Здраво Искуство со Трим и Лум? Градат на повеќе локации. Ме интересира квалитет и почитување на договорен рок.
Јас имам роднини што живеат во зградата нивна во Капиштец, ама тие го купија станот откако се направи зградата така да немам инфо колку се правела. Инаку тие се презадоволни, а и јас имам гледано станови во таа зграда ама тогаш скапи ми беа...
Zemi elektronsko metro i izmeri gi site dolzini vo sekoja soba. Nacrtaj skica of sobite i stavi gi dimenziite. Prati mi skica me ti presnetam vo autocad. Kakvi 1000e
Nie imame stan u nivna zgrada, praen pred 15 god i poise. Od prv den dosea niso nema mrdnato. Toplotna izolacija e top, zvucnata moze i bolje. Koa se derat komsiite i mavaat vrati se slusa. Zemjotresite 2016 koa bea malce ispuka edniot dzid ama nema gajle. Stabilnost top. I dobar raspored imaat
Едно прашање до вас што сте купувале стан во изградба ? За колку време ви беше упишан листот за предбележување во катастар ? Преддоговорот беше заверен а ова уште абер нема...Јас чекам 2 месеци и Нотарот ми вика уште не е упишан ? Па без тоа неможам да одам во банка да поднесам документи за кредит.
Искуство со Фабрика Карпош? Земав стан во Аеродром, наводно до крај на година ќе се вселиви. Почитуваат рок или се касни?
Јас земав таму стан али уште не сум вселена. Засега со изведувачите супер се разбираме, две фирми се изведувачи. Распоредот на станот ни е топ, за другото ќе видиме
Не сакам да те демотивирам, али на другар му каснеа година и половина(и нешто малку повеќе мислам), а на брат ми само пола година. Тоа се двете згради од (пред)последниот ред во Александрија што го градат. Кај брат ми што му го дадоа станот пред година уште не им се средени гаражите на -2, подрумите воопшто и втор лифт. Брат ми е вселен веќе пола година, а другарот го уредува станот. Двата немаат технички прием и имотен лист. Од друга страна можам да кажам дека становите се многу квалитетни и убави. Особено ми се допаѓа што имаат висина на плафонот 2.80 и стаклена ограда на тереса. Влезовите им се убави, а и лифтовите. Звучна изолација со соседните станови на истиот спрат е одлична, а со тие под и над тебе е океј(може ако кренат глас да ги слушнеш). Сето ова е за зградите во Александрија, за во Аеродром не сум информиран и не знам.
Другар купи таму, гарсонера, му рекоа дека можат да му го дадат клучот кога ќе му испроцесира кредитот. Бев да го видам станот. Ми изгледа како квалитетна зграда. Нешто што ме изненади на стан од околу 40-50к евра имаат ставено клима од 750 евра. Веројатно си внимаваат на квалитетот. Терасата е океј убава. Заборавив висина на плафон али океј. Околу локацијата имам поделени мислења зависи за кого се купува станот. Доколку се купува за фамилија што наскоро ќе има дечиња што треба да одат во основно училиште мислам дека нема таа зграда соодветна локација за истото бидејќи нема во близина основно училиште. Доколку се купува за млад брачен пар што во иднина планираат на нешто поголемо или за сам човек што планот му е да основа фамилија за 10+ години сметам дека има предобра локација. Блиску е до центарот на градот, цената е океј, има кеј во близина за да си се прошетате, тренирате. Во близина е Ново Лисиче и Аеродром што имаат се (паркови, продавници, игралишта...). А искрено очекувам и дека ќе се урбанизира со училиште, паркови и слично. Мислам дека тој регион има потенцијал за инвестиција дека дополнително ќе се градат згради и инвеститорите ќе ги креваат цените. Дополнително има фирми со работни места во околината што може да биде интерес за изнајмување на луѓе што работат во истите, а бараат стан под ќирија. Дополнително за изнајмување може да има заинтересираност од страна на студентите од факултетот. Последно и важно, мене ме разочара тоа што зграда во таа фаза има толку слободни станови непродадени, малце ми е збунувачки бидејќи повеќето згради веќе во таа фаза им се продадени сите станови освен некои на приземје. Но никој не може да знае, можеби покасно ја почнале продажбата, а и реално и да ја почнале на време, многу станови имаат во таа зграда.
Кисела вода е тотално упропастена и срце ме боли.. на ништо не личи веќе. Саник се заглавени финансиски заради тоа почнаа многу објекти одеднаш, и немаат сега финансии да ги завршат. Во Аеродром каснеа 2 години, риверсајт требаше да е готова до декември 2023, карабина е... ќе каснат, и тоа бајаги. Им се намали продажбата со прекинот на проектот за булеварот, и не добја очекувани приливи. На страна што почнаа премногу објекти одеднаш.. Само да ги потбутне некоја банка со кредит да завршат што почнале.
Здраво, Во процес на пребарубање на станови сме и сите 3 собни станови од 70 квадрати се со доста малечки собички ( детски и спална) Нови сме во светот на купување нов стан во градба, бидејќи и јас и сопругот сме живееле во стари згради кај што собите се доста прикладна големина па сакав да прашам дали според ваше искуство секаде е вака во новит
Corner Residence проверете дали имаат останато со 3 спални имаа од 90 квадрати. Они ги прават удобни за живеење. За други не знам со нормална квадратура на соби. Се што имам видено е од мало помало
Има и по 90-100 квадрати станови со удобни дневни и спални соби. Ако имате финансии да платите таква цена, тогаш има. Голем избор и има на такви станови, затоа што сумата за празен стан е доста голема. Лично не познавам пар кој одлучил за таа квадратура на стан, сите што сакаа комоција, почнаа куќи да градат. Има и станови од по 70 квадрати со 2 соби (спална и детска), ако ти игра улога големината.