1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. JustOneBoy

    JustOneBoy Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Јас го помешав со овој бастион: https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5067285 ... веројатно во вашиот случај е агенција за недвижнини,

    инаку имам број од инвеститорот пиши ми дм да ти го дадам за да ги заобиколите агенцииве


    Искрено и јас гледам периодов до кај 50к некое станче и размислував за гарсонеричкава кај последна четворка, кратко мое видување на нештата:

    Предности:
    - Најевтин стан што се нуди во тој регион и сигурно цената ќе му оди нагоре зашто секогаш најевтин изграден стан ќе се продава пребрзо

    Недостатоци:
    - Паркинг нема во околината, а 5к за паркинг место кога станот е 36к ми е многу. Ако не планирате да купите паркинг, Хром ќе ве изеде. Познавам луѓе што имаат по едно паркинг место и продаваат станови зашто нема кај да се паркира друг член на семејството.
    - Малце сум скептик за 27 квадрати, како премало да е, подобро можеби да се смени локација и да се оди на стан постар што уствари и мене ми е одлуката. Во Хром другите инвеститори ги продаваат становите по 1400 евра квадрат, знам дека секој денар вреди, НО 50 евра од квадрат(или 3% на вкупната сума) внимавајте да не ви направи разлика, а да не ви се допадне. Малце стана Хром пренатрупан, внимавајте и на тоа. Паркот им се гуши од луѓе, а друго зеленило нема.
    - Зградата има малце лоша положба дека автобуска има под неа и тоа последна. Замислете зимоска 20 минути може автобусот да си брчи под зградата во место. Како загаденост, така и бучава...


    *Искрено јас сум пребирџија и сакам да ми се погодат многу работи за стан кога гледам, но и со право, правам најголема инвестиција во животот. Колку пати се купува стан? Еднаш, два пати, три... Луѓето ми викаат дека може ќе пораснат цените, а според мене пораснаа цените претходниот месец, до нова година би требало да се истите, барем како што го пратам јас пазарот на недвижнини. На пола година одат по 50 евра нагоре по квадрат.
     
  2. mister_olimp

    mister_olimp Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Здраво дечки.
    Ме интересира мислење за Елена Лука градбата што ја гради Футура 2.
    Вака добро делува избрендирано по реклами, па ме интересира какво мислење/искуство имате за нив како фирма и локацијата (на борис трајковски булевар) .

    Мислам дека ги продаваат сега во градба становите околу 1650 еур квадрат.
     
  3. skyfly 5

    skyfly 5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    110
    За квалитет немам инфо би требало да се солидни,локацијата во моментов е хаос барем во поглед на пристап до објектот сите станови што гледаат на север ќе бидат уште неколку години изложени на прашина и бучава од градилиштата што ќе се отворат во близина,на јужната страна бучава од булеварот кој е доста прометен и повторно во иднина градилишта ако се прават зградите во Расадник.
    Во поглед на маркети моментално најблиску е Тинекс но кога ќе се изградат сите згради ќе има и други.
    Веројатно ќе се вложат повеќе во квалитет на изградбата барем така се најавува по рекламите.
     
    На mister_olimp му/ѝ се допаѓа ова.
  4. E777

    E777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2021
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Zdravo kolku se dvizat centie na stanovi vo Centar Skopje do 50 m2
    Kolku novi a kolku starite?
     
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    48.806
    Пол:
    Женски
    2200-2300 новите
     
  6. Vivian01

    Vivian01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, дали некој има купено стан во комплексот Космос наспроти Мерцедес односно позади Фон? Или дали имате некакво мислење за таа зграда?
     
  7. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Машки
    И старите знаат да идат по 2000 еур/квадрат заради локацијата.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    479
    Дали има некој купено стан во саник, риверсајт, нешто има муабет дека им е стопирана изградбата се знае нешто?
     
  9. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали знаете која е цената на заверка на пред-договор на Нотар ?
     
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    7.522
    Пол:
    Женски
    600 денари беше пред 4 год.
     
    На Lotus Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Машки
    Ако е обична заверка по 150 ден. од потпис, ако е солемнизација тогаш исто колку што би изнесувало и заверката (солемнизацијата) на главниот договор.
     
    На Lotus Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    3.147
    Пол:
    Машки
    Да ве прашам бе како ви се дава 2000 евра за квадрат не ми е јасно па у грција поевтино е на море или у хрватска у пореч. Стварно цените се лудило незнам како ви се дава толку пари
     
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    7.522
    Пол:
    Женски
    Многу е да, ама со мама и тато не се живее цел живот да ти кажам вака.
    Раатот нема цена.:D
     
    На Espadrila, elimkd, kleopatra1 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Дали некој има информација колку се движат цените за премер на стан?
     
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    7.522
    Пол:
    Женски
    Зависи која локација и населба, ама испод 1200 € тешко, знае да се случи ама ретко.
     
  16. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Ми треба за Кисела вода конкретно, ако е толку скапо реално не ми се исплати. Аве за 100 евра цела нива мереа оваа сума некако не ми е реална
     
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    7.522
    Пол:
    Женски
    Како мислиш? Ете оди и прашај види колку е м2.
     
  18. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    3.147
    Пол:
    Машки
    Aerodrom gi gledam dokaj 65-70 000 evra nemozam da najdam nisto salam kaj gi gledas po 1200 kvadrat?
     
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    7.522
    Пол:
    Женски
    Пишав некоја безврска цена, не верувам дека нешто поефтино има од тоа.
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ostoun

    ostoun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2019
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не сте се разбрале дека ти треба цена на премер.