И јас сум во иста ситуација.. гледам и барам и гледам и крш.. распоредот плус внатре им е но комент. Ретко во кој стан има место за када, прозор во кујна итн
Сега се купува барем според мене стан во постара зграда, наследен, никој не го користи и од наследниците да се купи (се разбира со завршена оставинска и чист имотен). Обично тие станови се најевтини, и наследниците имаат желба брзо да ги продадат ради кеш па се начекува и за добра цена. Само треба да се следи и ќе се начека, еве кај мене во влез еден таков го ставија на продажба и одма го купија. Стар стан има негативност што има за реновирање ама пак распоредот е поплански барем за мене отколку кај новите а има и подрум и најчесто околу зградите и паркинг. Нов стан не би ни погледала под овие цени, со распоред на 60м2 со една спална, без подрум и паркинг.
Гледам неколку коментари кој сугерираат дека е подобро да се купи стар стан, но еве од мене спротивно мислење. 2015та купив стар стан во кој никој не живеел скоро 10 години. Ништо не беше чепнато дури и прозорите беа дрвени, ни ствари имаше во него буквално празен. Станот е безмалку 60 квадрати, и да има паркинг колку сакаш околу зградата голем подрум итн. Но прва негативна работа со која се соочив беше дека се стари луѓе живееа во неа, и на се нешто маани наогаат, и ајде таков сум по природа да удоволам на сите, Ми течело купатилото ајде да реновирам цело купатило, им сметале мајсторите ајде да бидат потивки и да работат не покасно од 6. Друга работа чистачка никој не плаќа, и струја за во влез исто, така да гнасен е цел влез, и струја нема. Поради гнасотијата врие цела зграда од лебарки, и секоја недела ставам гранули во одводот а секоја прилика кога не сум дома прскам од тој прашокот за лебарки. За инвестирање околу зградата да не зборувам, вратат влезна не се затвара пошто е истата откако е направена зградата пред 40 години, и зимно време идат кучиња да се кријат од ладното се качуваат до 3-4 кат и мочаат кај стигнат. Кровот протече пробуваа да соберат пари цел влез и на крај само 3ца од 16 стана дадовме пари и човекот што беше најгоре си зема кредит и закрпи колку се можеше. Решивме и фасада да ставаме, дел сакаа дел нејкеа. На први кат човекот си имаше ставено само за него 5 год пред другите да правиме, па пошто другите нејкеа ајде само нашата вертикала, и сега на први кат е кафеава едниот стан, другите се жолти, пошто на некој му текнало жолто било модерно. Година дена после нас уште една вертикала решија да стават фасада, тие сива одбраа боја ... Колата си ја паркирав пред зграда, ми ја испогребаа со клучеви, морав надвор камера да ставам... Така да го земав малку поевтино отколку нова градба тоа време, вложив уште толку колку што го земав за реновирање (со текот на годините, не одеднаш), и сега кога ке биде готов новиот овој ке треба да го продадам за џабе на некого. Од друга страна моите родители земаа помал стан тука блиску во градба нов. Се е чисто педантно, си имаш да си купиш паркинг пред зграда си имаш и под зградата. Се во влезовите чисто педантно, нема проблем со лебарки, преку фирма од вселување си плаќаш одржување ...
Поентата е дека споредбено старите градби се горе долу каде каде поквалитетни од новите. Ова сѐ што го наброја искрено може да се случи и во нова зграда и никој не ти гарантира ништо. Нас колата нова (2024 произведена и купена) ни ја удрија на паркинг и си избегаа. Сѐ е до некаде мачка во вреќа и каква е среќата.
Здраво, дали има некој што живее во Маџари во новите згради на DDS Building да сподели искуство, а воедно и што би кажале како место за живеење (маркети, школи и тн) како и транзитирање до центарот на Скопје. Дали доста време ви треба и ве фаќаат гужви доколку одите до работа?
Јас сум 10+ години во Хиподром во старите згради. Во овие DDS на приземје долу отворија Кипер маркет, а во радиус од 10-50м имаш пекара, железара, имаше и аптека... Градинка имаш на 300м, а до градинката ти е трговскиот во хиподром и таму имаш Стокомак, цвеќара, месара, доктор ... Вера Јоциќ основното училиште е тука спроти трговскиот, нова зграда е, ја пуштија лани или полани, значи не реновирано училиште туку скроз ново направено, направија во склоп на школото неколку игралишта, лулашки за мали деца ... Населбата е мирна, тука ти е последна 50ка автобус, а пред DDS минуваат сите приградски автобуси. Позади DDS зградите се наоѓа "Канта Пазар". Е сега во хиподром во населбата е доста тивко, овие се наогаат на главната улица Благоја Стевковски, и е доста прометна поготово рано наутро и кај 4-5 кога се враќаат луѓето од работа. Друга опција доколку гледате стан на таа локација ви се становите од Дени интернационал, позади дени бензиската, некој 100м поназад од овие. Тие се малку повнатре, посигурен изведувач, пошто во тој комплекс направија доста згради, и сега се првршува последната, моите родители купија таму, и се презадоволни.
Јас барам 5 години веќе, со паузи. Уморен сум, и изреволтиран од тоа што на огласот е наведено едно а кога ќе отидеш да го видиш станот излегува скроз друго. Да не ти кажувам какви шпајзови и шупи сум се изнагледал. Сега строго прво барам инфо на телефон, и слики, па после одлучувам дали ќе го гледам. Од една агенција добив одговор “немаме слики, ќе треба лично да одите да го видите станот“ (не отидов) или на пример делот кај Мерцедес/ФОН го пишуваат “Аеродром“, а е уствари Гази Баба и насред градежни работи - “ама ЗнаЕтЕ Ќе Се ОтВоРи ЛиДл ТаМу КоГа-ТоГАш“. Имам безброј вакви искуства. Не се разочарувам ни јас ама дека сум револтиран, сум
Ако го продавам ке го продадам ваљда на некој близок, пошто ако барам реално колку вреди ке треба 75000 да барам и више за стан во Хиподром од 58 квадрати што значи никогаш нема да го продадам пошто од 60/65 повеќе никој нема да даде па и златни да се ѕидовите
Те разбирам комплетно, не се разочарувај, мислам дека ќе си најдеш стан по твој вкус. Ние гледавме еден потенцијален, денес одиме со второ мислење (архитект) па ќе видиме што ќе биде. Делот кај Фон воопшто не ни беше ни во игра искрено, и јас ќе се прелажев ќе кликнев на тој оглас и ќе видам кај Фон никако бегај ужас. Сега скоро најскоро зборував со девојка од агенција и ми кажа дека таму се' уште немале ни имотни листови се чекало со месеци за технички прием а становите веќе се продаваат како компири на пазар. Ова ми го кажа за комплексот Космос. Инаку ние во три недели што се' не се изнагледавме и какви се' не распореди видовме а не па ти во 5 години. Во Ново Лисиче гледавме стан што го продаваат “со двор“ а станот не е со двор туку дворот е легално на град Скопје, ама нема врска. Внатре станот прцулче 46 квадрати го продава по квадрат 2200 кога ќе израчунаш. Кујната во ходник, дневната катастрофа нема каде да ставиш терпезариска маса, спалната беше најокеј ама за реновирање. Кога се прерачунавме, викаме нема шанси... Лудило од цени ама битно не се откажувај и барај активно, сигурна сум дека ќе искочи нешто.
Во Аеродром, Ново Лисиче и тие делови околу Фон и околина никогаш не би зел стан. Исто така и нас. 11 октомври и Расадник. Тука е една од најниските, ако не и најниска зона на Скопската котлина и има најголемо аерозагадување, особено во зима. Воедно, се начичкаа еден куп згради една до една и никаков провев не е возможен.
Sto znam, bas tuka kotlinata e pootvorena prema skopsko pole I ima povekje vetrista za razlika od karpos sto e opkruzen od site strani so visokih planini I poslabo e provetren. Mada da sekade e vo Skopje los vozduhot
На празно не зборувам. Отвори статистиките од години наназад или отвори зимно време и види во кои делови од градот/на кои мерни станици има највисоки вредности на загадување. Тоа дека Скопје е општо презагаден, е.
И мене ме мачи проблемот со загадување. Првично само зимите беа проблем, сега преку цела година е проблемот. Дали имаш истражувано, каде е колку толку почист воздухот. Аеродром/лисиче е најниска точка.
Еве и мај го дочекавме, уште траат завршните работи уште не сме виделе ништо... не знам дали е ова стандардна пракса или? Рокот од преддоговорот е веќе надминат, уште не сум добила повик. Да се надеваме дека се ќе биде во ред
На почетокот требаше да биде во декември според нивнава страна, но даваат уште некој месец во договор, така што ако имаш купено стан таму, ќе си почекаш... вака надвор изгледа дека фасадата им е средена, ама уште е оградено и уште се работи, немам инфо внатре како е. Ако добиеш некоја информација, те замолувам да пишеш тука или во приватна порака
Ако почнеме да анализираме и загадувањето и топографијата на теренот ќе треба да се иселиме од Скопје. Дали помалку или повеќе - загаден е цел град. Ако живееш карпош а работиш во аеродром или кисела вода, пак исто ти доаѓа. Колку повеќе луѓе се доселуваат и се гради - толку позагадено ќе биде од година во година. Повеќе коли, помалку провев на воздух, нови згради, помалку зеленило... Секако цената има највеќе улога при избор на локација за стан. Да Карпош е најубава населба, ама и цениве им се убави од 2200 нагоре.
Тоа е така, како шо кажав и јас, Скопје дека е општо загадено, е. Меѓутоа, факт е дека определени делови се позагадени од останатите. Точно каде е “најчисто” не знам, но дефинитвно западните делови на градот се помалку загадени. Цените се ужасни, не само Карпош. Доаѓа еден стан да го исплаќаш до пензија.