Ако некој сака да купи стан во Аеродром, Центар, Карпош 3 и Тафталиџе 1, нека ми се обрати. Имам добри понуди.
За тоа јас што го спомнав, дека им се поплави купатилото во Настел зграда, биди сигурен дека не е од несовесни станари, затоа што 4тиот ден откако се вселија комшиите над нив, се случи ова. А и овие поплавените, недела дена беа само вселени..
Ова не е баш точна информација бидејки имам блиска личност чија група беше најмена да работи на последната зграда на Адора.
Може некој да ми пише кој купувал сега брзо стан во Аеродром кај што беше Пошта во новите згради, која цена се по квадрат и од кој изведувач има најдобра понуда. Фала
Prodavam namesten stan renoviran so 1 spalna vo Kisela Voda na prizemje kaj Tinexot sproti rasadnik 39m2+10m2 terasa +10m2 moznost za dogradba vo idnina.Moze da se iskoristi i kako deloven prostor.Cena 37000 evra.Kontakt broj 075441515
Кога се купува стан што е во градба при правењето на договорот дали знаете на што најмногу треба да се пази за да купувачот биде целосно заштитен? Во смисла пошто се купува нешто што во моментот не постои. Ако даваш однапред одредена сума на пари дали си заштитен? Дали е можно нешто како пред години што се случија аферата со фиком да се случи денес? Дали треба да ангажирам адвокат или не ? - за ова некој што купил на овој начин ако има нека каже
Што мислите која локација е подобро место за купување на стан,кисела вода- кај рампа или аеродром - тобако 2?
А зошто што мислите баш ме интересира? Јас не сум од Скопје ама и јас сум за Аеродром ама ме убедуваат дека кај рампа било поблиску до центар,дека Аеродром сега веќе е преизградено пренатрупано...
Аеродром е пренатрупан,а во Кисела Вода околу Рампа е пустелија и трошни куќарки-потенцијал за идно пренатрупување...а мајндсетот да си по блиску до Центар мислев дека згаснува,ама грешка сум...паметното би било да си по далеку од Центар но во урбана и зелена средина која е добро поврзана со градски транспорт до Центар,такви населби се (Козле,Тавталиџе,Жданец,Карпош 4 и 3 и до скоро и Аеродром. Но ти си знаеш... Инаку Аеродром беше друга галаксија во споредба со Кисела Вода,но сега со процесот на бетонизација и доселување на нови маси на луѓе од провинцијата,многу падна и ќе паѓа во квалитет.
За во Карпош позади Сити Мол слушнав дека е 1200еур/м2, ама сега додека се во градба сигурно има место за преговори. За во Аеродром не знам.
Што мислите за маалото во близина на ОУ Мирче Ацев во Скопје? За Ѓорче станува збор, една минута печки од училиштето. Кај е подобро, Хром или таму?
Nekoj iskustvo da spodeli da kaze kako ste zadovolni od golden art, adora, dabar... konkretno me interesira za stanovi vo aerodrom kaj tobako....