Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Јас лично бев во Настел пред две недели и изграден готов станод 64 м2 е 950 евра квадрат во жолтите згради позади бензинската.
     
  2. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Да толку се цените во Диаз меѓутоа становите кои се останати не ми се допаѓаат. Инаку кажи ми дали другар ти веќе се весли во него и дали е задоволен.
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Да, се всели уште во декември, и супер му е. Зградата е стварно ТОП направена, влезот е преубав, се гледа дека ептен е мислен проектот, не е само копи пасте од постоечки (ова е зградата за која добија награда за Најдобар станбен комплекс).
    Ама искрено, јас никогаш не би живеела во НС, па и без пари да ми дадат стан. Таа загаденост нема цена.
     
    На Kate Kate и coconaut им се допаѓа ова.
  4. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    а како иде ова со помош од владата купи куќа- купи стан? има некој искуство?
     
  5. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Ние сакаме да купуваме со помош на владата, затоа бараме до 900 евра м2 бидејќи тоа е условот. Меѓутоа ти можеш да се договориш со градежната компанија доколку е повисока цената остатокот да им го дадеш на рака (ние добивме и такви понуди). Не смееш да имаш стан куќа на твое име и платата да не ти надминува над 900 евра (доколку сте двајца кредитобаратели). Има две опции: првата е првите 5 години владата да ти плаќа пола рата, а втората е половина учество со тоа што те обврзува учеството да не е поголемо од 25 % од вкупната сума. Пример ако земеш стан кој чини 50 000евра учество кое смееш да го дадеш е 12 500 од кои владата ти плаќа половина 6500 евра, а остатокот на кредит.
    Доколку има некој кој земал кредит нека каже искуство.
     
  6. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    а овие 6500 што ти ги дава дали се неповратни??? или пак и тие некогаш мораш да ги вратиш?
     
  7. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба. И обврзан си да земеш кредит на минимум 20 години, значи париве ќе треба да ги вратиш после 20 тата година.
     
  8. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    е тоа не е добро бидејки оние што ке ги земеш со станбен кредит двојно ке ги вратиш бидејки во прашање се 20 години, се знае дека колку помалку години толку помалку враќаш камата. ако земеш 20 000 евра на десет години ке ги вратиш 30 000 или помалку, ама на 20 години ке ги вратиш 40 000 евра а може и повеќе. а згора на тоа и овие 6500 да им ги дадеш. па каква помош е тоа???
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Јас мислам дека не ги враќаш освен ако не решиш да го отплатиш целосно кредитот ПРЕД истекот на 20те години.
    Мада, мислам ама не сум сигурна, со последните измени и тоа е анулирано како правило.
    Па затоа и се викаат „субвенции“, неповратни се, ама мора да се исполнат некои услови за да останат такви.
     
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    На почетокот беше така, ако државата ти плаќа половина рата, тоа беше неповратно, а ако ти даде половина учество за кредит требаше да се врати по истекот на 20-те години. Сега мислам дека правилата се сменети т.е средствата што ти ги даваат не треба да ги враќаш и плус кредитот можеш да го отплатиш во целост по истекот на 10-те години.
     
  11. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Може да се најде таа цена ако е во градба. Моментално можам да ти посочам зграда која почнува да се гради кај Два Елена во Капиштец и дечките се флексибилни за цена, може да се договори човек и за цена и за темпо на отплата. Вака само се начекува ефтино, кога почнува да се гради и потребни им се пари на инвеститорите поитно.
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.387
    И ние размислуваме,сакаме ама никако да се нафатиме :( Во секој случај некој ден ќе мора,кога ќе размислам парите што ги давам за кирии ќе ги дадам за рата и нешто можеби ќе додадам,а вака ми се буквално фрлени пари низ прозор.
    Него приметив солидно зградиче во Железара,на главната улица,до зградите гитарки,да не имате инфо дали се распродадени и колку се движат цените?
     
  13. Sparklistik

    Sparklistik Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    Здраво на сите,
    Можам да ви помогнам со неколку понуди, за неколку локации и целосни образложенија за типот на градбите, но за да не испадне дека правам некаква реклама на форумов, кој е заинтересиран слободно нека ми пише лична порака...
     
  14. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    овие услови за дом на млади брачни парови во државава не се нормални ... во сите држави,државата ги помага а кај нас гледат само како да не сокапат и уште толку да не пропаднат ... и ние сакавме ваков кредит , но тетка му на маж ми е директорка на банка и таа не ни дозволи да земеме бидејќи излевало да се врати не дупло,туку тродупло ... ако немаш помош од стари кои се релативно имотни крај е со тебе ... на пример едно просечно семејство во македонија има примања од 500 евра (тоа е и многу за некои) колку години треба цела плата да ја става настрана за да купи еден стан или недај боже да прави куќа ...потребни се минимум 50000 евра а од каде...среќа само и тие да се ...а за инвентар .... не знам како терате вие...ама луѓе настварно е тешко ... може на 50 години ако не и подоцна ќе имаме свои живеалишта :rofl:
     
    На <3 pleza4e <3 и ines.h им се допаѓа ова.
  15. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Значи проектот купи куќа- купи стан апсолутно ништо не ти помага, потполно исто е по најнормален пат да си отидеш во банка и да си земеш кредит за стан, дури вака е и подобро бидејќи можеш да си го земеш на толку години колку што сакаш ти, не мора на 20, па после тродупло да го враќаш :) се знае дека колку помалку години на отплата, толку помала камата враќаш.
     
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Значи какви што беа првичните услови на проектот купи куќа-купи стан не одговараа ни по разно. Они нудат поволна каматна стапка, но периодот на враќање на кредитот беше фиксен најмалку 20 години. На цел тој период ненормално голема камата доаѓаше (а ако го исплатиш порано ги губиш поволностите, односно треба да ја вратиш субвенцијата), а ние сакавме одприлика на 7-8 години да го земеме, затоа што ни фалат помалку пари. Убаво ги разгледавме условите и бевме разговаравме во банка. И на крај се одлучивме за обичен стамбен кредит. Но од скоро од кога ги изменија условите, односно ДОЗВОЛЕНО Е ДА ГО ИСПЛАТИШ КРЕДИТОТ И ПОРАНО, НЕМОРА ДА ЧЕКАШ 20 ГОДИНИ, А ОНА ШТО ТИ Е ДАДЕНО КАКО ПОВОЛНОСТ НЕ ГО ГУБИШ, можеби ситуацијата е подобра, така ми изгледа, но незнам затоа што не сум запозната со деталите, мојата работа е завршена. Можеби овој кредит е добар за луѓе кои планираат да земат голем кредит, а да имаат мало учество во станот.
     
  17. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Ние сепак се распрашавме подетално и поубаво, во општина, катастар, адвокати, нотари, познаници и се решивме за припор. Ни го дадоа за 850 евра квадрат. 65м2 е станот со многу убава голема тераса и поглед на скопје. Сега за сега е даден само капар, избориве стопираа се. Катастар гњават со издавање на имотните, а се е премерено од нивна страна, останува уште буквално да им ги дадат имотните. После тоа според преддоговорот, мора во рок од 30 дена да се потпише главен договор и да ни дадат клучеви. Мада мене ми рекоа дека веќе можам и да се вселам.
    Долго гледав и размислував кој стан. Гледав и нови и стари а во цената и нема разлика. Во стар стан, прво не знам каква е електричната инсталација, некаде треба да се сменат прозори, паркет...плочки....А реновираните се многу поскапи. Овој е тип топ, проверивме и со архитект, градбата е одлична. Нема никаде кнауф, се е цигли, од 2 ри спрат наголе има дупла изолација....За внатре распордот да не зборам. Ходник голем, па дневна со кујна и трпезарија и тераса, друг ходник 2 спални и големо купатило. Баш онака како што јас сакам. Сега едвај чекам да се заврши се и летоска да си уживам на тераса со винце и поглед на Скопје.
     
    На тп18, okcenzi, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Честитки Sunshine88, побрзо да си се вселите. Мачен е процесот знам и плус тоа чекањето, ама после е многу слатко свој на свое. Ееее па кога ќе почнете за мебел, па како да го уредиш слатки маки. Големо прашање сте затвориле. Јас тој дел од градот него одбрав од некој лични причини, но е убав.
     
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Фала многу Ирена. И да знаеш дека сум пресреќна....Уште сега ми е нацртана и кујна, море цел стан...И материјал е избран(само не е купен). Сега се што купувам гледам да ми одговара и таму. Мислам дека додека да се вселам асално, секој ден ќе одам и ќе го гледам.... :rofl:
     
    На тп18 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Честитки и од мене Sunshine88, да си уживате и да си имате многу убави моменти во новиот дом :*