Ај да гледаме во пракса, еве да речеме имаш 100,000 евра и ги штедиш во банка, јас ти давам 5% годишна камата, тоа значи дека секоја година добиваш 5000 евра за твојот влог. Да речеме дека штедиш од 2014 до денес, 10 години. Значи денес имаш 150,000 евра. Истите 100,000 евра да си ги ставел на индексен фонд како SNP500, кој во 2014 се движеше околу 2000 долари, значи 55 акции, денес би имал 308,000 долари или 280 илјади евра. Истите 100,000 евра да си ги ставел во акции на Комерцијална Банка, која имаше цена околу 2100 денари, или 3050 акции, денес би имал 1,200,000 евра. Ова е само основна вредност на акцијата, а во дивидендна исплата има уште некои 300,000 евра. Јас само од дивиденда имам двојна заработка од твојата целосна сума. Остај теорија, глеј во пракса, те јадам за цел милион евра.
Потполно се сложувам со ова. Орочување пари во банка е дефитистички акт. Си изгубил уште кога си ја направил одлуката. Ретки се тие сценарија, кај што орочени пари во банка или чување дома под перница е подобро на долг рок отколку што е инвестирање. Поконструктивното и пофер прашање е во што е подобро да се инвестира. Дали недвижнини во Македонија( Скопје) или во акции на берза. За жал во Македонија, народот е премногу задоен од таа идеја дека недвижнина е едина инвестиција што постои, а тоа е така поради слабото образование и од тоа што сеуште се влечи еден менталитет од времето на комунизмот. Ако се направи една математика како котирала македонската берза последните 10/20 год и како се движеле цените на недвижностите, мислам дека математиката ќе да биде тука некаде, ако не и подобра за акции наспроти недвижнини.
Ako kupuvas akcii moze nekoj minister vo trenjerki na srede nokj da ti gi iznese akciite vo nepoznat pravec...
А како тоа ќе ти ги изнесе кога акциите се регистрираат во централен депозитар за хартии од вредност? Може само фирмата да ја пропаднат.. Друго ништо
Како што те регистрираат така и ќе те избришат. Ама и стан ако купуваш може да се деси да го купиш со уште два, тројца...
Aah mladi ste. Figurativno citajte. Ednas mnogu odamna Eden minister vo trenjerki na srede nokj izvrsi stotina samoubistva vo Bitola iznesuvajki dokumenti od kancelarija. A Eden ednooki president dodeluvase nagradi I priznanija. Site drugite ministri I çlenovi na partija mu aplaudiraa. Nisto vo RSM ne e sigurno od institucii, Dali berza, Dali banki Dali stedilnici. Istite prevaranti sega gi kontroliraat kako I pred 30na godini
А не извини, не можеш да ги споредиш ТАТ со МСЕ. Тат беа штедилници, и во ТАТ тие што си штеделе си штеделе на нивен ризик. Јас таков потенцијален поврат на пари не ветувам, ниту па ветуваат брокерите. Просечен поврат на инвестиција ти е отприлика 10% на нашите акции, иако Комерцијална од минатата до оваа година е околу 80%.
Tie sto go napravija tat se istite sto ja napravija mse, I gi kontroliraat kompaniite sto kotiraat na mse.
Сосем различни ризици се ТАТ, каде немаш увид на тоа каде ТАТ ги чува твоите пари односно на кого ги дава и да речеме акција на Алкалоид, каде знаеш точно каде одат твоите финансии како % сопственик, во зависност од тоа колку акции имаш. ТАТ е штедилница, каде имаш “каматна стапка“ која е нереална и нема никакво покритие, да точно акциите одат горе и доле ама на пример во минативе 20 и кусур години, јас не знам за некоја компанија кај нас која пропаднала особено не подобро етаблираните. Или пак индексните фондови како СНП500, кој екстремно тешко е да падне. Мешате баби и жаби.
Не зборам јас за тат, зборам дека и акциите си идат со ризик. Не знам, банката од Трифке беше на берза? Кредит свис ваљда беше.
Сосем различен ризик. А банката на Трифуна, како рикна бог знае, бог и овие нашите, ама ај банкиве ризични, индекс фондовите се практично неризични особено Американските, па и Европските.
Се е неризично дури не биде ризично. Ние што сме виделе распад на Југославија и заробени девизи, само имаме повеќе искуство, па си дуваме и на маштеница, јер не знаеш кога ќе претече.
Па мислам дека е сепак посигурно да имаш заштеди во инвестиции во западни компании отколку во Македонија. Да, точно, све си носи некаков ризик. Финтата е кој е најмал. И во перница да се, ќе ти ги украде некој, и во банка може да пропадне и заробат и тн. Тука сите што зборат за инвестирање на берза иако не се изјаснија експлицитно верувам дека зборат за инвестирање на странски берзи, а не во наши фирми. И не, овие не можат да ти ги изнесат во тренерки.
Има неколку компании на македонската берза кој работат многу коректно спрема инвеститорите и таквите имаат преживеано од кралевина југославија до сега. Алкалоид е формирана компанија во 36та година на минатиот век рецимо.