1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. pesci

    pesci Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Некој ако може да ми каже искуство за становите џевахир...
     
  2. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Мулти офис некој да каже искуство?
     
  3. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Хром без размислување
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Без конуренција се ЗФС. Страшно добар квалитет и распоред.
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Каде гледаш во Ѓорче или во Геге?
    Или гради и на друго место?
     
  6. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Ѓорче, до Вардар.
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Познавам неколкумина што купија стан во таа зграда сега што се гради.
    Мислам дека доцни малце со изведбата. Ако не се лажам требаше во Март, или сега во Мај да се готови. Не е страшно тоа.
    Убаво распрашај се за таму. Квалитет на градба, отпорност на вода. Се што ти текне прашувај. И симнувај му цена.
    Порано таму беше нива и вода. Мислам дека првите згради имаат проблем со вода во подрумите.
    Никако пари на рака. Зошто од рекла-казала муабети сум чула дека на некои така им бара.
     
    На nedelce и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Ама што да се распрашам, тој сигурно се најубаво ќе ми каже, а јас не се разбирам од тоа. Дека имам учество, а згрдата е во градба, многу ми е страв, ќе си пукнам од грижи. Пари на рака никако, ок.
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Чим веќе имаш учество, значи имаш и договор.
    Сигурно договорот е во согласност со работите што сте се договорале усно.
    Заштитена си со тој договор.
    Зашто грижи?
    Секој инвеститор било каде, има поднесено план во општина. На крајот пред да ја пуштат зградата, се прави технички прием од општината, доколку нешто не му одговара според приложеното, зградата нема да може да се всели доколку не ги исполни сите обврски.
    Во денешно време, купувачите се доволно заштитени во однос на измами.
    Немаш потреба од многу грижи. Само да чекаш да се вселиш.
     
    На nedelce и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    земавме ние во дабар, позади тобако 2, убав е распоредот, неможам да ечам дека е лошо, ама соба у соба е ипс со нз каква изолација друа ама се слуша, надворешна има супер изолација, прозори сум видела и подобри, колку што се разбирам, од стан у стан не се слуша и немаат многу квалитетна санитарија во бања, плочките у кујна не се мој вкус, и спланите соби им се мали, ама гледам скоро секаде се по толлку од 9 до 12 м2. зградата во глобала е добра, ама сега се што е ново изгледа добро а за натаму нз ќе видиме, и уште нешто нз како градат другите ама голема маана што немаа ролетни. адора немаат ништо слободно, а во дабар мислам дека има уште нешто, освен ако не се продадени па стојат не вселени, голден арт каснат со изградба иначе таму ќе земев (од блиски извори ми казаа ако рекле март вика во септември ќче биде, а тоа е мноу чекање и кирија и кредит)
     
    На cresa-jagoda, irenna и didisi им се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Буквално човек да не знае што да направи.
    Од една страна предност е на купување стан во фаза на градба ем ради цената, ем ради можноста веднаш да корегираш нешто, но од друга страна е голем ризик.
    Скоро секоја градба доцни од предвиденото, не се дава пари на секој...

    Колку е квадрат кај Тобако преку Дабар? @bella24
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.466
    Вселени сме таму повеќе од 7 месеци. Јас сум презадоволна.
     
    На cresa-jagoda и pesci им се допаѓа ова.
  13. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    1030 а др комшии во градба земале за 1050, а на 3ти комшии па 1070. Дали дека последен стан беше овој со 60м2 па вака го пуштија ама нз. Најдобро да со прашаш. Ааа да, и даваат со 15% учество преку комерцијална
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pesci

    pesci Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Феминки, ми треба ваша помош.
    Јас живеам во странство и сакам да купам стан во Македонија. Е сега, ќе може ли да земам кредит за станот шо планирам да го купам и тој истиот да биде под хипотека? Има ли некој земено кредит за стан или куќа а да не живее-работи во Македонија?
    Јас сакам да го купам станот и да го издавам и од таму парите да одат дирекнто за рата во банка..
     
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    @sanjaa ај сподели поубаво за искуството во Џевахир.

    На пример какво греење има, што СЕ вклучува заедничкото одржување, паркинг простор, има ли слободни станови и каде...
     
    На pesci му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mkd82

    mkd82 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Одржување во Џевахир е 42ден од м2. Во него спаѓа собирање ѓубре од ходници, чистење нормално ходници, лифтови и еднаш на незнам колку беше време чистење на прозорци од надвор,тоа е тоа цената им е претерано висока,во Македонија нема никаде толку висока цена за одржување,во неа не спаѓа ни греење ни ладење ни ништо,тоа е се плус колку ке потрошиш толку ке платиш.за еден стан од 64м2 треба САМО за одржување месечно да се плаќа 2700ден плус сметки. Јас гледав таму и тоа ме премисли одма.добро што не купив,зедов стан на далеку подобра локација.
     
    На najjacha, mira.mira, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Ellyy

    Ellyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    Da ve prasam dali nekoj znaete sto zemal stan bez krediti od banka no so ucestvo i mesecna otplata vo dogovor so investitor? Me interesira dali ima moznost za takvo nesto?
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.466
    Одржувањето оваа година е 0,65е од м2. Во него спаѓа тоа што е наведено погоре но и обезбедување и рецепција 24/7. Еве ти мое искуство шо тешко дека на друго место некој го доживеал: Поштарот ми носи пратки ми ги остава на рецепција, јас се враќам од работа, се паркирам доле у гаража и одам на рецепција да си ја земам поштата. Се отвора лифтот, ме пречекува дечкото од рецепција и ми ја дава пратката. Си продужувам нагоре. :)
    Друг ден, некој ми го фатил паркинг местото (шо се обележани по бр на стан) пријавувам кај него, го бара, го наоѓа и ми се јавува да си се препаркирам. :)

    Паркинг има под зградите доле две нивоа но си го плаќаш местото.
    Греењето/ладењето и топлата вода е на HVAC систем, единствен во МК. За стан од 68м2 јас најмногу платив 1500 ден. зимоска. Значи немаш гајле да инсталираш ниту клима за ладење ниту за греење ниту пак бојлери за греење вода. Голем +. Да не навлагам и во пп системи со прскалки, аларми, специјални соби за фрлање ѓубре на секој спрат итн.

    Според мене тоа што во цената за м2 го добиваш тука е многу повеќе од тоа што ќе го добиеш од било кој др инвеститор. (Мојот стан беше со целосно опремена кујна, тоалет и плакар во ходник). Повели доколку имаш други прашања.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Ме плаши дали еден ден ќе може да си го продадам, да не останам со станот во рака, а сакаш да смениш од х причини, со оглед дека сеуште има непродадени во кула А.
    Како иде математиката за паркинг место, од стан или од кола, и дали ако се плати во кеш се добива попуст од цената вкупна?
    На кој спрат си ти и од кој спрат веќе можам да очекувам убав поглед над градот? До 10ти спрат или над 10ти треба да се бара? (немораш точно бројка заради анонимноста, би ми завршила работа ако кажеш во однос на 10ти спрат +/-, за фин поглед).
    Некаде читав и дека чистењето прозори спаѓа во тие заеднички пари месечно што се плаќаат, како и базенов кој е актуелен...
    Ако не ти е мака инфо уште за овие работи...


    Фала ти многу.
     
  20. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.466

    Јас сум над 10ти. Погледот е супер :) Не би знаела да ти кажам за подоле, ама над 7-8ми мислам дека е доволно високо за да имаш добар поглед.
    Инаку мислам дека прво треба да решиш каков стан сакаш, имаш различни типови кои гледаат на различни страни на градот.
    Јас колку што сум информирана во кула А веќе не продаваат, само во Б. Не знам уште колку имаат останато, али гледам дека се при крај со подготовките, некои и веќе се вселуваат и би требало да ја пуштат наскоро.
    Паркинг местото го кажуваат дека е 5000е, но даваат попуст (колку, мислам зависи од станот што го купуваш :) ),
    Да, чистењето прозори (од надвор секако) спаѓа во цената за одржување.
    За базенот (во иднина и фитнес центар ќе има), ќе се плаќа плус, уште не се знае колку ама најавено е дека за станари ќе биде поволно.
     
    На Стан и cresa-jagoda им се допаѓа ова.