И јас истото го мислам за нива - се додека нема ДУП или можност за пренамена во градежно земјиште - тоа може да со проверите - ако е само земјоделско земјиште - прашање е колку само проблеми со законот ќе имате ако градите викендица нелегално Распрашајте се убаво
Ние сакавме да земеме стан од нив, ама не продолживме. Александрија/Фабрика Карпош беа супер до пред 3-4 години, се знаеше дека се добри и беа поим(ако каснеа по година, година и пол ама ја тераа работата и градбата им е многу добра во споредба со други). Ако некој знае подобро може да пише, ама мислам дека имаат зграда што им касни 3 години(мислам некоја од редот на 5-ките, ако има некој од таму може да пише и даде инфо). За последните згради мислам дека сите се застанати и немаат технички преглед(и нема некој план дека ова ќе биде во скоро време). Зградите се вселиви, може да живеете ама имотни листови многу тешко во скоро време. Еве инфо и тука : https://www.slobodenpecat.mk/dve-go...estitorot-veli-prvo-parno-pa-tehnichki-priem/
Гледаме стан на приземје. Со двор. Гаражите се под станот.. не се работи за голема зграда, 8 станови се, 8 паркинг места. Не предомислуваат дека ќе биде многу ладно зимно време со оглед на тоа што гаражите се под станот, но јас некако си викам, не е тоа некој многу голем простор доле. Нова зграда, квалитетно е градена се гледа.. искуства?
И да е поладно ќе згреете, никој не измрзнал на приземје Гредај позитивно, летно време нема да ви треба клима
Па зависи сеа тоа греење да не ми се фати 200 евра за струја па да се чудам што сум направила. На време се мисли за се, затоа и прашувам.
Релативно нова. Пример од 2000та.... Се греевме на печка на струја плус панел. Катастрофа беше. Дали имало изолација, не знам.
Зависи на која страна гледа станот ако е со источна,југо-источна ориентација би било супер и мислам дека нема да биде ладно во станот освен ако нема некоја друга градба која е преблиску па би го намалувала осветлувањето.Исто така доколку има термо-фасада со самото тоа објектот нема да губи топлина во текот на зимскиот период така што со минимално загревање би се добивала пријатна температура во просториите. Во секој случај за летните месеци ќе биде подобра опција бидејќи секогаш становите на приземје се за некој степен поладни споредено со оние на најгорните катови. И секако битно е тоа кој што смета за ладно(некому 20-21 степен му се сосем во ред во текот на зимниот период а за некого цел се постигнување и одржување 24-25 степени во собите).
И јас така знам,дека банкротирал газдата..ние исто баравте стан и ги видовме новите згради во Аеродром на Саник кај Хотел Русија одамна се прават и никако да се доправат..нема ниту вселено во едната зградата што е направена ниту пак има работници на другите до неа..
Така се кажува, многу доцнат, јас имам земено стан таму и веќе 3 години доцнат. Затоа прашувам дали има некој земно
Danokot vo petok go plativte i posle sva dena vi stigna deka e zavereno resenieto ili samo eden den cekavte ?
Немам лично јас искуство ама пријатели имаат баш ваков стан. Ставаа стиропор на гаражата долу зашто преладно беше на подот во зима. Новите згради немаат ни парно па тоа е проблем плус во греење. Кој грее кој не грее, не е зградата убаво стоплена. И сега не им е нешто претопло. Цело време експериментираат со начин на греење. Исто видете дали вратата од гаражата кога се отвора се слуша во станот.
Дали некоја купила стан во Хиподром од два брата градитела? Како ви се свиѓа градбата? Јас се мислам меѓутоа мислам дека е мн нездраво тоа што се одма до автопат па и загадувањето таму палат се и сешто не знам, многу се мислам? Ако некој има искуство нека пише