Форумџика на годината

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. Парцела

    Парцела Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Здраво, јас имам купено стан од Саник во Хестиа Аеродром и сум задоволен, предходно живеев во зграда градена од Настел квалитетот идентичен дури во саник имам подобра звучна изолација комшии не слушам. Таму најмногу галама креваа оние луѓе што имаа бараки на тоа место и им се брзаше да се вселат инаку мислам каснеа околу 1 година. Сега купив стан во С-Блок во кисела вода за децата. Бараа согласност од настал кога го купував станот нз зошто ако има некој по упатен нека каже
     
  2. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    3.805
    Пол:
    Женски
    Колку од прилика ве фатло за да опремите стан?
     
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.943
    Допаѓања:
    6.648
    12-13.000 евра
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    5.525
    Пол:
    Женски
    Нас 12 илјади евра. Карабина го земавме
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  5. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    3.805
    Пол:
    Женски
    Фала ви, бар да си имам во предвид.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    3.026
    Пол:
    Женски
    Бендисав ама стар стан, локациски ми се допаѓа многу НО, треба да се реновира од корен буквално. Колку би ме чинело реновирање 76м² знае ли некој отприлика?
     
  7. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    5.525
    Пол:
    Женски
    Какошто пишав и погоре, околу 12-15 илјади евра сега зависно и што треба сѐ да се менува.
     
    На jack&jones05 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    3.026
    Пол:
    Женски
    Ама ти имаш пишано за опремување, јас зборам за реновирање, со буткање ѕидови и слично.. значи под прозори буквално се
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    5.525
    Пол:
    Женски
    Па толку е отприлика, 15 илјади евра со моменталниве цени не ти бегаат, а може и повеќе зависно од што сѐ има да се реновира, дали ќе се вади паркет дали ќе ставаш пак паркет ламинат таркет, какви прозори ќе купиш, колкава е кујната вц-то. Пред месец ипол го поминав процесот затоа и зборам, не зборувам на памет.
     
    На jack&jones05, Dodo1 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    3.026
    Пол:
    Женски
    Тоа и не е така страшна сума, јас очекував повеќе од 20илјади евра..
     
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.074
    Допаѓања:
    16.841
    Пол:
    Женски
    И повеќе ќе те чини, зависи и што сакаш, што бараш.. Плус од корен реновирање, бара и многу живци, да знаеш. :rofl:
     
    На Isabel, bookslover, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.731
    Допаѓања:
    200.700
    Дали постои една фирма што би извела реконструкција или треба да се драпаш со разни мајстори за разни ствари?
     
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.943
    Допаѓања:
    6.648
    јас реновирав од корен стар стан, 60м2, со тоа што маж ми многу работи сам направи, сам ја местеше цела струја, ѕидаше ѕидови, вода не ни наплатија, пријател ни местеше и слично, со се опремување не фати околу 25.000 евра, ама мислам дека имавме заштедено многу рачунај негде минумим 20.000 евра ќе те кошта.

    и ние го купивме заради локацијата, ама една година нерви искинав со мајстори :D
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.943
    Допаѓања:
    6.648
    има фирми, ама е многу поскапо.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.731
    Допаѓања:
    200.700
    Кои фирми на пример, кај да ги барам?
     
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.943
    Допаѓања:
    6.648
    renoviranje.mk на инстаграм отвори
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    5.525
    Пол:
    Женски
    Мислам дека постојат фирми да ама се доста поскапи од тоа што би бркала сама. Ако најдеш ажурни мајстори ќе ти завршат многу брзо работа, ние од карабина за месец ипол се вселивме. За фирми не знам да ти препорачам за жал :(
     
  18. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    5.525
    Пол:
    Женски
    Епа зависи и што ќе купиш затоа кажав индивидуално е. Реално ти сега ако го направиш луксузен станот може и 30 илјади евра ќе потрошиш. Ние си купувавме сѐ скоро средна класа, убаво, угодно ама не нешто луксузно со тоа што нормално сѐ е модерно. Ама пак ќе кажам и до вкусот е и што конкретно ќе реновираш + опремуваш.
     
  19. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    3.026
    Пол:
    Женски
    Е ова веќе ми е пореална сума.. затоа се зачудив членката кога пиша 11, 12 илјади
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.943
    Допаѓања:
    6.648
    јас буткав ѕидови, преградував тераса, вадев паркет, стававме нова водоводна инсталација, цела нова струја пуштивме, внатрешни врати вадевме, влезна врата нова, прозори, плочки кршевме, доле нова кошулица ставивме, нови радијатори стававме пошо на градско парно е станот, буквално се од корен, значи не знам само колку пари фрливме за фрлање на шут шо сега воопшто сигурно не го ни размислуваш, и си трае и си кошта, за месец дена нема шанси, освен да пробаш евенатуално со фирма, кога прашував мислам дека најевтинито беше 300 евра од м2.
     
    На Antebellum, Dodo1, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.