Имам слушнато дека водата не се плаќа, исто и греењето на водата, демек као имаш постојано топла вода... Колку е точно ова знае некој ? А имате ли информација за квалитетот на градбата ? Надворешна, внатрешна, звучна изолација..? Малку сум скептична за новите градби, живеам долго време под кирија и скоро сите нови градби се со слаб квалитет, мене посебно ме нервира тоа што имаат слаба звучна изолација..
Не сум од Скопје, но би сакала да купам гарсоњера не ми е битно дали е новоградба или не толку нова (да не е многу стара), па би сакала совет за ефтина а добра локација и нормално не многу големо учество.
Топла вода оди на иста сметка со греење и ладење (не е вклучено во одржувањето). Не знам како се движат цените зашто во втората зграда сум и немаме уште добиено сметки за тоа. А ладна вода си е на посебна сметка, мислам дека се плаќа само паушал околу 350 денари, ама и за тоа уште немаме добиено сметка па не можам да кажам точна сума Точно е дека 24/7 има топла вода, нема болјери во купатилата. За квалитетот на градба мене ми делува доста поквалитетно од други што сум гледала. Надворешната изолација е супер, не се слуша ништо од надвор, а и внатрешната е доста добра. Сега кај нас се слуша понекогаш од комшиите над нас ама тие трчаат, секаде ќе се слуша тоа Ама и тоа не е некој страшен звук, ретко се слуша.
Дали некој скоро има купувано стан од Golden art,поточно од овие зградите во Аеродром (Ga07)? И какви искуства имате со квалитетот на градба?
Dali nekoj ke moze da mi kaze za zgradickite sto gi pravat vo Hrom... Kako e tamu za ziveenje dali OK se gradbite I zosto e taka niska cenata za kvadrat... Imate li iskustvo?
Здраво Феминки, Сакам да купам стан и сега се распрашувам по градежниве фирми. Од Елена Лука ми рекоа дека јас плаќам 5 посто ддв. Дали знаете какво ддв е тоа и дали тоа е на сметка на купувачот (се работи за нова градба и прв сопственик ќе бидам јас)? Секакви искуства се добредојдени. Фала ви однапред.
Барам стан за издавање во Тафталиџе или Карпош 3, најмалку 150 евра за 2 личности, вработници. Некој нека предложи или некој што знае што издава. Поздрав
Многу луѓе ми ги фалеа Голден Арт, па бев скоро во Ga07 да разгледам станови. Ова се моите забелешки за стан од 48m2: - Имаше само еден прозорец во дневната кој се губеше во просторот, а можеле да стават два еден до друг. Јас сакам многу светлина, а и естетски не изгледаше убаво. - WC-то беше многу мало и тесно, мислам дека не би собрало голема машина за перење алишта (можеби некоја помалечка), а камо ли и сушална. - Има само еден лифт - Не беа сигурни дали имаат слободен паркинг простор за во случај ако би сакала да купам. - Има многу мала дворна површина околу зградата - Има еден куп збиени згради околу зградата - Преградните ѕидови не ми се свиѓаа баш (ама такви се скоро кај сите нови градби) - Некако чувствував дека не би имала мир и приватност ако живеам таму. Мене најбитно од се ми е звучната изолација.
Дечки можеби сум на погрешно место но сепак ќе го поставам прашањето тука. Ме интересира на што внимавате кога разгледувате станови/куќи? или да бидам поконкретен, врз основа на што ја правите проценката за добар стан/куќа или добра зграда доколку се работи постара градба ( рецимо 90-ти години)? Секој совет е добредојден. Ви благодарам .
друже јас под кирија живеам и секогаш гледав да е стара градба. Се покажа дека тие имаат најдобра звучна изолација. Сега сум во градба 2006 зашто немав баш избор и во 7 и 20 сабајле во неделата ме разбуди стенкање од спратот врз мене. комшиката кога кива ја слушам иако тв ми е пуштено. комшијата кога хрчи исто. највеќе на тоа пазам зашто хотел промаја е вака. Друга работа. станов е на ивица. Од премногу дожд минатата год имаме влага на ќошот баш кај што е ивицата. би гледала да е сендвич стан.. можам да ти кажам дека у Мк најквалитетна градба имаат елена лука а по солидна од помалите фирми Два брата.
Дали може да сподели искуство некој кој купувал стар стан, односно стан од сопственик, а не од инвеститор. Како оди целосната постапка? Исто така, дали во Катастар можам да проверам дали станот е под хипотека или заложен или тоа се проверува на друго место, и дали во ЕВН/БЕГ/Водовод може да ми дадат информација дали има заостанати долгови за сметки од минатите години? Многу ви благодарам.
За хипотека на станот или било каков друг товар или прибелешка можеш да извадиш имотен лист во катастар (180 денари) и таму пишува се, освен ЕМБГ на сопственикот. За сметки не знам дали можат да ти дадат таква информација. Сепак треба да имаш конто број и слично за да провериш или пак директно со сопственикот.
А што е со целосната процедура, како одат чекорите? Знам дека прво се потпишува преддоговор кој треба да се завери нанотар пред да се префрлат парите, па по префрлувањето се потпишува договор по кој се плаќа данокот во општината, ако не се лажам, и се префрла имотниот лист на новиот сопственик од страна на нотарот. Претпоставувам дека нотарите не составуваат такви преддоговори па потребен е адвокат, а нотарот само да го завери. Дали нотарите соработуваат со адвокати во вакви случаи или сама да побарам некој добар адвокат за да го состави и дали има адвокатска тарифа за таква услуга како и нотарските или секој индивидуално наплаќа? Препораки?
зависно во која фаза. Ако е сеуште во градба си склучувате преддоговор на нотар, па тоа се предбележува во лист за предбележување во катастар, па откако ќе биде пуштена зградата во употреба инвеститорот добива имотен лист, правите договор за купопродажба, договорот го носите во општина за пресметка на данок. Откако ќе го заверат во општина и ќе го платите данокот, мора да ја уплатите целосната сума на станот или пак да да склучите договор за кредит со банка, па со сето тоа, го заверувате договорот за купопродажба на нотар. Нотарот по службена должност ( вие плаќате на нотарот ) го спроведува во катастар, запишува сопственост и ја запишува хипотеката ( ако го купувате со кредит, кој најчесто е хипотекарен). Преддоговорот и договорот ги составува адвокато со оглед на тоа што за предмет кој е во вредност од над 10.000 еур, задолжително го составува адвокат.