Има секакви пакети за месец, три, шест, година. За станари има 25% попуст. Не ги знам точните суми. Можеш да ги побараш на skywellnes.mk
Дали сервисниот трошок го менуваат? Или гарантираат дека ќе остане ист како што е заведено во договорот?
Во Германија. Еве неколку феминки купија стан извинете што ќе ве тагнам @Chantal @Monella па може да ни кажат. Јас сега за сега сум под кирија па за неколку години ќе купам стан. Тајната е во работа во странство. Додека работев во Мк за 400 денари дневница не можев дезодоранс да си купам, а не пак стан. Сега таман додека најдам идеален ќе можам и да го купам.
Јас може да ви кажам за во Италија. Ако немаш кеш, овде е банката која нуди кредит. Нормално дека треба да исполнуваш некои услови, најбитен е да имаш договор од работа за стално. Си наоѓаш стан, кажуваш цифра во банка, овде даваат и 100% кредит (значи може да не вложуваш свои пари) освен трошоци за нотар. Каматата зависи од годините на кредитот но има разлика и од банка до банка. Тоа е во кратки црти. Моментално овде падната е цената за продажба веќе неколку години. Нашиот стан е 110м2 + подрум, паркинг и двор со градина и бавча 75 000€. Јас сум 12 год. овде, од кои 5 живеам во оваа зона и зграда, така да за мене е најубава
@Monella Дали се работи за град или село? Ефтино ова околу 700 еур квадрат. Баш интересен податок. А странци можат да купат?
Која цена би бил ама и стандардот да го споредиме како ќе го исплаќаш од италијанска плата, а како од македонска...
Ние купивме со учество 30 000 евра -65 кв стан за 185 000 Парите за учество се пола наши заштедени ( двајцата кога работевме во Германија една плата е плус) другата пола свеки донираше. Сега се поволни каматите и рата за кредит ќе ми биде колку месечна кирија за толкав стан. Е сега ќе го плаќаме 25 години. Во тој крај кај што сум не е поволно воопшто ама имавме можност да дадеме учество па рата да ми е колку кирија во спротивно не би купиле. Исто мора да имаш работен договор за стално како услов за кредит.
@hellocity Гледам си ме цитирала во другата тема, ама да не одам оф топик таму, еве овде ќе те прашам, баш ме интересира како така лесно се заработува за стан? Се надевам на подетален одговор, бидејќи сите го знаеме тоа со многу труд и работа. Ама живееме во Македонија, па ајде да видиме.
Ne velam konkretno stan da se kupe pod tvoe ima, moze pod kirija ako imas problemi kako sto citav kaj snai i svekrvi.. Mnogu luge znam sto se pod kirija
Јас немам никакви проблеми, не сум мажена, ниту ќе живеам во заедница. Ти ме цитираше дека со труд и работа можело да се заработат дури и 5 стана, па ме интересира како, со оглед на тоа дека живееме во Македонија? За ова зборувам.
Тоа за Албанците важи, барем во мојот крај. И сите куќи огромни, убави и исти. Баш сега имам една колешка Албанка и ми кажуваше колку стана, колку куќи, плацови имале во Скопје и Охрид и вика Ја цео живот радим, али сад чу да мало одморим. И и верувам бидејќи Албанците до моето село минимум по 3 куќи имаат и навистина работат МНОГУ.
Сите знаеме како работат многу албанците (не сите). Но со поштена работа мало морген дека ќе имаш еден куп плацови во Скопје и Охрид. Останатите што не работат тука, мажите се во странство и праќаат пари. Друго е кога зимаш швајцарска плата, а ја трошиш во Мк. И јас така ќе имам еден куп куќи направено Во мојот крај е така
Ние купивме стан со 100% финансирање од банката.Се вади 2 кредита еден за станот кој ти го покрива банката целосно,еден за споредните трошкови. Ние додадовме само 10.000 еу од нас за маклерот,оти е нешто над 7% од куповната цена и ја плаќа купувачот.Не беше задолжително да ја дадеме,ама имавме и дадовме.Оти на вториот кредит има скапа каматна стапка. За купување сега му е мајката,оти каматите паѓаат,ама цената на квадратот расте.Сега кај нас моментално рипнаа многу.
Здраво женски, ме интересира дали некоја од вас има искуство со објект на ЗСФ КОМ? Ме интересира зградата кај мајчин дом, само што не можам да најдам мислења и искуства на интернетов. Исто така ме интересира звучна и топлотна изолација и дали меѓу собите има гипс картон. За другиве градежни компании има многу коментари, но за посочената ништо (иако викаат дека има најголема добивка за 2018 ). Секое инфо е добредојдено