Од агенција мислиш шифра? Тоа им е нив уствари у систем како го обележале станот/куќата, за кога ќе се распрашуваш само им ја кажеш шифрата на недвижноста и да знаат што да ти кажат.
Членки сакаме да купиме стан од фирма глобал инпакт(global inpact). Сеуште не е изграден спроти фон кај вардар се наоѓаат. Дали имате искуства со таа фирма?
Ние земавме стан од нив во зградата после СитиМол, пред 3 години. Досега се е океј, не сме имале некакви проблеми со станот. Сами си избравме подови и плочки. Звучна изолација меѓу становите е добра, колку што може да се очекува од новите згради.
Преку агент го купивте? Јас се слушнав со агент и побара повеќе пари за агенциска провизија па како оди купувањето ако може да ми кажете првпат купувам
Најдобро директно од фирмата да си купите, агентите знам дека земаат околу 1000€ од продажба на стан од вкупната цена, па зошто да им ги давате парите џабе. Ние на фејсбук ги видовме рекламитр, искомунициравме, состаноци се тоа директно си беше со инвеститор. Мислам полесно е да си купиш директно од фирмата, за после ако си имаш желби за материјали по твој избор, да им кажуваш што сакаш, а ако го купиш преку агент тој нема да се замара со вас, си завршил работа со продажбата и толку.
За каков пренос мислиш? Немам искуство со купување преку агент искрено. Директно од фирма го купивме додека беше во градба, и после целата постапка за данок и имотни листови ја водеа вработените, нас само не викнаа за потпишување и плаќање и лесно поминавме. Од агенти и агенции обично се купуваат стари станови, па да појдеш со агентот да ти го покаже, да ти објасни информации, за станови во градба мислам дека скоро сите од фирма си купуваат.
1. Ако купуваш стан од инвеститор т.е од прва рака, тој го плаќа данокот. За ова сум сигурна оти така беше кај мене, така ми пишеше во преддоговорот и така ми кажаа сите што купиле стан во градба/нов стан. Иако, кога се распрашував да купам стан од Капитол, исто во градба значи прва рака, во пресметката ми рекоа 5 проценти данок. Тоа е исклучок и повеќето фирми си плаќаат данок. Ама за поминати над 5 години иако од прва рака, ти плаќаш. За ова ми спомна некој ама не ме интересираше многу и може ќе потврди некој друг. 2. Нотарски трошоци за преддоговор околу 2500, адвокатски трошоци за преддоговор 5500, така нешто платив јас пред речиси година дена. Подоцна, значи за главниот договор што се случува откако ќе ти одобрат кредит, пак имаш околу 15 до 18 000 трошоци за нотар. Зависи во која банка ќе аплицираш за кредит, во комерцијална има трошоци за проценка - околу 6 000, исто така и интеркаларна камата што е најниска на 15ти во комерцијална, а износот зависи од тоа на која дата од месецот ќе го користиш кредитот т.е ќе ги префрлат средствата на инвеститорот. Исто и за некоја меница платив 500 мислам. Тоа е што ми текна во моментот. Не се секирај, полека чекор по чекор, во банка ќе ти објаснат се. Макар и ливче земи си и запишувај си. Друго што би те советувала е да се консултираш со адвокат пред да го потпишеш преддоговорот и договорот обавезно, пушти ги тие пари за консултација сега за да не ти излезе подоцна некоја финта/трошок скриени во адвокатски речник. Член по член седнете и нека ти објасни. Исто и да си направиш муабет со повеќе банки, јас сум задоволна и од нлб и од комерцијална. Со среќа.
Што мислите за зградите спроти с.ц Јане Сандански на кеј, од Саник? Не прашувам за квалитетот, туку за околината, нема прооден пат моментално, па дали има некоја новост околу тоа? Сепак таму треба да поминува булевар. Мислење, искуство? Има ли некој веќе купено таму?
Треба еден крак од мостот да води кон комплексот кога ќе биде не се знае заглавено е до експропријација и веројатно ќе потрае. Околината е многу хаотична ако гледаш поред кеј донекаде е ок ама северниот дел ќе биде уште долги години градилиште и несреден бидејќи сигурно ќе се градат уште згради на местото на сите тие стари погони. Конкретно комплексот се гради доста бавно првата зграда ја почнаа уште пред 3 години и дури сега фасадираат а другата им е во фаза карабина притоа треба да се изградат уште 2 од по 10 ката и катна гаража. Прашање е уште колку години ќе се гради и веројатно станарите ќе мора по тесни улици низ Ќерамидница да си доаѓаат до дома.
@Lea.Messi Овие згради не ги гради Елена Лука. Колку што знам овие згради не се до шумата, туку поблиску до фабриката се, подолу. Елена Лука гради горе спроти жито. Поназад имаше пишано мислење за Елена Лука, затоа те прашав. Мислеше 1200 еур за метар кв кај Елена Лука или кај овие другите? Овие Елинг Стил прв пат ги слушам, ама имам поминато блиску до зградите, вака на лик убави се, а внатре не знам.
Здраво некој да сподели искуство какви згради гради Циле инженеринг, задоволни/незадоволни, знаете некој што е задоволен/незадоволен?