Kako odi prefrluvanjeto na hipoteka od eden imot na drug, konkretno od stan na moe ime, da se prefrli na nova kukja na ime na sestra mi koja beše kreditobaratelot ustvari. Da se trgne od mojot stan hipotekata, da bide sloboden. Što treba, koja procedura i kolku trae? Malku oftopik se izvinuvam
Да прашам во Скопје до која цена се продава од прилика стан со околу 65/70 квадрати, во океј состојба да не треба да се реновира?
Саник се катастрофа, лажговци најголеми, башка фушерај невиден. Во нашиот стан конкретно најдовме два реда плочки во тоалет на еден ѕид (значи имаш ѕид со ред плочки па празен простор па уште еден ред плочки), башка распукани ѕидови еден тон, башка се раскрцка таркетот на еден дел од станот, а сме ептен кратко вселени. Ништо од тоа што го ветуваа не го исполнија. Зградата на влез има некои мазни плочки (божемски нарачани биле некои други треба да стигнат), се потепаа луѓе зимава, пошто нема стреа на влез, нема скали, има само една блага угорница, што е доволна матер да си е**ш во зима. Каснеа со рокови, па ајде божем може да се вселите ама само ако им дадеш полномошно да они во твое име менуваат за сметките и да потпишуваат главни договори едно друго. Со имотните листови, им мереле различни фирми геодетски, па имало нешто разлика во некои станови и гаражи (што е океј). Арно ама што не е океј од катастар им ги вратиле документиве да си исправат тоа шо е грешно, а овие од Саник три пати им ги праќале некорегирани, и така се во круг (немаме сеуште имотни листови). Јас не би ги препорачала на никој да бидам искрена. Земавме ние од нив пошто кога купувавме ама баш ништо не пишуваше за нив, а после тоа почнаа луѓе да се јавуваат со проблеми од кај нив.
Како се движат цените моментално хром-влае?за нов прашам.некој добар инвеститор моментално има за квалитет прашувам?само да не фабрика карпош.препорака совет идеа?искуства?споделете ве молам!
Zdravo Kolku se dvizat cenite za prodazba vo centar pomali do 45-50m2 Vidov adsdp gradi kaj stara voena pekara mislenje za to mesto? isto i limak (diamond) gradi koja cena gi prodava?
Од Лимак се жалеа доста така да препорака за нив подобро не. Види гранд сега што се градат спроти холи де ин 2000€м2 знам дека им е во градба.
Sega gi prasav grand skopje najmal stan 62m2 cena 2600e od m2 + po zelba parking 16000e istoto go prasav i limak tie imat 48-46 m2 cena od 2900e do 3400e zavisi od koja strana (prashav jugozapaden mi rece tie se poskapi ) + po zelba parking 14000e
На југ стално се поскапи становите. Единствено да прашаш кај железничка маџир маало тука еден куп се градат распрашај се.
@E777 незнам дали читаше пред неколку недели кога експертите кажаа дека и покрај поефтинувањто на градежните материјали,цените на становите нема да паднат,моментално се во стагнација а дека во иднина можно е и пораст дури на цените.така да за падот на цените на становите никој нека не очекува него кој мисли да купува сега нека купува.натака бетер ќе биде.ова што прочитав споделувам.
Дали знаете каде има станови 35-45 квадрати некаде во аеродром по можност да не е повеќе од 1500-1600 по квадрат... може и во градба да е моментално
Vidi javi se vo Office Kom dali im ostanal uste nekoj stan vo Star Aerodrom, zgradata e vo gradba, faza zatvorena karabina. Ne znam koga e rokot na zavrsuvanje na objektot, no ziveam sproti i mozam da ti kazam deka mnogu brzo ja krenaa i rabotat turbo. Veruvam deka za 1 godina ke bide zavrsena so ova tempo ako prodolzat. Vo pogled na kvalitet ne bi znaela da ti kazam, prasaj si nekoj sto zivee vo zgradite izgradeni od niv, tuka vo maalovo ovoj im e 4ti objekt kolku sto znam.