Здраво дечки, гледам станови последниве 2-3 недели и сериозно се мислам да купам во зграта што се гради на 8ми Септември веднаш до таа на Настел огромната (од спротива на TCC Plaza и подолу на кај партизанска се наоѓа). Квадратот е 1100 евра и распоредот на станот што го гледав е добар, ама градат некои „Тар инженеринг“ шо мене ми се тотално непознати. Да ве прашам дали гледал некој таму, дали знае евентуално дали е добра зградата итн. Инаку заинтересирана сум за стан околу 40 квадрати - сум гледала и 38, овај е 45 конкретно. Сакам да е Карпош или Тафталиџе само да не е многу далеку, ако некој има стан да предложи слободно.
Ние имаме стан од тој изведувач(Ресенчнец е мислам)во близина кај што си гледала ти,спроти “Ѓорги Димитров” гимназијата,ама даден е за издавање па не знам да ти кажам многу детали за квалитетот на домување. Градбите се ок,изолација и пвц квалитетни.Подови,плочки и санитарија си бираат самите купувачи,имаш одредена цена и место.Може да се доплати за поскапи секако. Очекувај само да каснат со предавање на станот,има влечканици околу приклучок за парно.За таму кај што сакаш има веќе доста продадени,јави се побрзо дека во градба е поефтин квадратот.
Дечки, има некоја што знае како иде постапката со инвеститорот откако ќе се заврши зградата? За купен стан во градба, со преддоговор - и како иде со договорот, кои уште трошоци искачаат до вселување (нотар, катастар, договор, имотен лист итн.)???
Ние за нотар плативме мислам околу 200 евра за купопродажниот договор и толку. Други трошоци немавме. Они се си завршија работа, нас ни дадоа имотен лист.
@dunika фаза од одговорот. Гледам тука околу се градат еден куп згради, па дур да разгледаш сегде малку комплицирано. Туку друго прашање дечки, ова со учество, без учество, камати, банки ми е многу ново мене. Јас на Финки завршив поима неам од економски работи никогаш не сум се сретнала. Е сега се мислам да земам кредит без учество првобитно, дали е тоа можно и дали некој земал? Исто така ако е без учество дали ќе може во градба да купам стан или само со имотен лист (готов)?
@Mrs. X ти треба редовен работен однос со договор на неопределено,кредитобарател минимум 1,и имот кој треба да го процени банкарски проценител за да истиот биде хипотека на станот што би го зела.
И ние таму гледавме поголем, трособен, и мене ми се тотално непознати, но ми се допаѓа станот. Единствено ме двоуми тоа дали ке градат зграда одма до нив, на местово на бараките кон Настел, па да го затворат погледот и како ке биде со паркинг? Имаш ли некое инфо?
Може ли да ми кажете каде го гледате распоредот на становите, затоа што барав веб сајт на Тар инженеринг, но не можам да најдам :/
Здраво, дали некој знае колку изнесува месечното одржување во Џевахир Скај и што се е вклучено во цената ?
0.6е за квадрат, опфаќа 24/7 рецепција и обезбедување, чистење на влезовите и одржување на заедничките простории, на секој спрат има посебна просторија за фрлање ѓубре и има луѓе што два пати во денот поминуваат да го соберат за да не мораш да се симнуваш до пред зграда за фрлање, мислам дека тоа е тоа отприлика