A што се пикате таму не ми е јасно. Џунгла права е. А со новата дивина што се гради на тобако, има полошо и од Шутка да биде делот. Дополнително уште две згради се во план за изградба во близина на таа зграда. Информирајте се убаво пред да летате. Се чудам само кој купува таму. Веќе на ништо не личи тој простор. Многу подобро е во Flatron Рампа каде се наоѓаат станови за 1000 евра или Скај Сити каде се и под 1000 евра. Барем нема во околината згради и колку толку е чисто. А и тој делот кај Скај Сити е стварно супер направен.
Дали може да се најде во Скопје стан за 15 000 евра? Ако има некој некаква информација нека пише ве молам
Сакате да кажете дека максималните трошоци месечно за вода, струја ,греење, ладење, одржување, ѓубре се ви е 1500 -2000 денари . Ако добро сватив.. А која е цената за квадрат за купување ако не е тајна?
Не. Посебни сметки се за Евн: плаќаме околу 800ден. Водовод: околу 600 ден. Греење/ладење плус топла вода: оваа зима најмногу 2500 дека имаме и бебе, инаку околу 500-600 ден. стандард Сервисен трошок: околу 2700ден., односно 0,65е за м2. За цена за квадрат можеш на фб са видиш. Зависи од станот.
Мислев на гарсоњера, евентуално ,дека моја колешка има земено во Сингилич за 15 000 евра ама нејзиниот дечко работи во агенција за недвижности
Нема врска кај работи..цените ги определува продавачот а не агенцијата Ако сакаш некој стан подобро речено соба од 20-25м2 тогаш ќе најдеш низ ченто, маџари, хиподром.. ама тоа не знам колку е добра инвестиција.. а е многу мало
Конечно место каде можат да се проверат условите на пазарот за најповолен кредит http://konkurencija.mk/2019/04/16/стамбени-кредити-за-април-2019/ одличен преглед на пазарот за кредити
Здраво, дали некој продава нов трособен стан или можеби знаете некој што продава стан аеродром (зградите на елена лука, голден арт, адора и други ново градени), карпош 1-2 и околу соборна,владаа
Здраво, сакам да прашам, доколку се купува стан во изградба дали инвеститорот обезбедува имотен лист за да може да се подигне кредот?
@SaNJaAaaAaa kolku plakjate mesecno za bazenite? i nie sakame stan da zememe pa Cevahir mi se dopagja