Здраво девојки, прочитав била некогаш спомната Кастм инженеринг . Дали некој имал искуство со нив? Како се со рокови и квалитет?
Здраво,пишав и во правни совети Имам ситуација каде сопственикот на станот каде живеам под кирија сака да ми го продаде со одложено плаќање или плаќање на рати како и да е. Имено, предлага да направиме купопродажен договор каде ќе стои нели цената на имотот, и рок на отплата 5 години. Да јас во тој период му плаќам на рати. Искрено прв пат слушам за таква понуда па ме интересира постои ли такво нешто. Дали е тоа правно исправно? Стварно не знам. Ви благодарам
Може али треба сопственоста да се префрли на тебе, а во купопродажниот договор да биде солимнизиран со извршна клаузула и дополнително да содржи обезбедување на побарување хипотека. Така што од една страна купувачот ќе биде заштитен станот ќе биде на негово име а од друга страна продавачот дека парите ќе ги земе во рокот определен со договорот затоа што ако купувачот не плати продавачот ќе може директно да ја активира хипотеката или на друг начин преку извршител да ја наплати неисплатената цена.
Дечки здраво. Со оглед на ситуацијава со цените на становиве која излегува од контрола имам искрена молба до вас. Доколку знаете некој или можеби некој од вас има стан за продавање од 30 до 40 м2 во околината на Аеродром/Ново Лисиче/Кисела Вода да ми кажете. Сегде кај што се јавив се продадени, а на 1-2 места преостанати ги продаваат по над 2000€ м2, пари кои ние ги немаме и не се реална цена на становите. Докај 1500-1600€ за м2 би можела да се склопам некако. Очајно барам мало станче - гарсоњера за мајка ми. Жената е веќе во години, така да и да не е нов станот ок е само да има лифт пошто за некоја година нема да може да се качува пешки. Ајде универзуме, соработувај со мене нека излезе нешто по нормална цена.
Овој стан нема имотен лист 15 години, и никад нема да има, инвеститорот ги прокоцкал парите и не платил данок и во катастар што требало за да добијат имотни листови луѓето.. Не се летајте со вакви као навидум евтини станови, после ќе заглавите никад да не можете да го продадете.. Зградава ја знае цело Скопје зашто нема имотни листови 15+ години.
Јас не се улетав да го купам, ниту па членката на којашта што го понудив, полека малце со коментариве, не сите знаат за зградава, фала ти што напиша сепак да не се зезне некој.
Па и не е дека нема. Повели линк. https://www.immowelt.de/classified-...partment&locations=AD08DE6345&priceMax=200000
Ај те молам да не почнуваме сите знаеме кој квалитет и поглед го има кај нас а кој во Минхен. На крај на денот подобро 30м2 во Минхен него ли 60м2 во Скопје.
И кај нас како што тргнало ќе биде 5000 евра квадрат се додека има луѓе што даваат пари за нереални цени извлечени од ракав, за станови и згради што чим се завршат се распаѓаат, без имотни листови без улици допраени па после вуци потегни
Искуства лима да сподели некој? Гледам имаат некоја понуда до 31.12, па ќе одам да прашам ама ме интересира ако веке некој од форумот има искуство, да знам да не одам ич ако не е ок работата.
Дали знаете некој инвеститор што гради во Влае? Се јавив на две три места, по 2000 евра квадрат. Лудило
и јас исто барам девелоперс во влае, не сакам хром. Ако знаете некои што градат во Влае ве молам пишете. Благодарам
Фабрика карпош Ќе биле готови за 2 и пол години поточно во новата населба Александрија бројот на интернет го имаат
Па горе доле да држат до некој квалитет но кај нив е проблемот што многу доцнеле ако речат 2 и пол ќе биде 3 и пол од повеќе места разбрав дека било така пред околу месец дена и јас ги контактирав рекоа 1690евра од метар квадратен е но после нова година ќе се поскапеле така рекоа доцнат и за имотните исто по неколку години тоа е се што имам информации многу објекти прават немале доволно работна сила и јас се мислев да уплатам или не па засега стагнирам сите достапни квадратура ги имаа а до 4 кат беа до пред месец малку чудно обично околу 50-60 квадрата брзо иде но треба да се пратат имате нивен број на интернет слушнете се видете разгледајте па споделете ваше мислење