Здраво. Дали имате искуство со исплата на пенали за доцнење на предавање на клуч како треба да се постапи сигурно они самите нема да исплатат. Благодарам
Порта Влае кружен тек е уствари веќе Ѓорче. А 1800 за стан во градба во Ѓорче е премногу, ако мене ме прашуваш.
Секаде се многу, не само овде, оди најди сега во н.Илинден нема стан испод 1300€ м², за жал цените се повисоки ќе бидат.
Знам... активно гледам станови, па споредувам цени. Зависи членката во кои населби разгледува, искрено за 1800 евра од квадрат има станови на подобри локации.
Дали во договорот ви пишува дека ќе ви исплатат пенали за доцнење, тоа е многу битно. Некои се вадат со тоа што ќе исплателе после технички прием на зградата. Треба секако да ви исплатат. Ако не сакаат консултирајте се со адвокат.
Има. Ако имаш веќе имот на твое име да го ставиш тој и тој што ќе го купиш под хипотека. Односно ако имаш под хипотека повеќе од еден имот, во тој случај не треба учество.
Ако веќе ставиш еден имот под хипотека, смееш да ставиш и уште еден, во случајов тој што ќе го купиш, за станбен кредит?
И јас знам за пар којшто лани зеде кредит за стан без учество, со тоа што неговите родители го ставија нивниот стан под хипотека.
Мене ова ми е ризично, ако се случи нешто, да не може да се исплати станот, тогаш банката ќе го земе и нивниот стан. Подобро да се земе мал потрошувачки кредит за учество.
Да. Вообичаено кога се зима станбен со учество се става хипотека на станот што се купува. Но во случај да веќе имаш постоечки стан ако го ставиш и тој под хипотека немаш потреба од учество. Дури и повеќе и одговара вака на банката зошто има поголема сигурност. Ако од икс причини престанеш да плаќаш ќе ти ги ликвидираат и двата станови.
Се сложувам. Подобро да земеш еден помал потрошувачки кредит и тоа да го приложиш како учество него два стана под хипотека.
И која логика е да ставам под хипотека имот што ми вреди 100.000 евра, за учество што вреди 10-15.000 евра? Кој ќе се нафати на вакво нешто е будала, а банкиве тоа сакаат. Подобро помал потрошувачки кредит да земеш за учество, него ли вака 2 имоти под хипотека на лепе очи.
Па еве јас така направив кога купувавме стан, голем стан земавме и ни требаше и поголемо учество а кеш пари немавме толку. Потрошувачки ми немаше поента затоа што во тоа време немаше поволни каматни стапки за истите. А имав веќе постоечки стан кој од икс причини не ни одговараше за живеење. Со два стана под хипотека земавме таман кредит за 120кв стан и уредување. Секако нели намерата е чесно да си го исплатиш кредитот, не гледам зошто би се углавувала дополнително, особено што требаше и двајцата да земеме потрошувачки за да го достигнеме минимумот за учество. Сега има и потрошувачки со повисок износ ама пред 5 години немаше, ама пак не гледам како банката би те заебала у случајов, според мене услуга ми прави. Станот што го имам секако не планирам да го продадам можда евер. Секоја работа си има позитивни и негативни страни, зависи што е целта.