За ова краткорочно издавање на становите преку Booking/Инстаграм, за интимни средби и сл. беше предмет на дискусија неодамна, на социјалните мрежи, но и преку статии на веб порталите. Не само во зградите на Лимак, туку општо низ зградите во Скопје. Имаше доста поплаки од станарите за недолично, дури и криминогено однесување на тие привремени посетители и бараа помош како да се справат.
Дали има некоја што живее во Хром? Ние сме веќе 5 год во Влае, и ни се допаѓа. Ама гледаме поголем стан, и да е на мирно место. Првично Влае гледавме, ама денес видов стан во Хром и ми се допадна. Aма некако како отсечена ми доаѓа населбава... За толкава населба, тука има еден излез кај семафорите, и друг скроз долу кај СП. Ме интересира дали е океј населба, безбедна? И чудно ми е дека нема ниту кафич, ниту маркет поголем. Сите се од другата страна на Гологанов. А цело време се градат згради...
Zdravo, imame kupeno stan vo zgradata na Ofis kom vo Aerodrom do Delicija ama neznam sto e rabotava zgradata lici kako pushtena da e, dukjanite rabotat a nas uporno ne ni go davaat stanot . Ima li nekoj vlezeno vo stanovite, znaete li so se desava zosto ne gi davaat. Trebase mart da se gotovi, kasnat mnogu a samo ni vikaat uste malku da pocekame
Офиском испаднаа толку непрофесионални, најлоша одлука што сме ја донеле е купување стан кај нив. Се уште не ни дозволуваат да влеземе во станпт а исто што пишавте видовме и ние дека дуќаните во зградата им работат. Ни договор не викнале да потпишеме, јас не знам стварно дали некој успеал да стигне до стан таму. Нека сподели, уште не сме виделе што купуваме
Буквално сме во иста ситуација, ѕвониме и ние не ни го даваат стантот до последно, прво да потпишеме договор и се па на крај а не не викаат за договор, забележавме дека некој се веќе вселени а тој дотичниот што е ставен за контакт е едно такво гнасно одвратно суштество се што кажа излажа да не знаете да има некоја вибер ггрупа или нешто од станари што веќе купиле таму стан?
Здраво ќе може да споделиш искуство дали веќе се почна со вселување во зградите и дали навистина изгледа така како што е прикажана на видеото, објавено за овој комплекс на веб страната на МегаАкустик?
Ние конечно после 3 месеци завршивме со целиот процес на купување стан па да ви пишам по некое зборче за тие коишто тек би почнувале или ви следи тоа понатака. Првиот совет од мене е да не се нервирате за ништо и да оставите да течат работите какошто треба. Првиот чекор е секогаш да се разговара со повеќе банки, да видите која ќе ви одговара најмногу според каматната стапка за станбен кредит па потоа да си направите информативен разговор со нив за да ви кажат (ако сте пар како нас) дали вашите финансии дозволуваат и колку дозволуваат месечна рата за станбен кредит. Доколку веќе си имате најдено стан, за оние што не се во градба процесот оди да си направите еден преддоговор и да платите капар колку ќе се договорите со продавачот. После тоа со преддоговорот и други документи што ги бараат од банката си одите да си аплицирате за станбен кредит. Откако ќе се испроцесира до некаде апликацијата за станбен кредит, ќе ве побараат проценители и тие ќе ви побараат слики или ќе отидат на лице место да го проценат станот и цената. Откако се' тоа ќе се испроцесира ви кажуваат дали ви е одобрен или одбиен кредитот, што скоро па никогаш не се случило. Откако ќе ви се одобри кредитот, треба да се оди на нотар, да се запише хипотека ако се става на станот, да се испроцесира хипотеката за да може банката да си ги проследи парите до продавачот. Откако тоа ќе се заврши, одите во Град Скопје за да си платите данок што они ви го одредуваат, пред да се оди во град Скопје, мора да се направи главен купопродажен договор со адвокат секако, затоа што го бараат при плаќањето данок. Во барака 16 во Скопје, влегувате и таму ви даваат два листа што треба да се пополнат за зградата, станот итн. Процесирањето трае најчесто околу 6 работни дена, кај нас беше толку отприлика, поднесовме во петок следниот петок веќе го плативме. Откако го плаќаш данокот, тој се процесира и ти стасува повторно СМС порака дека решението е готово и тука веќе можеш да си закажеш термин кај нотар за солемнизација на договорот, што е последниот чекор од бирократските работи. Трошоци поредени по фази за нас: 1. Преддоговор на нотар - 1200 денари, плативме без предбелешка, така се договоривме со продавачот што не е секогаш најдобрата опција ако сакате да се заштитите, ние така одлучивме, со предбелешка беше околу 3.000 мислам. 2. Запишувањето на хипотека - кај нас овој дел беше покриен од банката имаа промотивен период но отприлика изнесува околу 30.000 денари. 3. Данок на имот се плаќа 3-5% од проценетата вредност нивна, најчесто си имаат тарифи за одредени реони, ние плативме точно колку што си беше купопродажната цена односно 3%. 4. Солемнизацијата на главниот договор - 13.500 денари. 5. Адвокат - 6.000 денари за преддоговор и главен договор. 6. + осигурување за станот што ви го земаат при процесирањето на кредитот, 3 илјади денари. Сагата со бирократските работи заврши, сега ќе започне со мајсторите, ама се надевам дека на некој ова мое искуство ќе помогне затоа што за мене беше едно нешто тотално непознато, збунувачко, изгледаше премногу на почетокот, па еве се заврши.
Сѐ уште не е почнато. Во преддоговорите мислам дека стоеше дека крајот на септември е рокот за завршување на градежните зафати од страна на инвеститорот, а од тогаш да започне вселувањето ова е за таа првата што ја почнаа да ја градат во комплексот. Секако, има и некои рокови што треба да ги проверам. Сè е изведено исто како што е прикажано до најситен детал, од материјали до изглед. Буквално не постои ниеден пропуст. Јас досега не сум сретнал во Скопје објект што се гради толку прецизно, квалитетно и професионално, во сите сегменти, со вистинска грижа за купувачот и да си го добиеш тоа што го бараш! Поздрав од мене и топла препорака – ако мислиш да купуваш стан, дефинитивно од нив.Кога ке се вселам ке споделам повеќе инфо се надевам тоа ке биде soon as possible.
Леле не гледај таму, толку е пренатрупано со згради во последниве години тоа е лудило, порано не беше така а сега секоја година се повеќе има освен да најдеш стан во старите згради па да дишеш. Не може да се спореди со Влае,сто пати подобар избор подобро стрпи се таму да начекаш.
Фала ти многу за споделеното искуство и за препораката. Ако си во можност сподели повеќе инфо кога ќе се вселиш. Ќе може ли да те прашам уште која е цената за м2 сега?
Јас гледав стан до паркот и игралиштето веднаш. Толку е лошо таму? Мене пак ептен мирно ми се виде некако... Се мали згради и куќи во тој дел, Водно се гледа цело. Мене ми е дека ништо нема маркет, кафич во близина...
Oбавезно ке споделам,јас уплатив кога беше карабина, 2300–2400 евра, во зависност од начин на плаќање. Сега не знам точно колку е цената по м². Јавете се, прашајте.Се надевам дека нема драматично покачување, бидејќи сите згради ќе бидат со исти карактеристики и материјали изградени.
Е во тој дел не е лудницата јас зборев за другиов дел кај шо нема игла кај да падне кај шо се набиени зградите. Сепак е до стил на живот и вкус, убаво размислете пак ќе речам дека Влае е подобро ама според мене.
Ауу, другиов дел не би ни јас. Мене овој стан тука што го гледавме ми се допадна дека е мала зграда - 4 стана на 4 ката. Одма до игралиштето и паркчето. Станов 110 м2, каков што бараме распоред, тераса голема со поглед на Водно без никакви пречки. Само локацијата ме кочи, да ми треба од маркет нешто мин 15 мин пеш до Тинекс на Гологанов има, мин 15-20 мин пеш до кафич. А ние секој ден со мм кружиме со бебево и седнуваме на пијачка. Ме чуди како на толку згради во Хром (и во овој дел се гради, не дека не, ама пониски згради), нема ништо од комерцијални објекти. Само згради се чукаат.
Од мое искуство, запазија рок. Што мислиш под чист имотен лист? Добивме после некоја година ипол - две после вселување.
Епа тоа е бидејќи се гради без никаков план и стратегија. Ќе станеме како Америка, каде за до продавница треба кола да палиш.