Супер е чичко Јован Бонанца(така го знаат низ Ѓорче сопственикот). И ние со сопругот и наши пријатели земавме од кај него во зградата карши паркот, зградата е топ, ја заврши и порано од тоа што ни кажа, звучната изолација супер. Други наши пријатели, планираат да земат исто во новата кај кружниот.
Тие што сте купиле стан во нова градба, колку се чека за технички прием? Зградата е готова се е наместено освен ситниците што ги средуваат. Дали веднаш може да се вселуваме?
Зависи од инвеститор до инвеститор, кај секого е различно нема правило. Има луѓе што земале за 2-6 месеци од "клуч на рака" и има луѓе што 10 години немаат имотен и не можат да си ги продадат становите.
Многу фушарајска работа и недовршени згради, инвеститорот е многу слаткоречив и ветува и ги прилажува зградите како луксузни но ништо од тоа не е вистина. Непрофесионалност, многу ефтини материјали и лоши мајстори, доцнење, не исплаќа пенали иако се во договор.. оди на финта на фасадите да стави декоративен камен или плочки за да си воодушевен кога ќе видиш од надвор..
Не се одлучивме за таму. Сепак падна изборот на куќа во Козле, сега сме во процес на реновирање. Искрено, во моментов сакам да беше нов стан од било каде хаха. Али да, баш беше слаткоречив како што кажа и ти.
Здраво, дали има некој земено стан во Треска? Или ако имате искуство со Голден арт дали сте задоволни од квалитетот на зградите?
Здраво. Дали има некои новости за зградите на Голден Арт - Треска??? Веќе чекаме 3 години и ништо нема уште.
Едно кажуваат пред да продадат и земат пари, после сe е друго. Да се организираме некако сите што имаме купено кај нив и да бараме начин, бидејќи вака ќе си тераат до недоглед. Крајно непрофесионално кон крајните купувачи a тоа сме ние. Пак ќе кажам, мед и млеко ветуваат пред да продадат, а кога ќе продадат, веќе сè се менува во поглед на почитување на купувачот. Ако некои имаат уште што чекаат, и од Влез 1 и од Влез 2 во зградата, да се организираме некако како станари што сме. Инаку, само истото ќе си го кажуваат продавачите: ќе биде до Велигден, па до мај, па до септември... Крајно неодговорно и непрофесионално. Во поглед на изведба океј се според прикажанато на терен.
Преддоговор има, но ако мислиш дали инвеститорот ќе плати нешто како пенали и слично, нема ништо. Тука лежи заебаот. Совет до сите: не им верувајте што нудат, па дури и на она што самите го нудат, е нереално и не го исполнуваат, а не па уште дополнително нешто.Според мене да има некакви пенали ке имаат притисок да работат па ете, ако доцнат, да има барем некаква пресметка/надомест со кој ќе може да се покриат дел од трошоците ако е човек под кирија или враќа рата за станот кој го чека. Ако е толку сигурен инвеститорот, зошто би претставувало проблем да стави член дека ќе плаќа пенали доколку доцни од тоа што е наведено? Од тоа што разбрав, многу ретко се сложуваат за таков член од други мада и самите инвеститори што ке понудат во преддоговор тешко дека ке исполнат се му доаѓа да се соберат пари така ке му дојде. Мене ми беше прво купување, па мислев дека се ке исполнат радост ура,стан како што кажуваа, па најмалку очекував и за ова да има проблем. Мали се зградињата, со 5 ката, и ако и тоа го влечат со години до толку што ке беше да е зградурина од20 ката ,наши деца ке дочекат да живеат а не ние.Во поглед на изведба добри се ,океј сработено. Ова остало ужас.
Иста им е цената и на двете фирми, на почеток кога почна со комплексот 2200/2300еу за квадрат. Сега колку е не знам според мене не би требало да има промена на цената се е исто со материјали локација и останато што градат.Сигурно на работници не им дават 5илјади евра плата па да морат да ја качат цената.
Како може да се реши ситуација каде уплатено е стан во градба и после излегување на имотен лист има плус 3м2 и треба да се доплати ама бидејќи каснат 2 год треба да се исплатат пенали во висина од 3% според договор. Тие пенали изнесуваат нешто помалце од сумата за доплата на дополнителните квадрати. Инвеститорот вика дека одлучил да не плаќа пенали и бара од нас да ги платиме доплнителните квадрати. Ако идеме на суд ке заглавиме 2,3 год бидејќи се оди споро и нема доволно судии но сепак би требало да добиеме освен ако не се повикуваат на виша сила дека биле спречени да работат што не е во нашиот случај и не верувам да имаат некакви докази. Како сте постапиле во ваков случај?
Тоа само во Македонија е можно за жал, само едната страна да е заштитена. А и ние грешиме некогаш што оставаме на доверба, што мислиме дека ако ние си ги исполниме обврските дека и другата страна ќе го стори истото. Како и да е, ваквите инвеститори заслужуваат малку појавна "реклама" за начинот на кој работат, па после да видиме дали така лесно ќе им оди бизнисот со продавање станови.
Во овој случај штом одбиваат било какво решение или компензација јас мислам дека решението би било само на суд, посебно штом во договорот е дефинирана висината на пеналите.
Види лично распрашај се по фирмиве. Во Треска можно е воопшто да нема останато станови, а цената не ми се верува дека би била иста доколку има останато бидејќи повторно е поскапен м2.
Добро неможе во катастар да се видат овие работи? Да се проверат дали имале застој, блокирани сметки итн.? И дали ангажирате адвикати кога ги потпишувате договорите?