За иста цена дали би одбрале нов стан во зграда стара 3 години или пак стан во постара зграда (кулите од 80тите во Ск) кој треба да се реновира? Во недоумица сум
Во стара зграда станот може да го дотераш и реновираш од корен но за жал не можеш да влијаеш на хаосот во заедничките простории. Имам таков пример, познаници станот си го дотераа како нов ама скалите, ходниците и подрумите беа хорор, старо, искршено, нечисто и засмрдено .
Моите го имаат овој проблем. Купија стан во стара кула као божем цврста градба без пропусти од новиве градби, реновираа од корен но лифтот, ходниците и подрумите ужас. Башка повозрасни комшии па повуци-потегни кога треба да се среди нешто заедничко.
Мене пресудна би ми била локацијата, искрено. И дали ми се брза да се вселам, или не. Ако не ти се брза, имаш време и да го изреновираш станот на раат.
Јас би секогаш во стара зграда. Станот може да го реновираш по свое, а што се однесува до влез и заеднички простории, отприлика можеш да процениш според тоа што го гледаш. Ако е пристојно, значи се грижат за тоа, што не можеш да видиш во нова зграда на пример. Ама ако е за иста цена, стариов поскап ќе ти испадне со реновирање, процени дали ти вреди за тие пари.
Секаде во Скопје е така, прашањето тука е, не дали станот гледа кон друг стан туку од колку метри гледа кон другиот стан (комшиите)?
Во една од нашиве општини низ Скопјево, има и едни тераси кои буквално (ама буквално) се допираат, така лошо изгледа што тие „попаметните“ навреме си ги продадоа становите. Пред да никнат, имаше куќи чии сопственици за ништо не ги даваа, ама ваљда сѐ си има своја цена.
Како тоа за иста цена, освен ако стариот не е поголем и не е на подобра локација тогаш новиот секако. Стан од 80 се реновира комплет со инсталација. Имам искуство со стар и нов. Стари гледав само заради распоред на соби и комоција, тоа ми недостига кај новите. Предност е кај новите тоа што СЕ е ново, па “подолго” ќе биде ново. И тоа е дискутабилно. Новата зграда еве после 10 години ја стига старата затоа што таму се ужас комшиите и не одржуваат. И старава е крш од други причини ама комшиите се ок. До мене има стари згради кои се внатре целосно реновирани, барем по приземје, со мермер, нови лифтови, дрвенарија. Во однос на квалитет на градба не мислам дека има којзнае каква разлика, бетон и арматура сите имаат. Изолација е никаква до сега во сите 4 станови каде живеев и нови и стари. За мене пресуден беше само распоредот на старите станови. Да имаше нова зграда до мојава со ист распоред новиот ќе го купев.
Со оглед на културата во Скопје - попрво би купила нов стан. Ако станот е од 80-тите - значи досега 2026та има веќе 40-45 години амортизација. На толку години користење на зградата веќе треба обнова на фасада со енергетско-ефикасна, реновирање на скалишно јадро, промена на водоводна инсталација... Дали нешто од ова е сменето во зградата со потенцијалниот стан? Претпоставувам, не. И еве ти да го купиш и живееш во него наредните 20-30 години, а притоа ништо не се превзема зградата продолжува да старее, станот ќе губи вредност ако зградата пропаѓа. Дали сега би купил стан во зграда од 60-тите... јас не, затоа што сите се пропаднати оставени на заб на време. Се сложувам дека распоредите во старите згради се многу подобри од сегашните. Нема споредба.
Да не знае некој нешто за nova real estate, продаваат станеви во згрсдата на биси-елисиум? Сигурни се, се е легално?
Како е процедурата при купување стан? Не носи инвеститорот кај негови адвокат и нотар. Треба со свој адвокат да одам? Како да сум сигурна дека со неговиов нема да ме изиграат нешто?
можеш сама да си избереш адвокат, они најчесто соработуваат со адвокати и нотари, но ако инсистираш дека имаш твој адвокат ќе попуштат. а и адвокатите немаат интерес да ве изиграат, може само да има повеќе одредби што го штитат инвеститорот
Околу изигрување, каде е поголем ризикот нешто да те изигираат, кога купуваш нов или стар стан? Имаше тука еден дечко, трет газда на стан, па вода му исклучиле оти првиот газда должел, и значи се чудеше што да прави, го тераа да плати туѓи долгови, што нема логика. Друго, со даноциве, ако одиш во општина да си платиш данок на имот, за пресметка треба да чекаш еден месец, некои можеби и повеќе да чекаат. Значи ужас процедури, долги, мачни, ризик да бидеш изигиран има секаде, а не е евтино, квадрат постојано скока. На што да се обрне внимание за да не бидеш изигран? И дали е полесно да се купи нов стан, како што читам тука данокот го плаќа инвеститорот, да не се мачиш од шалтер на шалтер ако за стар стан плаќаш данок?Додуша сите би сакале ново, ама колкави се можностите финансиски. Кај инвеститор ќе треба да платиш повеќе секако.