1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Нека не е исто,ама и не може цени од рукав да се тресат со по минимум 1500 евра разлика.
    Во сите држави,цените на недвижнини се прават врз основ на просечна плата и верувам уште многу закони.
    Кај нас нема закон за ништо
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.651
    Допаѓања:
    177.047
    Вистинската цена на становите е онаа која купувачот е спремен да ја плати а на продавачот му одговара.
    Дали е етички, македонските ,,газди,, да прават профит миљарди а албанските се ок со помал профит е друго прашање. Дали ако македонец купува во Чаир ќе плати поскапо отколку албанец е исто друго. Ама кај е корупцијата не гледам.

    Во меѓувреме, 30% од становите во Скопје-празни. Кој и зошто гради е прашање.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.844
    Допаѓања:
    12.396
    Многу се скапи и за Битола, Струга, па и Охрид. Велес беше нешто поевтин кога гледав, ама па што ќе правиш таму кога нема избор за работа? Додуша и во Битола, Струга и Охрид нема, само што се поубави градови.
     
  4. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Становите во Скопје не се празни,се продаваат само што ќе се ископа дупка.
    Најголемите купувачи на стан во Скопје се луѓето од другите градови и албанците.
    Се извинувам,без да навредам некого.
    Вистинската цена е онаа која е по закони и стандарди,како во сите држави.
    Сакаш да кажеш дека ти одговара 2600 евра квадрат за плочка и гипс картон?
     
  5. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Навистина ги жалам тие луѓе што се приморани да продадат имот и да се преселат во Скопје за егзистенција.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.651
    Допаѓања:
    177.047
    Сакам да кажам, статистика и пазар3 велат има празни станови.
    Друго сакам да кажам, нигде не постои закон за цена на стан. Никаков личен став, прости факти.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Новоградба нема слободно,како алва се трошат.
    Впрочем и тие ја кренаа продажната цена и на стари недвижнини во очајни состојби.
    Закон….повеќе прилега стандарди,
    во светот цените се формираат по стандарди, еве нека се именувани и како закони
     
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Каде има станови со цени по стандарди на тоа општество? Ќе одам ќе се преселам таму, само да не сум овде.
    Нема, можда некоја идеологија на комунизмот.

    Еве види ги цените на становите во комшилук, на балкан, и еу и не еу. Информативно ги гледав, си викам колку рипнаа цениве во Скопје, ќе ја стигнеме Љубљана. Не било така. Ако си го продадам станов во Скопје, во периферија надвор од Љубљана можам да купам пола ѕид од старо вц со скршени плочки, е толку ми вреди станот во Скопје. А мојата плата би била нешто не значително повисока таму. Значи со мојот стандард на живеачка општеството таму ми вика ти не си за во Љубљана.
     
    На Srcka28 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Споредбава Скопје и Љубљана….Нашите цени се на пат да ги стигнав во комшии,а нашиот стандард жално е да се споредува со нивниот.
    Знаеш како? Последниве години 95% од нашето население вели дека подобро ќе купи имот во Грција, барем на море е, отколку во Скопје.
    Ради ова и целокупната инфлација, многу скопјани се иселија.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.844
    Допаѓања:
    12.396
    Скоро читав колку чинат становите во Подгорица. Цената за квадрат е помала од таа во Скопје. Прво не знам што толку многу нуди Скопје кога е презагадено, ќе платиш 2.000 евра за квадрат, ќе должиш додека си жив, тоест ќе отплаќаш и за која плата ќе работиш? Се шокирав дека на млада колешка во една звучна наша фирма во Скопје и дале почетна плата од 22.000 денари, а таа има искуство и тоа во две сфери од тој сектор. После ќе покачеле на 25.000 денари. Становите во Струга оган и пламен. И што ќе правиш во Струга? Па тоа езеро не се јаде, треба да живееш од нешто ако таму се преселиш, а градот, ај што е мал, туку е и доминантно албански, работа не можеш ни да најдеш. Ништо поарни не се ни Охрид и Битола. Па и за Куманово, цените отидоа во плафон, 1.000 евра ако сакаш поасална и нова зграда, а ако сакаш во некоја канта што се распаѓа ќе најдеш евтино. Ако си на периферија, секој ден автобус ќе треба да плаќаш до центар, така што врти сучи, никакви плати, а прескапи станови.
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Излезе од контекст. Прашањето беше кој ги формира цените по стандард. Таман си е споредбата ако ја разбра, и во Љубљана не можат сите стан да си дозволат, па не викаат мал ни е стандардот намалете ни ги цените да си купиме таму станови.
    Никогаш нема да ги стигнеме комшиските цени и тие растат. Тие што земале имоти во Грција сигурно не се средна или сиромашна класа. А дека изразиле желба за на море, и јас би, ама не е баш толку едноставно да се отселиш.
     
  12. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Fun fact: Тирана, Приштина и Ниш се поскапи од Скопје
     
  13. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски
    Контекстот е тој, не знам како ме сфати ти.
    Подобро ќе дишам чист воздух, отколку јаглерод за истата цена.
    Љубљана никогаш нема да го побара тоа, зошто државата се грижи за граѓаните и не дозволува градежни мафии и поединци да прават што сакаат, за тоа и се таму кај што се.
    Не можам да те сфатам зошто ги оправдуваш цените 2600евра по м2 во Скопје,истресени цени од ракав.
     
  14. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Секако дека е боље Љубљана од Скопје, ама имаш ли 300000 евра за стан од 60м2 во љубљана?
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.191
    Допаѓања:
    11.839
    Пол:
    Машки
    Точно е тоа дека веднаш се “продаваат” станови во новоградби, но факт е дека добар дел од становите остануваат ПРАЗНИ - никој не живее во нив. Исто така, факт е дека најголем дел од тие празни станови се купени од нарко дилери и сл. со нечесно заработени пари, со шо се создава лажна слика дека има огромна побарувачка на станови и потреба нон-стоп да се гради.
     
    На eliesaab, GirlVolley, Skyler и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Не знам можда не те сфатив, мислев викаш стандардот да ги диктирал цените, тоа го нема во свет. Проблемот е државата, а не цената на недвижноста. Имаат побарувачка, какви такви ги има, како што има и во други земји, пазарот ја диктира цената. И да нема нови згради, цената на недвижноста секогаш ќе расте, поготово во поголемите градови. Само што кај нив е сосем ок да не живееш во главен град, па ни во град пошто им чини државата и не им смета ако 80м2 е 800.000 еур. И јас сакам чист воздух, не сакам да живеам во град, ама нема пат, па немало канализација, немало вода, немало струја, нема интернет, па после тоа нема ни школо, па нема ни јавен превоз и на крај се сведува да морам да си дојдам во град. Паметните отидоа си створија надвор, јас за жал створив тука и сега ми е тешко да заминам.

    Од друга страна мојот впечаток не е баш дека се празни становите. Преполн е градов. Официјалната статистика не ни е точна пошто 90% становите што се рентаат не се пријавени како такви и ни дава лажна слика.
     
  17. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Нема лажна слика, има побарувачка на станови. Еве баш минативе недели пријатели бараат да купат поголем стан, (само одредена населба додуша) не можат да најдат тоа што бараат ни во градба тие што се. И староградбите се реткост некој да начекаш да продава баш кога тебе ти треба. Јас не знам кога стигнуваат да ги изнакупат и големиве станови, мислев само мали квадратури одма се продаваат. Ама не било така.
    Друго, сега младиве штом се запослат и стекнат право да подигнат кредит, веднаш фитиљ фаќаат од кај родителите. Дури и за учество земаат потрошувачки кредит, што значи не мораат да имаат поголема заштеда на страна, за да можат воопшто да размислуваат на тема сопствен стан.
    И трето, уште кога почнаа Короната, карантините, седење дома, економијата капут, се знаеше дека ќе следи инфлација и парите ќе губат вредност. Затоа секој што имаше париче на страна, а немаше во што да ги инвестира, си купи стан. Најсигурна инвестиција, никогаш не губи вредност. А пари под перница кој чувал, сега е само во загуба. Па сега ти види.
     
  18. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Јас не. Имаат жителите што се родени таму.
    Ти имаш 156 000 за 60м2 стан и
    15 000 евра за паркинг место во Скопје?
     
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.191
    Допаѓања:
    11.839
    Пол:
    Машки
    Лани имаше статистика дека една третина од НОВИТЕ станови, значи новоизградените, а не вкупно од сите станови, се празни. Значи, повторно ќе напоменам тоа празни не значи дека сите тие се продаваат, туку и купени, но никој не живее во нив. Само јас знам за дузина иселеници во странство шо тука купија станови, а дали еднаш имаат дојдено тука, воедно пак ќе ги споменам инвестициите во недвижности од страна на нарко групи и сл инволвирани во нелегални бизниси.

    Тоа шо тие не можат да најдат стан е баш одлика на лажната слика. Нема, се е продадено, а има побарувачка. Имено, побарувачка има и ќе има, но не во тој степен колку шо се гради.
     
  20. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    На овој начин нашиот народ се брка од сопствената држава.
    Затоа што државата дозволува градежните мафии да прават што сакаат и со цена и со квалитет.
    Становите се купени и празни,крајно, се издаваат под кирија по ненормални цени.