Дали може да ме контактира во приватна порака некој што има уплатено стан во зградата на BAUER BG во Аеродром кај поликлиниката Јане или да ми посочи доколку постои некаква група од купците по форумиве или на социјалните мрежи?
Ќе го оставам твитов тука, чисто некој да не се залета во Лимак. Страшно. https://twitter.com/mkrobot/status/1734609137777230236?t=OfKho-zzQOdcedERx1RbGg&s=19
Дали некој купил стан со договор станот да се исплати во целост кога ќе се добие имотниот лист? Т.е имам уплатено учество, станот ќе ми го чуваат, но ќе аплицирам за станбен кредит кога ќе добијам имотен лист и тогаш ќе им ги исплатам остатокот од парите.
Живеев во зграда на офис ком, само што пуштена за вселување. Не ти ги препорачувам од следниве причини: комшиите до мене ги слушам како си прават муабет, особено кога комшивката беше на состанок пошто работеше од дома. За тропање одозгоре и до мене исто така се слушаше. Луѓето во становите на 1ви имаа проблем со влага, кај становите на приземје се појави и мувла. Паркетот се прередуваше, инвеститорот го среди ова и глетување по ѕидови кога се појавија пукнатини пошто зградата уште се стегнуваше по вселувањето што секако е фер од нивна страна. Најголем проблем ми беше звучната изолација, а внатре на изглед становите им се убави.
Да знам, секако ќе си прашам адвокат и нотар само сакав да прочитам искуство. На секое мислење се надоврзуваш и шириш дезинформации безпотребно. Пред два месеци бев на градилиште на фабрика карпош, значи меѓу собите си имаше цигла. Меѓу станови имаш цигла и плус волна за звучна изолација плус гипс картон. Демит фасада. Мислам дека стварно не е океј да се шират информации кога не знаеме. Ете поназад во темава кога ја читав ги фалеше голден арт, сега пак ги кудиш и на секое мислење скокаш, кое од овие мислења ти се точни? Мислам дека стварно не треба да си дозволиме да коментираме ако не знаеме нешто ама скроз точно, не е препорака за крема од дм па вака да си дозволиме, сепак луѓе си ја даваат цела заштеда на станови и заглавуваат со кредит.
Епа јас имам влезено во александрија во влае зграда од фабрика карпош меѓу собите беше гипс картон баш од фабрика карпош зградата што е а тебе ако ти пречи што ја надоврзувам не ги читај моите коментари чим видиш да коментирам прескокни прочитај друг коментар.и оваа зграда кај што влегов е од пред 3 години а сега ако почнале најновите да ги градат со цигла измеѓу тоа е друго.испеци па реци за другпат да си знаеш
Ми пречи тоа што еве те фатив во дезинформација, значи не треба да ти се верува пошто којзнае колку други работи такви имаш споделено, едноставно ти паѓа кредибилитетот. Ми пречи тоа што те читаат луѓе и ти веруваат вака на слепо и непроверено. Башка што повеќето мислења во темава ти се овие се крш или овие се трчи лажи, па дај поткрепи го тоа мислење со некоја критика, а не само ќе нафрлам еден куп зборови или воопшто не пишувај.
Јас 3 години стан барав додека купив и имам искуство сум шетана по 100 станови и 100 градилишта затоа знам а ти не барај совет тогаш и мислења
И јас приметив дека лаже во темава за некои градби. Толку не мисли дека на форумов може да наиде на некој кој веќе ги видел со свои очи или на некој кој ги познава инвеститорите. Шири дезинформации и нарушува углед, а ја толерираат. Дури и да е некоја зграда како што збори, тоа не ѝ дава право да валка сè што е изградено од некоја компанија.
Види не е проблем, еве и јас пишав погоре за офис ком зградата ама не пишав во која пошто не сакам да споделувам премногу лични информации, посебно не кај живеев до скоро, кај сум сега. И пишав за една зграда од најновите, не пишав бегај од офис ком, мада ако им го отвориш сајтот ќе знаеш која е. Ама ако некој сака да ми пише во лп за која точно за да не се излаже да купи стан таму, скроз подетално ќе си одговорам за искуството. Иако, конкретно за офис ком истиот впечаток како мене го има познаничка во стан во друга зграда. Е сега, ми пречи тоа што никаква критика нема, што еднаш едните исти ги фали, сега ги куди без тоа да е поддржано, туку се е некако нафрлано и изгенерализирано што воопшто не е во ред. И јас бев во даме груев да гледам станови ама ниту знам како е живеачка во тие станови, единствено што знам е дека во зградата во која што бев уште немаа имотни листови, а веќе живееја година ипол. Да ме прашаш кои се инвеститори - нема да знам бидејќи станот го гледав преку агенција и вработениот одбегнуваше да даде одговор туку прошепти нешто абе овој од Тетово сите го знаат циле миле и појма немам кои се. Ама не би било во ред да речам еј сите згради во Ѓорче не се океј. Туку работава сум гледала 100 станови па ај само ќе се џиткам бегај од таму трчи лажи е тоа. И јас последниве 3 години не знам во колку згради отидов, и готови и карабини па не се дозволувам до толку. И јас мислам дека станува збор за нешто слично како тебе, скроз нарушување на углед на сите по ред.
Можно е да. И тоа земала да ги фали Настел откако знаеме дека испокрадоа квадрати, дека плаќаа и уште плаќаат оштета за паркет, имаат пукнати плочки во купатила ама ајде, 100 станови изгледала.
Ова за Адора да не збориш? Пошо јас живеам во зграда на Настел и не сум чула некој да има проблем со паркет, плочки и слично. Не дека нема де, ама овие проблеми може да се јават индивидуално кај сите инвеститори. Од Адора се жалеа дека краделе квадрати.
За настел тафталиџе близок другар уште чека оштета за паркетот и има пукнати две плочки кај тушот, баш со големи линии. За квадратите таков муабет имаше за настел. А за адора гледаш научив нешто ново, не знаев дека така правеле баш дека сите ги фалеа се мислев да купам од нив. За квалитет на градба знам дека ги фалат ама лично искуство немам.