Имај во предвид дека добар дел од тие празни станови според статистиката, ако се на атрактивна локација, не се празни. Издадени се, ама не се пријавени за да се избегне плаќање данок. Штом иселеници купуваат тука станови, и тие се рачунаат како дел од побарувачката, никој не го интересира колку време во годината ќе седи некој во тој стан, битен е интересот за купување. Дури има интерес, ќе се гради. Иначе, која е логиката на инвеститорот да гради станови кои нема да ги продаде. Скопје е пренакрцан со народ, секоја година се' поголема гужва по улици и булевари, по кафани, сегде е ц' цкајца. Студентарија, преселени од други градови, туристи, нема што нема. Значи тој народ мора негде и да живее/престојува. И покрај тоа што многу се отселија, Скопјево уште расте.
Основачот на ДООЕЛ (Друштво со ограничена одговорност на едно лице) никогаш не одгавара со личен имот, возможно е само управителот да одговара за надомест на штета доколку друштвото не било ликвидно а превземал обврски со цел да наштети на доверителите (меѓу кои и државата, во смисла на долг по основ на придонеси) но, ако управителот е паметен навремено ќе поднесе предлог за отварање на стечај врз друштвото, и ако нема имот друштвото стечајната постапка се отвара и затвара, и за жал доверителите (меѓу кои и државата) остануваат неподмирени, основачот е во секој случај ослободен, а управителот под претпоставка, но во пракса судиите не прифаќаат барања за надомест на штета против управителите. Но ако ДООЕЛ има недвижен имот, одма истиот се продава, затоа најмудро е ДООЕЛ да не купува имот туку основачот кој патем ќе му го издава на своето ДООЕЛ, само во контекст на постов ќе кажам (да не испадне дека се фалам) доста должници сум спасил на овој начин со отварање и затварање на стечај, и тоа се' согласно закон, и многу други колеги го користат овој начин, ова не е лажен стечај, туку начин на заштита на капиталот, 90% од фирмите работат со одложено плаќање, чекаат да им платат за да платат...
А може ли недвижен имот во сопственост на Дооел да му се продаде на основачот, или на друго физичко лице по цена што ќе ја определи самото Дооел? Има ли некои "цаки" кога иде од правно на физичко лице ?
А ако е ад и доо не може да му го земат имотот на друштвото? Во кој случај е ок правно лице да купи имот? Теоријата твоја е логична ако оснивачот ги има парите.
Здраво дали некој има искуство со Урбан Билдинг ДООЕЛ? Не можам на интернет ништо да најдам за нив, освен на пазар3 огласи од јули за градба во Нерези и Хром од 2018 година. Ви благодарам многу.
Ne e tocno deka stanovite se kupuvaat najmnogu od lugjeto od drugite gradovi. Narodot e osiromasen, von Skopje, ne znam dali znaete kako zivee narod, krpi kraj so kraj, od kade pari za nov stan po super nabildani ceni? Drugo, muabetot prodavanje imot ili popularno kazano: gi prodadoa nivite vo selo za da kupat stan... ama ic ne drzi voda. Ako odime po taa logika, site deka kupuvaat stan Sk, eve primer ja od Prilep sum. Koj kje go kupi mojot stan vo Prilep? Nema koj, site sakaat Sk. A pa so nivite po selata, toa pa zdrav razum nema toe razmisluvanje. Nema lugje tamu a ne kamoli pak nekoj da prodava niva, pa tret da ja kupi od istoto selo. Ima golem broj na plodni nivi i zemjodelsko zemjiste koj nikoj ne go raboti, lugjeto se isseleni od MK. Kupuvaat stanovi, tie so sakaat da isperat pari. i tie so imaat pari i mislat deka kje gi izdavaat. p.s avtorot e od selo, so kupen stan vo Skopje 2017, bez niedna prodadena niva ili drug imot.
Како не е точно еве ќе кажам конкретно за луѓето во мојата зграда дали 10 фамилии се од Скопје другото е се од страна од други градови рачунај од 200 стана 190 се од страна а каде се другите згради во околината? Дете не можам да запишав во градинка зошто тој џандар бил во пробиштип се префрлил тука и изиграва мангуп, а не е ни на таа адреса. Зошто толку многу се чека по градинките во Скопје за упис? Дека нема луѓе од страна? Еве ќе ти кажам детето мое со од кои градови е во занимална Пробиштип,Прилеп,Велес,Охрид,Кочани,Тетово,Гостивар и ќе ми кажеш дека нема од страна толку? Скопјаните се иселија веќе надвор од државата затоа таа на шалтер во банка не можеш да ја разбереш што ти збори зошто дошла од Струмица и си цепа на дијалект па ти ако разбереш разбереш. Нема ли во другите градови банки за да се вработи? Макар и обичен дуќан да е? Има ама сите сакаат во Скопје.
Не знам како дошле до имот во Скопје. Знам дека на секоја 20та купопродажба е по еден скопјанец купец. Јас ги гледам документите со тоа работам. И без друго, ги гледаме луѓето низ градот,не се само дома.
Какво мислење имате за овие инвеститори во Битола: - КТС Градинг Битола -Јоска Транс Трејд Демир Хисар Двата се инвеститори во иста градба, заинтересирана сум да купам стан од нив.
i jas cekam toa, mora i bi trebalo da padnat 40% se kaceni sto barem 20% bi moralo da padnat za da prodolzat nagore ama kade nagore ke odat posle ovie ceni koga skopje se smeta za najzagadeno mesto za ziveenje vo mk..
ako ne im gi kupuvame na kogo ke im gi prodavaat.. znaci so cenite pak e do nas da bevme slozni i tek kako imaa da gi spustat da molat da kupime..
Mene vo opshto ne mi se veruva da padnat veke. Eden primer ADSDP prodavashe stanovi vo gradba kaj stara voena pekara centar, bev prisuten na javnoto na davanje pocetna cena 1450e beshe stanovite do 50 m2 so cena 1900-2000 evra se prodadoja (site 70 stanovi za 1 den), ova vi kazvam pred 2 meseci
Ne ziveam vo Skopje, no so koj da razgovaram veli starata kukja ja prodadov, bavcata i nekoe kreditce pa zedov stan vo skopje za vo idnina za decata da ne ostanat ovde
Становите се продаваат. Не мора да имаш пари, доволно е да си кредитоспособен. Па 80% од становите се купуваат на кредит, нормално дека многу ретко кој има толку кеш. Доста луѓе купуваат станови заради инвестиција, затоа што не им се сигурни банките (особено после неславниот пад на Еуростандард банка). Станови се купуваат од млади луѓе кои сакаат да живеат одвоено, иако дома имаат супер услови за тоа. Се наметнуваа тој индивидуализам (ако можам така да го наречам), т.е. зошто да трпам било кого дома, кога можам да си живеам сам, ќе си легнам/станам/јадам кога сакам, ќе си носам дома кого сакам и сл. Сега имате по 25-годишни деца кои земаат по 1000+ евра плата. Се купуваат од браќата (тие 20% од погоре) кои фала богу имаат средства, и нормално нелегално заработени. Се купуваат за да се препродаваат по повисоки цени или да се издаваат. Сите бизниси, фирми, намерно отвараат во центар (најтазе пример Дајмонд, од милиони локации низ Скопје, отвори мол + хотел + станбена зграда баш во центарот на Скопје) - нормално луѓето гравитираат каде што е интересното. И да, луѓе од други градови доаѓаат во Скопје за тука да живеат и работат. Јас сум дојден така, само пред доста долг период.
Се согласувам за сè, освен за делот ,,25 годишни деца", луѓе со 25 години живот, не се деца ниту тинејџери туку младо работоспособно население, односно млади мажи и жени, и добро е што доаѓа тоа време кога сфаќаат дека 25 години се одлични години за осамостојување и создавање на семејство. Новите генерации се движат во правилен правец, ние кои сме од генерација 1980 до 1995 година сме оние кои се уште мислиме дека друг треба да не' издржува, и да џаболебариме по цел ден и само кафичи и кафани да тераме, итн., не сме ние криви ние сме жртви на транзицијата, растени и воспитани за живеење во едно општествено уредување кое реално од 2000 година веќе не постои, со други зборови транзицијата нè направи да сме фалинки во некои погледи, среќа започнуваме да сфаќаме во кое време живееме и да го фаќаме колку толку бранот на новото време, нејсе, и јас викам за 25 годишни луѓе дека се деца али не се, тие се многу, многу поинтелегентни од нас и може многу да се научи од нив особено за новите технолигии, многу побрзо ги совладуваат