Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Штом има мора да ви исплатат. Некои инвеститори кажуваат после технички прием, ама бидете упорни барајте си ја сумата, одете кај нив или јавувајте им се, правете им повеќе притисок. Ова го кажувам од лично искуство.
     
    На lina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.101
    Допаѓања:
    7.056
    зашто да не, не се сите во можност да земат потеошувачки кредит или са плаќаат потрошувачки и станбен, учествата се веќе се поголеми
     
  3. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Она што сакаше да каже членката, а исто се согласувам и јас е дека ставање на сопствен имот под хипотека е ризик. Зошто? Не дај боже изгубите работа или се случи нешто во семејството, болест, и не можете да плаќате рата банката ќе ги земе двата стана.

    Во случај да платите само учество за нов стан под хипотека и не можете да го плаќате кредитот банката го задржува учеството, го става станот на продажба и ја врака сумата што сте ја уплатиле до тогаш за кредит.
    Мене посигурно ми е да дадам 10000 евра кредит плус камата за учество, отколку да заглавам сопствен стан под хипотека. Ова секако е индивидуален избор, кој како се осеќа финансиски комфорно.
     
  4. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Ама тоа воопшто не е така. Точно не дај Боже се може да се случи, НО, ако збориме за кредит пр 200.000€ за кој треба учество ~40.000€, јас со два стана под хипотека земам само 200.000€ кредит станбен. Во случаевите што вие ги кажувате треба маж ми да земе 40.000€ потрошувачки што нема ни да му го одобрат зошто потрошувачки нема до толкав износ и јас 200.000€ станбен и 240.000€ главница како долг да ни биде. А веќе имам стан на располагање, зошто да не си ја искористам таа ликвидност? Плус не можат двата стана да ги земат зошто веројатно дел од кредитот ќе имаш исплатено и вредноста на главница нема да биде во висина за два стана верувам. А во крајна сметка ако дојде ред да банкротираш секако ќе си го продадеш станот нема друг начин. Хипотеката на првиот стан е само за банката да си има некаква сигурност. Во секој случај има многу варијабли што треба да се земат во предвид, но финансиски и те како е поисплатлива опцијата да идеш без учество. Освен ако немаш кеш 40.000€ вишок.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Вие зборувате за суми од 200 000 евра, вас не ви треба кредит вие имате доволно пари, јас зборувам за луѓе што може да изгубат стан за 7000-10000 учество.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.452
    Допаѓања:
    17.568
    Мене ми кажаа во банката дека хипотеката се ослободува штом ќе се уплати сумата за која е гаранција. Имало посебно барање кое се поднесувало. Иначе и јас ја избрав таа опција (учество + хипотека) и воопшто не мислам дека е погрешна се додека имаш сериозни намери за редовно отплаќање на станот.
     
    На Bobak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.452
    Допаѓања:
    17.568
    Таман работа ако дојде ред за 7000-10000 да изгубиш стан. Во таков случај секако дека ќе се снајдеш како и да е. Како што кажав погоре таквата хипотека не е врзана до целосно исплаќање на станот.
     
  8. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Ама тоа може да се случи само и единствено ако имаш намера да не го плаќаш кредитот. Со една неплатена рата ниту една банка не ти го зема станот, треба со години да не плаќаш за да дојде до тој чекор. А ако веќе присилно се наплаќа станот секако ќе ти е проценет за мн пониска сума од што реално вреди а извршител има право да ти ликвидира имот што е на твое име и без да имаш хипотека на истиот. Така да ако некој има имот на свое име не гледам зошто не би го ставил под хипотека место учество. Ако дојде ред до банкрот, извршител секако ќе ви земе се што поседувате, само ќе имате и плус потрошувачки за учество за враќање.

    Е ова не сум го знаела јас, супер што сподели :)
     
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.261
    Допаѓања:
    13.766
    Пол:
    Женски
    Масмен до еаст гате, искуство или мислење?
     
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    6.473
    Пол:
    Женски
    Ама зборувате за стан 200.000, а тоа е веќе луксуз. Ако имаш да купиш стан од 200.000 треба да имаш и за учество.

    Ние купивме стан од 90 илјади евра и ни бараа учество 13.500, и тоа е “мала сума” да земеш потрошувачки.
     
  11. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Дискусијава ми беше дека ако веќе имаш имот на свое име не мора да земеш потрошувачки за учество или кеш пари ако ги имаш да ги дадеш за тоа, кога имаш основ за банката да има “сигурност” дека ќе има начин да ги наплати парите. Тоа е поентата и на потрошувачки и на самата хипотека всушност. Дека во случај да во еден момент престанеш да го плаќаш кредитот ќе има начин да си ги врати средствата.
    Ако си зел еве 100 квадрата стан со 200.000€ кредит они не можат за 10 години ако останеш без работа и не плаќаш некое време да ти ги земат двата стана зошто ти си ја исплатил вредноста на таа сигурност што ним им треба. Ќе си го земат само едниот стан. Исто како и со потрошувачки.

    Честитам за станот, саде убавини в него! :)
     
    На Simon4e0507 и pdb123 им се допаѓа ова.
  12. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    6.017
    Само споделив дека може да се земе кредит без учество, пошто тоа беше прашањето, а нагоре велеа дека не може :).

    Инаку да, како што ми кажаа, хипотеката на другиот стан важи само додека не вратиш одредена сума од кредитот (веројатно некоја сума што кореспондира на учество), после тоа, се трга хипотеката од тој стан.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lina11

    lina11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    13
    Jas bev da gi vidam koga bese vo gradba iskreno ne mi se dopadna se e gips
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bobak

    Bobak Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2025
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Па двата имоти ќе се под хипотека ?
     
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    17.530
    Пол:
    Женски
    Па тоа прашував, дали смее два имота под хипотека на исто име од физичко лице.
     
  16. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.905
    Допаѓања:
    7.613
    Со квадрат што е веќе 2000е еден стан за четиричлено семејство толку ти испаѓа.
     
    На EnaEnA30 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  17. NickOrvel

    NickOrvel Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2025
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    80
    3 месеци како сум вратен во Македонија, од она што гледам веќе е нереално. Станови, поготово во централен дел, се продаваат од 2600 евра па и преку 3000 евра. Не знам како е во другите делови, но и таму е веќе околу 2000. Искрено, ќе стане нереална ситуација човек да купи поголем стан. Да речеме со една спална, стан накај 40 квадрати ќе фати нешто над 100 илјади евра. Поголем стан, ако е повеќечлено семејство, од над 65 квадрати ќе биде претешко купување, па чак и со кредит.

    Не сакам да сум песимист, но веќе не се исплати да работиш надвор и да вложиш во стан во Македонија пари, бидејќи е прескапо. Од ова што гледам, платите се движат од 24/25 илјади па нагоре(секогаш од почетно се почнува па напредуваш) како на пример некаде сатнина почнува минимално од 13,14евра. Претешко, тоа е мизерно. Си ставам во глава, ако човек мора да живее под кирија, а зима плата по закон од државата 24/25 илјади, еве и 30 илјади – 500 евра, значи 25 дена од 1200 денари од ден. Како би платил кирија од минимум 15 илјади денари?Потоа други режиски животни трошоци не дека само од плата ке живее ама ...

    Не сум паметен, тотално нема никаква координација и ред во државата. Си дадов време до накај есен, каде можам да дозволам да бидам без работа, после тоа ќе размислам дали ќе останам. Пак ќе кажам, не сум токсичен и песимист, но нереално е сè ова кај нас од мое гледиште.

    Цените на станови се нереални, иако платив во градба поодамна поефтино, и тогаш и сега цените немаат допирна реалност со платите и работната можност во државата. Како ова ќе се одржи понатаму – Бог знае.
    На секое ќоше се гради во центар раскопани дупки за згради за некоја месец/година куќа за лек нема да има човек да види.

    Поставувам прашање: ако човек сака да живее и работи, треба да има адреса како во сите нормални земји. Како може со плата од 24/25 илјади, еве и 30 илјади денари, да плати само кирија 15 илјади? Каде се другите трошоци? Од платата, еве и мини-џоб да работи, какви можности има?
    Ја зимам почетна пошто сите каде и да одиме почнуваме од почетно или минимално колку е па правиш есап дали ти се исплати или не со сите трошоци давачки и етц / пример имам плата 500 евра од тие 500 евра плаќам кирија 250 евра уште 80-100 струја,вода,инфостан и етц значи 350 евра ми остануваат 150 евра за 30 дена значи нема никаква логика ова во Македонија просто е.И на плата во Белгија да речеме од 2400 евра правиш исти давачки како и во Македонија .... само што од 500 евра пресметуваш а само 3 часа лет од Скопје пресметуваш живот и останато со 4 или 5 пати поголеми примања.

    Не ми се верува што како народ и луѓе живеат и трпат ужас.
    Не знам што се треба уште помизерно да е.
    Џабе ако тебе ти е добро кога истиот простор и воздух го делиш со останатите кои не им е добро што не значи дека можеби еден ден и ти ке бидеш како тие останати.Не знаеме ден што носи.
    И после 30 и куср години модерна држава основни нешта нема за живот.А тоа е работа и достоинство колку толку. 21 век 2026 година факинг ароунд 500 евра.На што се должи тоа? и дали вака уште 30 години мизерија и живот поминал.
     
    На azelea, lala15, lina11 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bobak

    Bobak Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2025
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    А дали кога ќе подигнам кредит за стан со хипотека дали може плус кредит да ми дадат за реновирање на станот ?
     
  19. Bananki023

    Bananki023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Дали познавате некој што продава стан во Гранд Ривер во Скопје? Искуство и миселење да сподели некој.
     
  20. Annanas

    Annanas Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Дали знаете кој е инвеститор на пваа зграда во Ѓорче? на кружниот тек IMG_4946.png IMG_4946.png