Ние пред некој ден ја завршивме цела процедура, сега чекаме уште некој ден да се среди и во катастар да можиме да извадиме имотен лист на мое име. За преддоговор и главен договор кај адвокат плативме 2х2000ден., данок во општина 93000ден., за нотарски трошоци за кредитот 15000ден и за солемнизацијата и упис на хипотека 10000ден. Ова за Битола пишувам. Но ме збуни дека велиш главен договор откако ќе се плати данок, ние откако беше одобрен кредитот и обработен кај нотарот, нотарот не прати кај адвокат за главен договор. Се изработува мислам во 6 примероци и тие со имотниот лист се носат во општина за пресметка на данок, барем ние така направивме. Во меѓувреме нотарот среди со катастар и на крај последниот дел е солемнизацијата.
Се слушнав со нив 2200 евра м2 помалите квадратури, паркинг 10000 и 9000 Готови крај на 2027 почеток на 2028 Конечно можам да заклучам дека народов не е во ред со мозокот во оваа наша Македонија
Да да во право си, прво договорот треба да се потпише се' тоа па потоа данокот и солемнизација. Фала ти многу за искуството споделено
Во градба 2200€/м2, во 11 Октомври! Само не знам кој нема памет, инвестирорите или тие шо ќе купат таму стан за таа цена! Него, јас пак да си прашам во Александрија од Ф-ка Карпош некој да има последно инфо за м2 или да ѕвонам и јас да прашувам..?
Јас би рекла прво инвеститорите немаат памет...ама па и тие што купуваат во тој реон по таа цена не се далеку од тоа.. Освен ако станува збор за перење пари, да се исчистат... Ама па ни Тафталиџе не ми ја оправдува цената од 2650 евра ... За Александрија ако се јавиш да прашаш, пиши тука и мене ме интересира нешто со пристојна цена ако не стварно ќе одам на Кипар да си купам, нек пукну душмани
Александрија последно 1500€ квадрат ама почнаа да каснат со изградба. Сега новата зграда што тек ќе ја почнуваат ќе биде готова за 3 години. Не знам во последната изградена дали е останато нешто слободно. До пред 5-6 месеци имаше повеќе слободни станови.
Што мислите за купување стан во Хиподром? Некој што има купено стан, искуства, или мислење? Гледам 1450€ м2
Таа локација конкретно е никаква ..немаш ни автобус во близина, ни маркет ни градинка...како отфрлен си од светот .. Барем тие згради што се на главната улица што оди за илинден беа лани ова време по 990 евра и супер градба е.. мислам два брата ги градеше Ова сега што го продаваат не вреди ни 990..не па 1450..
Ми излезе еден поткаст на оваа тема ,, Дали е подобро да се инвестира во стан во Скопје или да се живее под ќирија
Не знам дали темава е за тука.Дали некој знае да ме упати или да ми даде совет.Со дечко ми сакаме да купиѓе стан (не сме венчани) моите ќе дадат учество од 10 000 евра а мм ќе земе кредит за доплата.Како да се направи станот да биде пола пола ?бидејќи не е стекнат во брак за утре недај боже се може да се случи.
Неможам да се сетам точно како беше, поминато се 15 год, ама мислам дека тоа со адвокатот и нотарот кои го прават купопродажниот договор треба да се среди
Двајцата ќе бидете наведени како купувачи и на пред договор и на главен договор, со тоа што кога ќе го потпишувате главниот договор да се потпише уште еден документ во кој што дечко ти нема да бара ништо дополнително (да бара поголем дел од станот, или повеќе пари ако го продадете пошо кредито е негов) ако недај боже не оди работата. Ова второто ние не го баравме туку нотарот сам ни го даде ама дури стигнавме до главен договор веќе бевме во брак и пак го потпиша мм, секако за твоја заштита.
Цените на становите се превисоки, крајно нереални и во наредниот период се уште ќе се покачуваат. Особено во Скопје дури и во приградските населени места на периферијата од градот ги поскапеа, во моментов се движат од 1200 до 1400 евра од метар квадратен во градба, го претераа веќе. Во централното градско подрачје достигнаа цени од 2800 евра за квадрат мислиш ова Дубаи е. Реално во градба не треба да бидат повеќе од 900 евра од квадрат. За квалитетот на градбите што да се каже испод просек со чест на исклучоци.
Лимак зградата е една од најголемите превари во Македонија дефинитивно. Пардон, СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА! 1. Зградата е полна со луѓе што не ги купиле становите и живеат таму буквално за џабе- луѓе инвалиди и инфлуенсерки. За инвалидите во ред и да се додели еден стан НО ЛУЃЕ секое такво семејство има по 4,5,6 стана и во тие станови сместуваат свои браќа, сестри, снаи, зетовци и остатокот го издаваат за по 600-700 евра за 42 квадрати плус сметки да си плаќаш и одржавање. Одржавањето е близу 4000 денари. ИнфлуенСЕРКИТЕ нема да ги коментирам. Но истите социјални станови во кои некој живее за џабе тебе ти ги нудат за 1000 евра да ги изнајмиш или 3200 квадрат да ги купиш??? ВО СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА???! 2. Смешно е да се потпишува договор за закуп со некој што нема ни имотен лист за станот! А тоа се сите во ЛИМАК! 3. Најголем дел од становите ги издава една иста агенција којашто е сместена во Лимак и издава скоро па исклучиво од Лимак станови (т.е. Понудува пошто не се издаваат баш) па може да видите колку објективно ќе ви каже и објасни за становите. Гледаат да не ве спојат со тој што го издава станот и одвоено одите кај нотар за да не видите со какви луѓе си имате работа. Ги тераат “сопствениците” да ставаат СКРОМНО УГЛЕДНИ слики со семејство, со деца на whatsapp кај што комуницирате, а уствари се од расипани порасипани и секако ќе ве за*бат на крај. 3. Уште кога се отвори зградата и становите беа нови веќе беше руинирано: терасите ни ги предадоа неисчистени и со камења одронети на нив, стакла од прозори и тераси цели со малтер и цела година не ги исчистија, ИЗОЛАЦИЈА ВО СТАНОВИТЕ НУЛА- кога некој нешто средува све се слуша дури и ако живее 10 ката подоле кога ќе се разлупа во недела сам одиш да бараш од кај се слуша од еден кат на друг пошто на рецепција или нема никој или е нетокму во главата, ѓубрето наводно се остава во просторија за отпад но не го собираат со денови а некогаш и недели и почнува секој да остава кај ќе стигне. 4. Заеднички тераси до крај на петти месец не ги отклучија и немаше обезбедување А ГО ПЛАЌАВМЕ, по влезовите постојано има ѓубре, цели тоалетни хартии и истурени кофи вода на влезови, лифтовите уште први две недели плочките им беа излупани и искршени од што е квалитетно и во секое време од три лифта работи само еден. Кога дува ветер звуците што се слушаат се уплав да те фати, мислиш ќе се откорне и влезна врата и тераса и све, се тресеш од страв пошто знаеш дека зградата е од хартија ама немаш што да направиш… Тоалетите немаат одводи и не можеш да исчистиш плус после секое бањање ти е мокро и се упропастува ламинатот пред тоалет. Ламинатот е друга приказна, кога одиш он се тресе, чкрипи цело време… 5. Пречесто прават експерименти и се активираат аларми па трчаш од 10ти, 15ти, 20ти кат пешки надоле за они да ти кажат дека е по грешка а таму се среќаваш со оние што се смеат на ситуацијата и што не плаќаат станови и живеат за џабе а тебе не ти е баш смешно пошто знаеш ти колку плаќаш за да на крај делиш простор со такви. 6. И за крај, ќе завршам со тоа со кого делиш простор. Станови што се издаваат за една вечер замислете какви доаѓаат, станови во кои живеат млади од Турција и лудуваат постојано, пијат и што ти не друго прават во становите па страв ти е да оставиш стан без никој да е дома и да одиш на одмор. И све ова и МНОГУ ПОВЕЌЕ го добивате за само 3000 евра квадрат! Предобра инвестиција. Со среќа нека ви е, комшии!
Десетици различни турци од Турицја ми имаат кажано дека таа градежна фирма во Турција е на многу неубав глас во смисла на градежни малверзации.
Пардон не сваќам во зградите на лимак се делало социјални станови?? Однадвор изгледат топ, а реално биле заникаде. Со моја плата никогаш неможам да имам таму стан со оглед на цените но и да можам не би земала после ова чим нема добра изолација. Изгледот мн лаже значи