Здраво, Треба да отидам на Нотарска заверка на Главен договор. Данокот ми е платен одамна. Прашањето ми е кога би го добила имотниот лист ? Дали веднаш или треба да се почека ?
Се чека, ама не премногу, нас ни искочи за 7-10 дена. Треба да проверуваш и да прашуваш во Општината (барем ние таму го извадивме)
Дали нотарска заверка и солемнизација на главен договор е исто или различно ? Стигнавме до главен договор и тоа што ме буни е дали треба да биде заверен пред да се носи во град Скопје за данокот или ? Значи дали оди вака обична заверка на нотар за главен договор 》 данок да се плати 》 солемнизација на главен договор ?
Нема обична заверка, само го потпишувате договорот, го поминувате во даночно и потоа следи солемнизација.
Значи со договорот одам да ми израчунаат данок , се враќам со уплатница и заверка од Град Скопје на нотар и правам солемнизација ?
Да, уплатница за данок не ти треба додуша, имаш печат позади на договорот со сумата што е платена, тоа е уствари заверката од град Скопје. За солемнизација треба и купопродажната цена да е платена, за тоа треба да имаш уплатница.
https://www.facebook.com/share/g/14DxKzmss4v/?mibextid=wwXIfr Zdravo tie sto imate facebook i sto imate zemano stan od Stanbeniot kompleks Duke , moze da se priklucite na grupata.
Колку би чинел главниот договор , за стан од 40 м² , откако ќе се изгради зградата , бидејќи е во изградба ? Да знам да не се шокирам од цената .
И мене ме интересира исто колку би чинел главниот договор, зградата моментално се гради, 1700 е/м² го плативме а треба да биде готов август 2026?
Здраво дали некој може да ме упати како оди процесот за станбен кредит, колкава сума би одобриле ако си пријавен на минималец, и дали има банка што одобрува станбен кредит без учество, на пример ако се стави станот под хипотека.