Никогаш и нема да го добијат имотниот лист американ констракшн одамна не постои не се плеткајте и не се лажете за цената нечиста работа е ова
Фабрика карпош каснат многу со роковите, зграда 3.3 требаше да биде готова пред година ипол, уште не е готова моите имаат купено таму стан. И сигурно нема да е готова уште една година. Зборам со лифт, струја, парно се комплет. Вака навидум е готова и викаат вселива ама не е баш така. Тие што се уште дупки или само кренати до некој спрат, минимум 3 години давам, ако не и повеќе. Ептен споро оди процесот
Здраво, дали некој има купено стан во Bastion Residence во Ѓорче Петров, инвеститор NB Company од Тетово? Доколку може да ми пише или да сподели повеќе информации за инвеститорот и текот на градење на зградата. Благодарам.
Дали некој има купено стан или има некакво инфо општо (дали се почитуваат рокови за градба, дали со документација е се навремено и сл.) за инвеститорите Хабикон ДООЕЛ од Струга и ПСХ Билдинг ДОО од Скопје? Ми излезе оглас за станови во градба во близина на ФОН па затоа прашувам. Благодарам однапред. https://habikon.mk/
Има ли некој било какво искуство со Hellga Construction? Не успеав да најдам никаква информација за нив..
Здраво, имам прашање во врска со данок на имот. Со партнерот купивме стан во средина на 2025. Сега во декември ги менуваме личните карти со новата адреса. Дали треба нешто друго да пријавиме или некој да известиме дека живееме во станот за да добиеме регуларен данок на имот за 2026 (како да живееме во него, а не поскапо)
Фала многу би ни значело. Секаде каде што прашавме ни кажаа со промена на лична ама не сакаме да се изненадиме непријатно со данокот за 2026
ако станот е во Скопје, тогаш во Град Скопје копија од новата лична карта, за да докажете дека живеете во станот.
Јас го имам истово прашање, ние плативме данок во август некаде, треба ли и ние пред 2026 да одиме во Град Скопје со копии од лични карти дека живееме во станот?
Ќе пишам во темава што и како иде процесот само да консултирам адвокат (чекам повратно инфо) бидејќи и ние сме тука негде пола година со станов со сменети л.к.
https://skopje.gov.mk/mk/city-uslugi/uslugi-danoci/danok-imot/ На оваа Анита Наков и пишал, таа му сугерирала така откако ѕвонел во град Скопје. Инаку и да дојде поголем данок, го корегираат со личната карта.
Здраво, дали имате скоро искуство со преддоговор за новоградба? Дали имало вклучени пенали за доцнење? Исто така за делот за ДДВ, дали имало член дека ако се зголеми до завршување на градба, купувачот треба да ја доплати разликата?