Ќе може ли инфо. За станбен кредит колкава треба да ти биде платата за да може да ти одобрат? За човек вработен во државна институција. И во кој банки е најдобро?
Девојки, жени, по некој маж... Не знам дали има посоодветна тема, ама сакам да кажам дека СЕ ПРОДАВА СТАН во населба Ѓорче Петров во Скопје. Трособен е, со две тераси, сменети прозори, комотно може да се прилагоди како две мали станчиња. Станот е стар, меѓутоа се продава по поволна цена. За повеќе информации, заинтересираните нека ми пишат ЛП.
Според моето истражување најповолна е Централна Кооперативна Банка, ратата + 5000мкд да ти останат од плата. Немаш проблем при одобрување.
Ама ратата колкава е? Ратата секогаш зависи од висината на кредитот. Не може за 20.000 и за 50.000 евра да е исто
Зависи колкаво учество ќе дадеш. Во принцип сегде се условите слични и сегде дозволуваат веќе да вклучиш ко-кредитобарател кој не е член нс семејството.
Како може тоа овде да ти кажат тоа треба во банка да си прашаш, спрема твојата плата и висината на кредитот ке ти одредат месечна рата,овде тоа никој не може да ти каже
@Mr.X добро ти објасни, 5000 ќе ти останат. Пример доколку имаш 25.000 мкд плата = месечната рата ќе ти биде максимум 20.000мкд. Не можам да ти кажам колкава ќе ти биде ратата, се зависи колку пари ти се потребни и за колкав временски период ќе ги враќаш. Кај ЦКБ не ни бараа ко-кредитобарател, и споредивме 5-6 банки во РМ според времето на траење на кредитот, висината на сумата = вкупна сума која ќе треба да ја вратиме, беа најповолни.
Не може да биде 20к рата, банките дозволуваат макс 1/2 од платата да ти биде месечна рата. Според тоа и сумата која сакаш да ја земеш ти одредуваат на колку минимално години можеш да го земеш кредитот.
Ме интересира од скопјаните на форумов зошто во Дебар маало се најскапите станови во Скопје? Исто и за кириите се највисоки во однос на другите локации. Т.е. што е тоа што го прави толку атрактивно Дебар маало па се таму најскапи?
Илузијата дека таму живеела елита, фактот дека е блиску до центар и до градскиот парк. Затварањето на очи дека е валкано, нема тротоари, нема паркинзи, градбите се субстандардни, воздухот е загаден.
Се прави нова зграда во Аеродром кај тобако 2, на местото кај кики бомбоњера,,,, Локацијава е топ,,Има некој инфо?цена???
Извадок од сајтот на ЦКБ, конкретно за станбен кредит: „кредитобарателот сам да ги исполнува условите за месечниот ануитет, при што истиот да не е поголем од 50% од месечните приходи.“
Некој да сподели искуство за џевахир скај сити. Задоволни или не ? добри и лоши страни на пример сега за сега тие ми се најприманливи но доколку веќе има вселен да сподели нешто би било супер фала многу
Ме интересира како се снајдовте за учеството, мене логички не ми оди ова ти зимаат барем 20% од вредноста и понатака не е вклучено во вкупната вредност, ништо не ми е јасно со ова и понатака со стамбениот кредит а и плус камата која e 2 пати повеќе од учеството.