Здраво, дали некој има искуство за давање на плац за изградба на зграда? како иде процесот? Имаме плац од 1000м2 наследен и би сакала да го заменам за стан некаде во Скопје со некоја градежна фирма
Здраво, дали некој има искуство за давање на плац за изградба на зграда? како иде процесот? Имаме плац од 1000м2 наследен и би сакала да го заменам за стан некаде во Скопје со некоја градежна фирма
Да, во мојот преддоговор така пишува дека ако се зголеми ДДВ до склучување на главен купопродажен договор го плаќа купувачот. За среќа најавуваното зголемување на ДДВ се одложи па сеуште имаме надеж дека наредната година ќе биде завршрна зградата и ќе се спасиме од дополнителен трошок.
Има и пенали пишани во преддоговорот но рокот е до декември 2026, има уште време и чекаме, се надевам дека се ќе заврши како треба.
Ја избришале фејсбук страницата и мене ми беше многу сумниво добро е што не се залетав они се ко сигурни ама и 5 години зграда да се чекало.
Прати линк јас кога барав немаа само инстаграм и ги прашав на тел заради нели да видам шо како видеа од градење и да бидам во тек рекоа немаме само инстаграм тоа беше крајот на октомври сега незнам ако отвориле пратете линк да видам баш
Фабрика Карпош ти е реномирана градежна компанија со долгогодишно искуство. За квалитет на градба гарантирам, а за рокови и јас сум чула дека доцнат ама некогаш и не зависи од нив тоа