Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. ParadisePink

    ParadisePink Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Извини се збркав малку. Се уште не знаеме, само сме заинтересирани многу за станот, но ако можеш објасни ми во двата случаи. Станот е компензација, дали тоа значи дека лицето е подинвеститор? Што ако на предбелешката е име на физичко лице, а што ако е на фирма? И дали некако може да го избегнеме данокот (цасија, тростран договор и сл?)
     
  2. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    7.601
    Zemi advokat koj ke ti kaze so sigurnost I ke te zashtiti da ne vleguvas vo nesigurna investicija.
     
  3. trpestojcev

    trpestojcev Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo, za koj investitor se raboti ako ne e tajna, i koga e rokot za vseluvanje, odnosno kolku se kasni.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    15.102
    Ваше мислење, ако сте имале искуство, дали агенциите може да ги измамат купувачите, да гледаат да им шитнат имот со проблеми, само колку да си земат провизија и чао? Инаку, агенциите треба да спречуваат перење на пари и даночни затајувања, а не обратно.
     
  5. biology

    biology Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Јас купив стан кој беше за компензација и под хипотека. Доколку е под хипотека треба најпрво банката да даде согласност, потоа потпишавме Договор за цесија (банката, јас, инвеститорот и лицето на кое веќе беше станот), а бидејќи требаше да земам и станбен кредит се беше во истата банка. Исто така пред да го потпишам преддоговорот инвеститорот и лицето го раскинаа нивниот преддоговор за станот. Немав никакви проблеми и веќе имам имотен лист. Но најдобро е да се консултираш и со адвокат, внимавај што ќе пишува и во преддоговорот.
     
    На Helena77 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Alex.Max

    Alex.Max Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Тежок фушерај се сите Инвеститори ! Чистам Нов стан, прозори хаос, гумата меѓу стакло од надворешна страна увртена цела, корекции со кречење, испукани ѕидови, оштетен таркет, фуги у ВЦ кај има кај нема ! Штедење на големина на лифтови ! Шо потесно тоа поефтин лифт ! Брука, Катастрофа и срамота! Има да корегираат, до детал. А цени , фураат до плафон !
     
    На Manako2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    1.571
    Moze
     
  8. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Извини а за кои инвеститори зборуваш поточно? И јас само што купив уште не е завршен ама некои работи уште сега ми се сомнителни ама незгодно ми е да речам, да не ми речат само вие најдовте паметни да се правите итн :?:
     
  9. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Ако ви е утеха до мајсторите е. Реновиравме скоро стан што е во доста квалитетна градба, не беше во лоша состојба ама сакавме се ново да биде. Таркетот ни го уништија на многу места, кречењето катастрофа, уште не вселени сите ивици на ѕидовите беа поткршени, за мебелот да не зборам тежок фушерај, а преплативме на сите и тоа авансно. Ништо саглам не остана во државава.
     
    На mira.mira и sleepingbeauty им се допаѓа ова.
  10. Kolo

    Kolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Никој ништо не пази, не прави припрема нит заштитува нешто. Јас сам го реновирав станот само поради овие работи. Знам дека мајсторите едно прават, а друго расипуваат, после само си ја префрлаат топката, не бевне ние, такво беше, не е до нас...

    Истите проблеми ги има и во нови станови. Тој што кречел ги искречил и рамките од вратите и прозорците. Не дека не знае, туку не се замара и гледа одма да заврши.

    Тој што глетувал само еднаш поминал со глетарицата, па кога ке ставиш спот светло сите бранови се гледаат.

    Тој што редел плочки начукал фуги на сите чошина и агли, а знае дека треба со силикон да ги помине, ама вака му е полесно, па после мувла излегла, се одлепила плочка и слично...

    Тој што редел врати, се брзал, едната страна пониска, една повисока, цела врата крива... Исто и за прозорци, бидете среќни ако не тече од никаде при пороен дожд.

    Овие што работат со Кнауф како и повеќето сега, ниту изолирале профили нити ништо, како звоно се понашаат, го пренесуваат и појачуваат секој звук.

    И најважното, кај мајсторите не важи она, ако не знаеш што е подобро, прашај што е поскапо. Ке те одере на цена, и на крај ке е фуш.
     
    На Billy Idol и Tasha masha им се допаѓа ова.
  11. evvgg_K

    evvgg_K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2016
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    33
    Дали некој од вас, или можеби некој кој познавате продава двособен стан во Кисела Вода, Капиштец, Тафталиџе?
     
  12. BB5

    BB5 Нов член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Како сопственик на стан во комплексот Футура, чувствувам обврска да го споделам моето искуство со сите што чекаат примопредавање или размислуваат за купување.

    За жал, моето искуство не е позитивно. По невреме дојде до навлегување на вода во некои од становите, при што паркетот се подигна и беше сериозно оштетен. Штетата и понатаму не е санирана.

    Дополнително, забележав сериозни недостатоци како проблеми со одводнувањето на терасите, навлегување вода, појава на мувла околу прозорците, незадоволителна звучна изолација, како и повеќекратно поплавување на подземната гаража.

    Мој совет до сите што сè уште немаат примопредавање е уште сега да се обратат до надзорот и да побараат детална контрола на својот стан. Проверете ги внимателно прозорците и балконските врати, одводите на терасите, евентуални траги од влага или мувла, како и сите останати детали, за сите недостатоци да бидат евидентирани и отстранети пред примопредавањето.

    Ова го споделувам исклучиво за идните сопственици да бидат добро информирани и да можат навреме да ги заштитат своите права, бидејќи од останати извори знам дека истото се случи и на новите влезови кои се уште не се финализирани.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bela13

    Bela13 Нов член

    Се зачлени на:
    10 јули 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Dali nekoj ima iskustvo so Bonanca Urban? Gradat zgradi vo Gjorce, blizu kruzniot tek. Ve molam pisete. Dali e kvalitetno, dali kasnat i slicno.
     
  14. АничеБананиче

    АничеБананиче Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    3.940
    Пол:
    Женски
    Што мислите за становите во Чаир /Бит пазар првенствено локацијата за живеење ? Какви места се?
     
  15. izy369258

    izy369258 Нов член

    Се зачлени на:
    14 јули 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, дали некој има искуство со градежната фирма Хантерс? Какви материјали користат и каков е квалитетот на зградите?
     
  16. pance24

    pance24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Машки
    Хаотично, нервози секојдневно за наоѓање паркинзи. Згора на све тоа нон стоп секојдневно слушаш галами,свирежи од автомобили. Јас не живеам таму но скоро секоја 3та ден идам таму со возило. Не можам тие да ги замислам тие што живеат таму како му е.
     
  17. domiko

    domiko Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2026
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Искуство некој што купил стан од БРЕГ-ИНГ?
     
  18. !@#

    !@# Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Каде градат Хантерс?
     
  19. awkey

    awkey Популарен член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Женски
    Катастрофа. Хантерс пропаднаа и ја затворија фирмата. Јас живеам во нивна зграда, се е премногу фушерајски. Цела зима менувавме доводни цефки од парно зошто беа како на мајтап направени (па за квалитетот на цефките да не зборам). Прозори, и врати од тераса се катастрофа, не се затвора, шкрипи, во зима дува ветер, со еден збор мора се да се менува. Нормално и дека меѓу стан нема добра звучна изолација. Гаражата е стално поплавена.
     
  20. domiko

    domiko Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2026
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Искуство некој што купил стан од БРЕГ-ИНГ? Ова е оглас од некој од становите https://adresa.mk/en/listing/10641
    Ве молам за мислење, дали се квалитетни, мислење за инвеститорот, дали каснат и слично. Претежно во Козле имаат станови.