Фала ти на мислењето. Идејата ми беше да ставиме таков член во преддоговорот со анекс дека целосна исплата ќе добијат кога јас ќе добијам имотен лист. Другарка направи така пред година дена, размислував и јас ама аплицирав за станбен кредит. Ама сепак пошто кредитот веќе ми е одобрен одлучив да не се натегам и замарам повеќе и да им ги исплатам сите пари сега.
Morash da stavis datumi do koga da se vselish I da imas imoten list Ako ne se ispocituvaat da se plakaat penali zasto moze od dogovorenoto posle 1 god da se vselite I da cekas imotni listovi. Znachi treba se da stoi na hartija, Kako I imotni za zemja pod zgrada,zaednichko prostorii,skali I Dr. Koga gi davas site pari treba da ti dade predimoten list kade vo katastar ke bide zapisan.stanot na tvoeto ime. Zemi advokat,toj gi znae detalite.
Обавезно да се консултираш со адвокат за вакви работи. Сите аспекти да ги размислите заедно, што ако излезе имотен лист со прибелешки, што ако дојде до одземање на имот на сопственикот, што ако дојде до смрт, што ако се откаже и слично. Зошто ти веќе кога имаш кредит во банка, не можеш после да го повлечеш со пу-пу не важи. Деликатно е и искрено без имотен лист, чист, без прибелешки, не знаеш на што си точно. Плус не знам дали преддоговор воопшто може да се склучи без имотен лист, не верувам некој нотар тоа да го завери.
Да да се согласувам скроз, тоа мислење го имав пишано пред консултација со адвокат. Зборевме и ми разјасни доста прашања што имав, ама за ова конкретно веќе одлучив дека нема да го терам пред да отидам кај него. Кредитот е одобрен, само што вториот договор со хипотеката го немам потпишано, ова неделава ќе го направам. Така да уште го немам искористено ниту почнато да го плаќам. Инаку преддоговор потпишав со предбелешката за имот, а не со actual имотен лист. Колку што знам тој ќе го добијам после прием во зградата.
Здраво, ми треба мислење или искуство со Саник. Дали им се добри зградите? Наоѓам огласи по реклама 5, ама никако не можеш да добиеш конкретен одговор кога ќе бидат готови. Дали некоја од вас има купено во Кисела Вода што сега ги градат? И дали некоја живее во зградите во Аеродром што се? Дадоа ли веднаш имотни листови?
За жал, многу од фирмите така кажуваат. На телефон една дата или ќе избегнат да ти кажат, а реалност друга. Немам искуство со Саник конретно. Но, тоа што можеш да го направиш е да им побараш да ти пратат меил на преддоговорот дека сакаш твој адвокат да го разгледа и датата што е во преддоговорот таа ќе ти биде до кога ќе се готови штом одбегнуваат да кажат. И нели обично се повикуваат на виша сила па имаат каснење од 3 месеци па тек тогаш наплаќаш пенали. Барем така беше кај мене. Пробај договори се за одма после краен рок во договорот да ти плаќаат казнени пенали ако можеш.
Имам блиски што живеат во Саник во Влае и се задоволни и добија брзо имотен лист. За други згради не знам. Овие се вселија кога веќе беше направена зграда и не чекаа.
Здраво, дали имате некаква информација за изградба на станбен објект во Битола од Голден Арт? Поточно кај Касарната. Поздрав
Имаш и подобри инвеститори. Во влае што им е зградата направена на ќошот се утепаа од имотен лист чекање, второ гаражата доле константно отворена им е и нема кој да ја направи, на најгорниот кат имам пријателка што земаа стан на пола стан не им ставил изолација и згора на тоа доле паркинг местата на сите различно им ги продавал.
Јас сум во зградата на ќошот и прилично брзо зедовме имотен лист откога го поднесовме барањето. Вратата е веќе подолг период направена. А беше расипана со моторот нешто, и долго беше дилемата дали да ја сменеме или само делот да го сменеме, па потписи се збираа, па не се потпишуваат станарите, на куќен совет од 70 стана дали 6-7 ќе дојдат... Со паркингот немавме никаков проблем, прв пат слушам дека различно продавал. Инаку за Саниќ мене не ми се свиѓа финалното гледување мазно. На некои места имаше нерамнини каде што гипс таблите се поврзувале, и плативме околу 200 евра друг мајстор да поправи тоа пред да се вселиме. И влезните врати им се од најефтините. И плочките кои се од нив ставени се од поевтините. Немаат оставено чешма за да можат од фирмата што чистат вода да си наполнат за чистење, па оставаме шишиња вода по спратот. За изолација топлотна и звучна се добри искрени. Станот е 20-21 степен зимно време без воопшто да пуштиме греење.
Сакам да купам постар стан, да си го реновирам сама, каде гледате станови за купување најчесто, јас гледам на Пазар 3 и слично ама слабо има огласи за постари станови.. Не сакам нов стан, сакам стар, решена сум дека ќе биде стар стан и ќе си го реновирам сама, секако и со нормална цена за стар стан, нема да платам 1600€ од квадрат за стан со мувла па макар бил на два чекори до гратски парк.
@нина122 на фб има групи, доста често објавуваат стари станови ама за жал се што сум видела до сега било прескапо за мене, можеби за тебе би било океј. https://www.facebook.com/groups/stanoviskopje/?ref=share&mibextid=NSMWBT https://www.facebook.com/groups/917625438311876/?ref=share&mibextid=NSMWBT https://www.facebook.com/groups/stanoviskopje.mk/?ref=share&mibextid=NSMWBT https://www.facebook.com/groups/1018208674926359/?ref=share&mibextid=NSMWBT
@нина122 па не знам за колку стари станови збориме, ама ќе ти пишам од искуство со пријатели. Најголемо внимание на цената и локацијата. Па отпосле идат кат, распоред, поглед... Јас избрав нов стан пошто немам нерви и време да се нафатам да се маткам и реновирам ама тоа сум јас, знам дека целиот процес може да ти биде убав. Немам некој совет специфичен, мене кај старите станови ме нервираше тоа што ќе сменат прозори, еве може и ќе реновираат купатило и ти го продаваат по цена како нов. А притоа со реновирање може ќе ти излезат плус 200 до 300 евра од квадрат сосе мебел. Пријатели купија таков стан ама на крај излезе дека мора да се реновира од коска - стари инсталации за вода, струја, стругање паркет, плочки и се а после веќе откога се вселија приметија и влага горе дека капело, а кога им го покажуваа станот не приметиле дека е замачкано и избелено. Прашај си исто ако се заинтересираш за една зграда, прашај некој од станарите кога ќе идеш натаму да ти каже дали имаат проблем со влага, дали е топло, дали се слуша меѓу станови пошто новите згради имаат многу подобра топлотна изолација. Кога почнав да гледам станови не гледав такви што ќе треба којзнае што да се реновира туку неколку години наназад што пример ќе треба да искречам, донесам мебел и да се вселам и затоа не се чувствувам компетентна да ти одговорам поубаво, може некој друг ќе знае. Ама вака нешто што ми паѓа на ум е да имаш во предвид дека и да изгледа убаво стариот стан пример да е зачуван паркетот, имај во предвид дека најверојатно ќе треба сите инсталации да ги смениш, прозори и врати, може да излезе некој непредвиден трошок па да реновираш од коска.
@нина122 и обавезно побарај си од сопствениците да земат потврда од ујп, водовод дека сите сметки се платени и да ти ги дадат. Исто така мислам дека и од ујп може да извадат за данокот дека си го платиле се додека не се префрли сопственост на твое име.
Па не мислев да менувам водоводна инсталација и електрична, кога реков стар стан, мислев од 1995 до 2000 негде граден, со постар мебел, да си бојадисам, да сменам врати и прозори, ламинат и мој мебел да си ставам.. Сакам да има балкон бидејќи не мислам цел живот да го поминам во стан без балкон, станови без балкон ми се како место за престој повеќе, а не за живеење.. Не знам дали станови градени тој период се сметаат веќе за стари станови или уште како нови ги сметаат.. Иначе, проверив по групиве, за стан стар околу 30 години нереални се сумите, па за тие пари нов ќе најдам..