Јас сум во потрага на помал стан или гарсоњера,ама да биде од страната кај ФОН,МАЏАРИ,ХИПОДРОМ,ова 1300 м2 евра квадрат е полна цена со ДДВ ?
Дали некој има нова информација околу вселување во зградата на ОфисКом во Аеродром (до Делиција). 5 месеци веќе доцнат според договорот, мува не ги лази, само измислуваат изговори. Дали некој успеал да влезе во зградата?
Имаш на неколку локации Во Стар Аеродром кај поликлиника Јане Сандански градат Атлас Инвест и Вардарградба Во делот кај школото Димитар Влахов Дабар почнаа со градба на зграда(ќе прават цел комплекс веднаш до Порта Супериум) Во Мичурин на ул.Петар Ацев има 2 згради во градба Премиум Ливинг(за кратко вселива) и АБП Премиум(карабина) Во Острово МГИ Инвест(позади Киперот). Отприлика тие се и можеби уште нешто ситно кон Реонски Центар но таму се обично мали двокатни зградички.
Дабар-2150 еур м2,600-700 еур м2 гаража АБП-околу 1900еур м2 Атлас и Вардарградба негде околу 1800-1850 Глиц во Мичурин кај Зур маркет-1950 еур м2
Блокот со куќи карши Ист Гејт. Фактички новата зграда на Адора што се гради спроти Ист Гејт спаѓа во Крњево и тој целиот блок позади зградата што сега се куќи, е Крњево. Мене лично не ми се свиѓа воопшто за живеење, поради етникус што си живее на тој простор. Не е безбедено.
Воопшто не вреди ни во Крњево ни во Маџир Маало ни во Ново Маало,пред се во поглед на инфраструктурата на улички од пред 100 години проектираат 6,7 и 10 катници,притоа урбанизацијата се влече со децении(прашина,бучава,загадување зимно време околните куќи што не станале згради се греат на дрва,најлони пластики и што им се најде ова особено во Маџир Маало) Во Крњево сега почнаа да се прават повеќе згради но реално држат висока цена уште пред почеток на градба што воопшто не вреди за таква локација.
На Трета Македонска Бригада има една почната, и една дупка ископана, не знам кои се инвеститори. На долниот дел од булеварот, повеќе накај крстот и џевахир
Здраво , сакаме да купиме стан 50/60 кв во автокоманда, ќерамидница ,кај фон или железара , дали знаете некој инвеститор што гради во тој дел освен саник ?
Ќерамидница-Жикол почнаа нов проект Арагон позади Аквалукс и Комплекс Глорија кај КХС Кај ФОН-Корнер Резиденс,отспротива гради Жикол,Про Билдинг,Офис Ком,Глобал Импакт и Сара 4 Железара-Елинг и Елена Лука Автокоманда се претежно надградби во делот околу кулите од разни помали инвеститори Саник градат само поред кејот и тој комплекс се гради предолго првата зграда им е почната 2021 и уште не е готова