возила и паркирањето.
Крајот на оваа година ама не верувам зошто уште еден месец е до крајот на годината. Уште не и готов третиот влез.
Дечки, ми треба мислење. Во која населба во Скопје има станови на продажба до 1.700 евра? Ми спомнаа луѓе имало евтини станчиња низ градов. Што мислите дали е подобро да се купи преку агенција за недвижности или пак од луѓево по огласиве што продаваат? Искуства? Нова градба или стара градба, што е подобро? Инаку, во потрага сум по мало станче, гарсоњера, што реално за 1.700 евра би нашла, само проблемот е каде, која населба...
До 1700евра имаш избор во поголем број населби К.Вода,Маџари(околу ФОН), Аеродром(Мичурин,Стар Аеродром),Ѓорче Петров(Хром,Ново Село) со тоа што претежно тука наведов новоградби секако има и понуда на стара градба(со тоа што треба да се види во каква состојба е станот,некогаш треба и потемелно да се реновира што значи плус време и пари,дали има паркинг место,колку е стара зградата во каква состојба е лифтот,влезот,инсталациите итн). Нова градба секако има предности(ново си е ново но и тука има многу ?? Кој е инвеститор,колку време се или ќе се гради често пробиваат рокови,дали и колку фушерации и недостатоци ќе има,чекање за имотен лист,распоред на стан,квалитет на материјали,начин на греење..) Сите овие работи треба да се земат во предвид и од тоа ќе зависи и цената и евентуални дополнителни трошоци.
Секаде се фушерации во новите.скоро секаде реткост да не е исклучок на 2-3 фирми ама квадратот кај нив е над 2000 евра
Здраво на сите пак , дали евентуално ја знаете зградава на Гранит или Бетон во Кисела Вода , и како би стоеле они со квалитет. Градена е во 2000. локациски е тука: https://www.google.com/maps/@41.980...YwcBqag!2e0!7i13312!8i6656?hl=en-US&entry=ttu
Уште подобро,офис ком е докажан на пазарот ги прави зградите до крај.и мислам до сега никој се нема пожалено од нив.друга работа е што можеш ако го купиш да одиш на објектот повремено и да гледаш како ти го прават станот и тука нема утка.купи кај нив нема да погрешиш плус Аеродром е една од подобрите локации.
2300 евра/м2? Молииим? Абе јас не живеам во Скопје веќе некое време ама брате 2300 евра за некој ќумезарник низ Скопјево за мене е многу Јас кога видов на биси паркингот дека чини 20.000 евра ми се чини дека ќе се онесвестев, искоментирав САМО дека претерале со цените и одма ме блокираа на фб. Да пишев дека се луди со цените може и тужба ќе ми поднесеа Пред 2 недели беа едни иселеници дојдени на гости кај нивните тука и кажуваа дека го купиле станот каде што беа под кирија неколку години, 72м2 за 163000 евра.. Во Лајпциг. Ок, не е Франкфурт или Минхен ама е втор по големина во Саксонија и има работа за сите, без да те ебат у здрав разум да работиш за 320 евра... Плус цените во Франкфурт и Минхен веќе одамна отидоа у неповрат.. Сакав да кажам, како може едно Скопје што скоро ништо не нуди повеќе од еден Лајпциг да има цени исто како во Лајпциг а плати како во Сомалија? И на најдобрата локација во СК, цените не треба да се повисоки од 1200 евра.. Споредено со платите, едноставно нема економска издржливост нивната цена..
Јас не знам кои се тие луѓе што даваат по 2000 евра за квадрат. Познавате такви? Еве има, на високи позиции, со високи плати. Колку луѓе има во државава такви, по колку станови имаат? Во секоја втора зграда во изградба, становите се веќе продадени.
Taka vikaa i koga bese 1200 eur pred nekolku godini, isto vikaa i koga bese 500 eur(1000 marki) pred 20 godini....
Да а? Штознам... Не ми има логика цена на квадрат кај нас и во друга поразвиена држава да се исти. Сепак имаме различен стандард, куповна моќ, просечна плата.