Здраво, ме интересира што мислите за стан доградба/надградба во карпош? Станот е во новиот дел, нов, но зградбата е стара, се уште ја немам видено, но ми треба генерално мислење за таквите доградби, а и ги има повеќе еве во карпош колку што знам...
Здраво, може ли да ми посочите згради во градба (завршна фаза оваа година) во влае, козле, хром, кисела вода..? Евентуално нешто старо не повеќе од 5-6 години на продажба..
Здраво, ми треба помош/консултација од некој кој имал искуство со „Фабрика Карпош“ - Скопје. Дали становите им се квалитетна градба, дали го почитуваат рокот за изградба и дали навремено се добива имотниот лист?
https://www.slobodenpecat.mk/sopstv...rot-da-se-smiluva-samo-vetuva-i-ne-ispolnuva/ https://www.slobodnaevropa.mk/a/stanovi-skapi-kvalitet-somnitelen-/33656583.html
Каснат со рок. Моите земаа стан, требаше да биде готов декември 24та, еве уште не е завршена зградата
Каснат со роковите и по година-две, ќе се изначекате. Со моментов посигурно е да се купи готов завршен стан.
Во врска со градбата важат за фирма што користи квалитетен бетон, не знам како тоа може да се докаже. Од страна на санитарија, плочки, паркет( користат таркет), внатрешни, влезни врати, квалитетот е онака, би добиле најефтина понуда вклучена во цената, ако сакате да бирате подобро ќе треба да си доплатите. Генерална забелешка: не се однесува за споменатата компанија, како не им е срам на тие цени по м2 да ставаат буквално ѓубре од санитарија, плочки, врати, паркет. И за жал има побарувачка и се продаваат.
Дали некој знае како е моментално ситуацијата во општина Карпош за проширување на тераси во руските згради? Дозволуваат или не?
Здраво дечки. Треба да направам промена на струјомер/водомер од инвеститорот да се префрлат на мое име. Дали некој ова го правел скоро, да ми ја каже процедурата, дали може да се направи онлајн, итн итн? Фала ви!
Jas nikogas ne bi zemala nadgradba.Zgradite se od pred zemjotresot stari, I nemaat statika za nadgradba, nemaat ni plochi megu spratovi.A najgore stan so krov koj ne znaes kolku I koga ke proteche e mnogu rizichno. Samite hodnici I skali mirisaat na muvla,stara kanalizacija....
Како е сега кај фон и мерцедес за купување стан имаат ли имотен лист, како е квалитет и гледам мултисплит сметки, нема парно како иде тоа делење?
Немаш никакво делење на сметка со мултисплит. Тоа тие е инвертер клима која има надвор еден мотор а внатре се дели на повеќе единици (фенкојлери и сл.) Добари економичен систем каде што истовремено го решеваш греењето на зимно и ладењето летно време.
Некој да не знае до кога е планиран рокот за најновите згради на Фабрика Карпош во Александрија и колку се движи м2?
1650 евра, но достапни се само над 60м2 (помалите продадени) и ќе бидат готови за околу две години....