1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој има уплатено стан во зградата на Карпош Унија во Аеродром. Сакам да дојдам до Вибер групата на станари, па ако некој знае како или има контакт ве молам да ми пишете.
     
    Последна измена: 19 октомври 2025
  2. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    2.038
    Би сакала да прашам какви информации ви дадоа за рокот на целосниот комплекс? Личи дека имаат предвидено голем број на згради, но ги прават етапно, што значи дека со години плацот ќе биде градежен терен и непријатен за живеење.
     
  3. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    2.038
    Би сакала да прашам какви информации ви дадоа за рокот на целосниот комплекс? Личи дека имаат предвидено голем број на згради, но ги прават етапно, што значи дека со години плацот ќе биде градежен терен и непријатен за живеење.
     
  4. NickOrvel

    NickOrvel Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2025
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    60
    Секоја зграда е посебна во рамки на целиот комплекс. Конкретно, за зградата каде што јас купив, рокот за завршување на градежните работи првично беше до 30-ти септември, но е продолжен до крајот на декември.Уплатено пред година ипол. Последното што го знам е дека се финишира со молерисување и слични завршни работи. Секоја зграда во комплексот има своја посебна улица, рок за вселување и останати детали толку информации имам во моментов.Претпоставувам како ке се изгради зграда така ке ги пуштат една по една бидејки ке има многу и тој комплекс барем 10 години ке се гради.
     
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    13.737
    Пол:
    Женски
    Колку е данок ако купиш имот во Грција?
     
  6. Gushkalka

    Gushkalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2021
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Некој искуство со зградите на Голден арт? Ја гледав 4 степени зградата, каква е околината во смисла на градинки, школо, дали ја препорачувате (на булевар србија, во близина на џевахир)?. Гледам исто и Влае некои помали згради има со по неколку стана, изгледаат како во мирна околина, па за тие што имате искуство или сте живееле во некоја од овие две околини, Ве молам искуство за секојдневно функционирање, која би била подобра опција. Благодарам
     
  7. clen4

    clen4 Нов член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo, dali nekoj ima iskustvo so Siting Dooel (Investitor) i MM Markovski Inzinering (gradezna kompanija).
    Baraat 55% od vrednosta na stanot da se uplati so potpisuvanje na preddogovorot.
    Blagodaram odnapred.
     
  8. Veseli _cvetovi

    Veseli _cvetovi Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2025
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Имам голема мака и недоумица запнав да купам стан околина влае или хром по фирмите што контактирав беа мараи која гради до поликлиника ѓорче фабрика карпош која гради во александрија и бонанца која тек планира да почне да гради во хром кога зборував со мараи рекоа дека ќе биле готови 2027 фабрика карпош за 2 и пол години а бонанца од како што рече инвеститорот од почнување на градбата 1 и пол година би ве замолила за било какви информации ако имате да ми кажете за овие фирми искуство со фабрика карпош какви станови прават дали се запазува рок дали е сигурна фирма гледам имале фејсбук па го избришале се плашам вака да нешто не е во ред за мараи видов активни се на фејсбук ама не даваат многу информации исто за бонанца немаше ништо на фејсбук дали некој од вас би ме посоветувал укажал што како искуство со некој од овие фирми ме фаќа и страв искрено во градба да не се случи нешто стар стан несакам да навредам си имаат и тие свои добри страни но некако со мало дете сум па сакам нешто и да му оставам не ми се купува стара градба а и доста солени цени имаат би ве замолила за помош што како да правам мислам така па вака и незнам искрено секој совет и искуство од ваша страна е добродојдено за овие фирми ви благодарам
     
  9. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.763
    Допаѓања:
    47.060
    Пол:
    Женски
    Познавам многу луѓе што имаат во зградите од ФК купено, задоволни се со процесот до сега генерално.
    Но, каснат со рокови, да знаеш. Ретко е мислам денес да се најде некој што ќе испочитува рок.
     
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    3.226
    Пол:
    Женски
    Халк имаат моментално убава понуда за станбен кредит, без нотарски трошоци со фиксна каматна стапка околу 3,2%
     
  11. lina11

    lina11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    12
    Дали Елена Лука се точни со рокот на изградба што го даваат?
     
  12. skyfly 5

    skyfly 5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    135
    Во принцип да ги запазуваат роковите можеби со некое минимално доцнење но сепак прифатливо.
     
    На lina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.997
    Допаѓања:
    174.513
    Пол:
    Женски
  14. Veseli _cvetovi

    Veseli _cvetovi Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2025
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.850
    Допаѓања:
    14.410
    Често се случува во групите на социјалните мрежи, луѓето се жалат дека уплатиле станови и рокот за вселување се пролонгира. На што треба да обрне човек внимание при купување на недвижен имот за да не биде измамен? Како да добие максимум за парите, ако е тоа можно во Македонија на овие екстремни цени? Дали го проверувате некаде инвеститорот пред да одлучите каде ќе купите? Се распрашувате, проверувате онлајн?
     
  16. skyfly 5

    skyfly 5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    135
    Тоа со доцнењето и пролонгирањето на рокови е речиси кај сите застапено од причина што армирачко бетонските работи и ѕидаријата се изведуваат релативно брзо но потоа во внатрешноста за занатските работи(струја,вода,парно,лифтови,санитарија,плочки и останато) има помалку достапни екипи. Се гради на многу места а бројот на работници е помал и секако има пролонгирање.
    На пазарот се присутни многу еднократни инвеститори кои влегуваат во овој бизинс прават 2-3 згради и потоа згаснуваат(притоа честопати сакаат максимум да профитираат како со високи цени така и со нешто понизок квалитет на вградени материјали).
    Генерално поголеми доцнења има кај големите комплекси кои се со по 3-4 ламели 400+ станови тука честопати има менување изведувачи,поголеми шанси за фушерации во внатрешната изведба и подолго чекање на технички приеми,пуштање на лифотви/паркинзи и вселување.
    За посигурна инвестиција треба да се преферираат инвеститори кои се со поголемо портфолио на изведени објекти од каде може да се соберат повеќе информации за квалитет,задоволни купувачи и слично отколку кај оние што се помалку познати(без веб,фб страни и слично).
     
    На Luminary и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Mg400

    Mg400 Нов член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите
    Дали сметате ќе се намалат цените на станови ??
     
  18. Veseli _cvetovi

    Veseli _cvetovi Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2025
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Не дури и данокот може да рипне на 18% наместо 3% од физичко лице или 5% од инвеститорите ќе се види по нова година
     
  19. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    3.226
    Пол:
    Женски
    Не верувам, само поскапо ќе одат.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Wojak

    Wojak Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Машки
    Чудна земја сме ние, толку станови празни во Скопјево и најава за изградба на многу нови згради а цените само растат, тешко дека може да се предвиди кога без зимање во обзир на понуда/побарувачка растат цениве. Сигурно е дека ако фати некоја економска криза како што се најавува, кредитите ќе имаат поголема камата, така да и да има некое мало намалување на цената ќе го избрише каматата доколку се купува со кредит.