1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. Elinik

    Elinik Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  2. Elinik

    Elinik Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Јас уплатив стан во зградата на Офис ком која се гради во Аеродром , рокот за завршување на зградата им е крај на оваа година, а по договор март 2025.Незнам дали има уште слободни станови затоа прашајте во Офис ком
     
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    7.034
    Имам јас искуство од Офиц Ком, во зградата на Елисие Поповски Центар/Водно. Лошо...
    Изолација топлинска лоша, среќа на парно е зградата. Звучна никаква, катастрофа... На комшијата телевизорот исто како во нашиот стан да се слуша. Не пак да се скара некој, или со куче. Преку незнам колку стана ќе разбереш за што се караат. Долу на приземје на сите станови после година дена влага скроз им се направи насекаде, не беше добро изработено за од олуци водата каде да паѓа, а имаа ставено околу зграда како украсни камења бели во вдлабнати бразди, и тука вода дополнително се збираше. Комшијата над нас нешто си бушел дома во под полици, бормашината кај нас в стан излезе :D Дупка имав на таванот. Тоа ѕидот картонски.
    Инаку во стан ѕидовите меѓу соби со цигли ги прават, не со гипс картон како повеќето. Ама не гледам некој бенефит од тоа во смисла на звучна/топлинска изолација.
    За врати влезни и собни, прозорци, средени ходници со плочки се океј.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. E777

    E777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2021
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Ve molam komentar za vo centar kaj stara voena pekara (momentalno se gradi)
     
  5. Darknes

    Darknes Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Дали има некој купено стан во Голден Арт 4 степени
     
  6. Roksi2024

    Roksi2024 Нов член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,

    Сакам да купам стан со кеш, дали при трансакција на сметка на продавачот на станот банките бараат потекло на пари? Читам за секакви искуства, некои банки барале потекло на пари, а некои не. Ако се работи за сума од 70.000-90.000 евра дали банките би барале потекло на пари, или при плаќање подобро е да се направат повеќе помали трансакции од различни банки?

    Поздрав
     
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    7.566
    Пол:
    Женски
    Прашај во банка, зависи од банката мислам дека повеќето бараат потекло на пари, посебно ако гледаат историја на нормални плати, според некоја просечна вредност, си прават пресметка, освен ако парите не ти се поклон од имот, или си продал/а имот, ама сето тоа е заверено, а банките имаат пристап до мн работи.
    Ако не банката кај што аплицираш, тогаш НАРОДНА БАНКА НА РСМ, сигурно ќе гледа доход на пари, и историја, зошто се оди преку НБРСМ.
     
    На Roksi2024 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    44.834
    Пол:
    Женски
    Секоја банка, дури можеби и секоја филијала (не сум сигурна за ова), си има свој лимит.
    Нлб мислам е 9к евра, Прокредит 10к, Халк 10к. Некаде е од трансакција, некаде периодично (пример еднаш во месецот итн).
    Доколку парите ти се заработени тука, или наследени и слично, мислам без проблем ќе можеш да си приложиш документи и би требало да е во ред.
    Доколку не си во можност, плаќање на рати, по делови е исто така опција веројатно.
    Кои банки не бараат потекло инаку?
     
    На Bernini и Roksi2024 им се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.794
    Допаѓања:
    12.288
    Пол:
    Женски
    Сигурно ќе бараат потекло на пари. Дури и да правиш неколку помали трансакции пак ќе биде сомнително после некое време. Да видиш со адвокат, твоите родители на пример да ти ги ‘поклонат’ парите на неколку пати или нешто слично да направиш.
     
    Последна измена: 18 февруари 2024
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vox99

    vox99 Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Дали имате повеќе информации за Futura 2 објектот во Кисела Вода? Elena Luka го гради и веќе има таков сличен до него. Какво е генералното мислење за квалитетот на градба на Elena Luka?
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Имаш коментари одоздола под објавите. Види ги рецензиите на гугл доколку ги има. По коментарите читав дека се океј, за разлика од Лимак Дајмонд кога букнаа лоши коментари.
     
    На vox99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ace_kelaviot

    Ace_kelaviot Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2024
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    Сите банки бараат потекло на пари ако немаш одма финансова полиција може и да ти ги задржат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.892
    Допаѓања:
    25.980
    Абе елена лука ок гради (тоа е Жикол, иста фирма од татко и) ама таа зграда конктретно има проблем со имотен лист, има плус спрат изградено.
     
    На vox99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.892
    Допаѓања:
    25.980
    Секако дека не можеш да платиш 70.000 кеш ако не можеш да докажеш од каде ти се парите. Можеш да уплаќаш по помали суми на сметка па да уплатиш стан преку сметката на која ти се собрани
     
    На Tanjamm и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. Ace_kelaviot

    Ace_kelaviot Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2024
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    @Roksi2024 интересно си успеал на црно да направиш 90000 евра а за банките ништо не ти е јасно?провидлив мамец ни правиш тука:):cash::cash:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bianca008

    bianca008 Нов член

    Се зачлени на:
    15 декември 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не ја разбравте девојката. Јас како што сфатив парите веќе и се на трансакциска сметка/во банка. Под "кеш" подразбира дека ќе го купува станот со готовина, не со станбен кредит, а таа готовина веројатно ја чува веќе во банката, не под перница. Како вие дојдовте до заклучок дека станува збор за пари заработени на црно е друго прашање. Веројатно прашува дали може да се направи трансакција со толкава голема сума кон продавачот на станот без да ти бара банката потекло на парите (пари кои што веќе си ги имал на сметка ли, на книшка ли небитно во таа банка ило друга). Ако е таков случајот, одговорот е ДА, може. Во таков случај банката не бара потекло на пари, зборувам од искуство, не на памет.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.844
    Допаѓања:
    12.397
    Банките си бараат потекло на пари во сите случаеви. Ако штедиш, редовно ти даваат листа да ажурираш податоци, колкави примања имаш, дали си хонорарец, вработен, на која позиција, во која фирма. Дали си носител на јавна функција ти или твоите. Долу на листата си пишува дека за давање лажни податоци, ти следи кривична пријава.

    Има случаеви кога гастарбајтери им носат голема сума пари во банка, и таму не ги земаат парите дури не докажеш од каде ти се. Договор за работа, доказ каде си ги сменил парите од евра во денари итн. И во таков случај, мој близок го најдоа веднаш од УЈП да си плати данок. Си работи во странство, донел пари, ајде средил да ги стави на сметка и оппп, ти стига од УЈП да си платиш персоналец 10%, односно тоа беше сума од илјадници евра само данок.

    И џабе ќе ги носиш парите во 10 банки, пак ти треба потекло на тие пари, дали се легални, дали е платено данок.
     
    На Ace_kelaviot му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ace_kelaviot

    Ace_kelaviot Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2024
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    @bianca008 ,потполно се сложувам но прво профилот беше машки па го преправи во женска нема врска темата е во купување стан:)
     
  19. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    249
    Ако е се ова горе напишаното за потеклото на имот е точно, политичарите и функционерите не би имале ниту еден стан т.е. недвижнина. Не е работа на Банката да бара потекло на имот, тоа го право УЈП или Финансова Полиција.
     
  20. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    834
    Цена 1600 е/м2, цена на паркинг од 7000-9000 евра. Друга информација немам за објектов, пошто висока ми е цената, ама генерално имам познати што имаат стан во на Елена Лука зградите и задоволни се.
     
    На vox99 му/ѝ се допаѓа ова.