Освен Хиподром 2, дупка на крај на светот се конкретниот објект скоро покрај автопат па сега види ти.. ја не знам други да има по 1500... Тоа мафијата се изремети во Скопје Значи сериозно, најсериозно .. 2300-2700 па и 3500 евра за м2 во Скопје е НЕНОРМАЛНО Не знам каде и да сте работеле, колку и плата да имате...треба да сте луди за Скопје да дадете 150000+ евра за стан .. Во Скопје каде што платата е 500-700 евра, а сметките се 150+ евра... Мене па ми е и несфатливо некој да каже дека со плата на двајца може да купат по 3 стана особено сега откако цените станаа ненормални .. Освен ако и двајцата не се информатичари, доктори, диспечери, инженери и слично ... Еве ги па и овие лудиве што ги спомнав.. Лани ова време во Хиподром 2 цената беше 990 евра м2... Друг инвеститор и изведувач ама реон скоро ист..
Според мене, зависно од локацијата, може да се најде стан до 1500 евра но зависи и во каква состојба ќе е. Ние исклучиво гледавме во реонот аеродром и ново лисиче, повеќето беа во стари градби, затоа што не сакавме во нова зграда. Отприлика цената на сите им беше од 1700 па нагоре, ние најдовме на крај за 1550 во аеродром, но станот е ненаместен и ние ќе си го уредуваме самите. Според мене можеш да најдеш во подалечните населби како Хиподром, Ченто, Маџари нешто за поевтино но зависно и од тоа дали сакаш да живееш таму. Становите горе долу се со превисоки цени и ги пишуваат како реновирани, ама не наведуваат дали реновирани во 2024 или во 1985 за жал.... влеговме во милион “реновирани“ станови што немаа ни р од реновирано. Треба нон стоп да се отвараат огласи, да се прати по групи за да се најде нешто асално или евентуално од човек на човек преку збор за да се најде. За зградите во изградба не би можела да кажам, може некој постручен ќе знае тоа.
Факт е дека користат ситуација Инвеститорите со инфлацијата. Но и сопствениците на земјиштата се станати многу алчни, бараат 35-40% од нето изградена површина да биде за нив. Тоа значи ако една зграда има 20 стана по 50м2, тогаш 8 стана ќе бидат за нив. И крајната цена секако ја плаќаат купувачите на станови. А сите фирми инвеститори се сложни, двајца покачуваат во центар, и одма сите други газди во околни наслеби ги креваат цените, соодветно. Па така и да се отепаш од барање, горе-доле тие се цените. Штета што се е централизирано во МК, секој што има некој денар заштедено гледа во стан во Скопје да го инвестира.
Не можам да замислам да дадам толку пари за недвижност што ќе ме ограничи на едно место да сум. Слободата ми ја ограничува. Ако веќе купувам не би дала толку пари наеднаш пре би зела станбен кредит а остатокот од парите за друго би ги искористила но генерално не сакам недвижности на карактерот не ми одговара да се зацементирам на едно место, комшијата да ми засмета ќе сакам да сменам вака под кирија коа сум можам а со купен стан не би можела. Генерално сакам да менувам места на живеење. Можда да имав семејство би било поинаку али за сама не.
Локацијата има предност и, секако, своја цена, но исто така важно е што нуди инвеститорот – клуч на рака. Мене тоа ми беше поважно од цената на квадратот. На пример, можев да имам стан во центар за 2000 €/м², но тој немаше подно греење, немаше плафонско ладење, немаше таркет, немаше квалитетни прозорци и собни врати, а за купатилото и да не зборуваме. Кога видов каков објект е „Треска“ и какви материјали се вградени, веднаш направив пресметка дека ми се исплаќа. Со мое искуство и со знаење како се живее надвор и какви станови има, верувајте – во Скопје многу ретко ќе најдете инвеститори кои ќе вградат квалитетни и скапи материјали, со што имате мир и сигурност. Мене ми е несфатливо да платиш стан за 2000 € и да се грееш на клима! Замислете да имате ламинат или некои турски плочки кои после 2-3 години стануваат неквалитетни поради фугите и многу други нешта/..Затоа е многу важно да се разговара со инвеститорот, што точно се вградува, и сè да биде документирано. Имате право вашиот адвокат да присуствува при потпишување на договорот. И јас имав разни случки при купување на стан во Скопје: кога му образложив на инвеститорот зошто не се користат квалитетни прозорци велам зошто уште пвц пластика користите знаеш дека е штетно? Кога прашав за подно греење, рече „скапо ми е да вградам, така ќе ставам клими“.И многу други нешта што не ми се допадна како се гради плус изолации на зид звучност лифтови и останато.. Мојот совет до сите: еднаш купувате – купете квалитетно. Тоа што се вградува треба да биде навистина квалитетно, за да имате сигурност и удобност.
Со среќа и убаво да си живеете во станот,само убавини.Ова 1550 за АЕРОДРОМ е поволоно многу,сигурно се работи за поголем стан бидејќи држат цена.За уредување ќе биде.
@NickOrvel планираш да се вратиш во Македонија, да завршиш факултет па да бараш работа по струка? Или пак, имаш online работа па со странска плата планираш да живееш во Скопје? Иначе не би се сложила дека Скопје е убав град за живеење, загаден град во секој можен аспект ми е некако... Посебно на зима со воздухот . Плус гужви, лош јавен превоз и некултура голема а и со "соживотот" некако грда слика имам за градот. Ете и јас сум во Германија, купив стан на кредит во Македонија и ќе плаќам рата која со македонска плата не би можела да си ја дозволам. Ама да се вратам да живеам во Скопје не би баш..
Оф леле имам уште до 15 декември договор од работата и не сакам да го продолжам. Ако соберам сè на се во последни 10 години, дали имам со сè одмори во Македонија – Скопје – седено 5 месеци во денови. Не ми се седи живее и работи повеќе едноставно доста е! разговарав и со терапеут, некако заситено ми е, ми фали понекогаш од храна, јазик, место, можеби звучи чудно. Мајка ми која има 58 години ми беше кејф да ја донесам една недела да види, тогаш во Шведска бев, вика: „Сине, па многу убаво, јас не би се вратила назад“, хаха Сакам повеќе да има концерти, културни настани, во Скопје од работат имам опција за пензионирање, па ќе видиме како ќе испадне и тоа. Инаку купив земја 7 хектари пред 3 години, можеби нешто би покренал со таа земја. Мојата струка не знам како да ја дефинирам бидејќи е платформа на нафти – тоа во МКД нема. Немам планови, прво ќе си најдам добар бурек Не планирам да работам. Не знам би сакал да ми се случи поглавје сопруг/родител бидејќи тука таа свест ја нема како кај нас долу. Прво да сме живи и здрави. Инаку, форумот ми го кажаа едни Македонци кои се запознавме во Германија, па ако читат – нека се јават.
Се сложувам скроз. Да не е работата што ме држи овде, одма би иселила во помал град. Скопје е пропаднато скроз последните 10-тина години. Хигиена 0. Какo Third-World-Country сме по однос на хигиена и урбанизам. Воздух нема. Летно време кога е 40 степени, ни ветре, ни зеленило, буквално тлее топлината, real feel како 50 степени. Контејнерите корнат, околу нив мини депонии. Градски сообраќај скоро и да го нема, освен пензионери и студенти никој нема фајде од него. Не знаеш кога ќе дојде автобус за да појдеш на работа, внатре 130 души, игла нема кај да падне. Без клими - скоро како Индија сме. Премногу згради, без никаков ред и лик, налик гето. Затоа мислам дека нема поента ни да се прави споредба на цени на станови за Скопје и други Европски градови. Тие градови и држави нудат квалитетен живот, за разлика од овде. Станот како стан, може ќе биде и квалитетен и убав, луксузен, ама џабе кога ќе излезеш од зградата и одиш по улица, без тротоар, без паркови, без хигиена...
За да се пензионираат и да живеат со странЦките пензии во Скопје...после 30 години. А меѓувремено можат и да го рентаат Бидејќи само во Скопје ги има сите болници, кино, театри, концерти и културен живот каков таков..
Од романтизам. Може да се приушти, капитал е да не ти се обезвредни заштедата, и се има некоја идеја дека би било фино да се живее таму, некад, можда. Ко јас што имам романтизам, дека живот на јадран е идеален. Којзнае дали вистина е, веројатно идеално не постои.
Животот било каде покрај море е идеален Биљо Јас со моите буби во глава решив дека на Кипар ќе се пензионирам со 2 климатизери летно време а зимно на кратки ракави...бидејќи ми се смачи да бутам дрва 9 месеци во годината
Абе иди бегај, не си видела ти северно ледено море. Ама па и ова јужново го расипаа. Мислам, арно си е морето, само луѓе немаТ
Бев видов и се вратив тоа не е море за мене..не спаѓа во категорија мориња, нека си го чуваат Се знае синоним за море што е, сигурно не јакни во јуни
Јессс Јас сега кога бевме влегов и во 2 агенции да се распрашам за понудата што ја имаат Поефтино од центарот на Скопје па нека си седат во СК пензионерите