@Corrector @мацааа123 ако може линк од Вибер групата за Порта Резиденс 1? Или било кој друг ако има...
Здраво, знам дека е прашувано ама ај понови искуства со Corner Residence до ФОН зградите како е дали некој знае, се збореше дека имало смрдеа од вардар и сл?
Немам лично искуство но често движам во тој дел и околината е буквално хаос. Има премногу прашина од околните градилишта,рачунај до Космос ќе се градат уште 3 нови згради и сите камиони ќе минуваат поред Корнер Резиденс,исто така на местото на Новомак ќе се гради Корнер Резиденс 4 та зграда така што сите станови што гледаат кон тој дел ќе имаат ново градилиште неколку години. Најнизок дел од градот е па зимно време маглата најдолго опстојува во овој дел на градот кој пред се е индустриски со многу бучава бидејќи по булевар минуваат претежно камиони. Можно е да има и смрдеа од Вардар тука во близина чинам има и фекални колектори,плус во близина е напуштениот објект на домот Ранка Милановиќ каде често се спалува отпад.
Za Aleksandrija slusnav deka e kontaminirano podracje, tuka na vremeto imalo fabrika za olovo i cink.. Ova mi e preneseno mislenje jas licno neznam... Neznam dali moze da steti toa nesto, ama ne e seedno da go slusnes.. Ako imate nekoe info za toa javete
Прв пат слушам за ова. Александрија е градена баш убаво само што нема станови како што бараме ние затоа ја скокам. Инаку по логика не знам каква е таа фабрика за олово и цинк, постојат рудници и топилници за олово и цинк и тоа се надвор од населени места. Не знам каква би била таа фабрика ама сигурно не топеле олово. Тука нели е нивната фабрика, па сега ја дислоцираат и целиот тој дел ќе го градат? Јас така знам.
Здраво на сите! Ме интересира дали некој знае колку е цената за м² на станови во Штип? Ме интересира за нова градба, и за во изградба? Барав на интернет меѓутоа не можев да најдам. Ќе се распитувам конкретно, но сега сакам да знам така "од прилика".
Може нема да ти се верува ама 1000-1200 евра е м2.. Се пореметија со цените во Штип, јас останав без коментар кога ми кажаа баш пред 2 недели.. Јак студентски град стана
Здраво дечки, дали некој има искуство со купување стан со станбен кредит преку НЛБ банка? Купив стан преку НЛБ пред околу година дена и сега имам потреба од издавање согласност од банката за приложување во процесот со имотни листови. Сите банки ја изготвиле, а така и била праксата за макс 7 работни дена, а јас и уште неколку кои сме преку НЛБ веќе 30+ работни денови немаме добиено сеуште. Се јавив пред некој ден во НЛБ ама само ми кажаа ќе ве контактираме и цела недела ништо... Некој со слично искуство и некаков совет како да се постапи понатаму?
За жал не е случајов само со Штип, туку во сите поголеми градови во Македонија тешко да се најде нов стан под 1000 еур за м², и тоа во градба, темели уште не поставени. Единствено во некои помали градчиња како Виница и Кочани кои не се толку атрактивни одат под оваа цена. А за завршен со клуч на рака и таму тешко. Во Битола до лани можеше нов да се купи на Партизанска по 900м², сега и по 1200 е прашање дали може да се најде од помалите. Во Маџари се толку.
Во маџари 1150-1350 по новото ценење на становите Зборам за населбата маџари, не она карши Фон што го викаат маџари ама не е Лудница е
Точно така , малку се распрашав кај пријатели од Штип, таа е цената 1000-1200. Сега се гради нова зграда Луна Хоме, 1100 евра м², во изградба. Сигурно цената ќе биде поголема кога ќе се заврши. Што е многу-многу е!
Dali ima nekoj info koi se investitori na niskite zgradi pozadi Osnovnoto Uciliste ,,Aleksandar Makedonski'' vo Novo Lisice? Mi treba kontakt za eventualno neprodaden stan
Здраво, сакам да прашам законски кој го плаќа данокот на промет - дали тој што купува или тој што продава? И колку се нотарските и адвокатските трошоци за преддоговор ?
Ве молам кажете ми искуства со стан на приземје.Поточно ме интерсира дали е навистина ладно и дека не можеш да се стоплиш зимно време.Читав искуства дека не е добар од бездебносни причини сето тоа,ама ова најмногу ме интерсира дали е до толку ладно на приземје?