Мене ме интересира дали некој има искуство со стан земен на исплата од ГП Пелистер?Или пак негов близок роднина или пријател? Би сакала да знам кои се општите услови кои треба да ги исполнуваш и колку бараат учество?
Сакаме да купиме стан со дечко ми, како локација најмногу ни одговара Аеродром, делот кај Тобако, ама не можеме да најдеме некој солиден стан, што барем приближно ќе ги исполнува нашите критериуми. Бараме 4 собен стан околу 70 до 80 квадрати, услов е да не е приземје и поткровје, да не е веднаш до булевар и да има централно греење. Има само еден слободен во зградата на Дабар, го разгледавме, има доста недостатоци што лесно може да се корегираат. Сакав ваше мислење да слушнам за оваа фирма. Исто така ако има некој понуда слободно нека ми пише.
Чукни ја како лубеница. Ако звукот е тап, не е квалитетна. А ако едвај се слуша, добра е п.с. Шала на страна, како ви се купуваат станови во Аеродром или Ново Лисиче бе? Пре би да купам у Чернобил стан, него таму.
нз во која дабар сте гледале дали одма позади тобако или во поновата со зелена фасада, но оваа позади тобако 2 сум јас и можам да кажам дека има недостатоци во смисла на крив зид(минимално) или плочки со фуги измачкани, но тоа се средува. изолацијата им е одлична и прозори и фасада, маана е тоа што е само еден лифт, кпмшооте се екстра, воглавно млади и разбрани луѓе, од соба во соба не се слуша и распоредот им е топ, ми се свиѓа што и оградите на терасите им се високи, за разлила од голден арт што се п далеку пониски, влезна врата дупла квалитетна, јас сум задоволна иако првично гледав во голден арт, се решив за тука.
Ве молам пишете искуства од згради на ГЛИЦ. Дали имаат добра звучна изолација, квалитет на прозори и врати, паркетот дали е ок. Дали сте чуле жалби за нив пишете се што знаете. Прв пат слушам за нив а погоре во коментари прочитав исти мајстори работеле за ГЛИЦ Адора и Голден Арт. Зградата кај Пандил Шишков е ептен убава од надвор ама мене побитно ми е да е квалитетна.
Devojki me interesira mislenje za firmata Kapitol inzenering,kvalitet na gradba itn itn.Vo plan sum za kupuvanje kupuvanje stan vo narednive 12 meseci(pretpocitam nova gradba).
Здраво девојки После 2 години барање идеален стан најдов еден што ќе ни одговара Меѓутоа има еден проблем Станот е на последен спрат и има плус галерија која не е легализирана Иако сега е направено уште една спална и купатило на тоа место Дали некоја од вас имала ваков 'проблем' и дали брзо и како сте го решиле тоа, како иде тој процес на легализација?
Последен спрат ?? Хмм... Ја не би купила стан на последен спрат никогаш. Но секој си има свое мислење.
Дечки дали има некој искуства и информации за класите на енергетска ефикасност на новоградбите ? Дали класа Б енергетска ефикасност е задоволителна ?
Па што знам, некако изложен си највеќе на сите надворешни влијанија, студ, дожд, снег, ветер, сонце, итн. Посебно преку лето е многу жешко ако е последен спрат/поткровје. Треба да е таванот/покривот доста квалитетен за да гарантира дека нема да протече некогаш некаде. А и дури и да протече за санација обично треба да покрие цела зграда, но тоа не е случај. Прашај повеќе луѓе за мислење за последен спрат/поткровје и ќе видиш кој какви искуства имал.
Здраво Сања, вчера гелдавме стан во џевахир и едноставно се заљубивме во него. Но има нешто што страшно ме мачиа тоа е што пресметуваат ДДВ. КОлку што знам кога се купува стан од инвеститор не се плаќа 5% данок. Како направивте вие, дали ви пресметува ддв или без него. можеби сум грешка но никако да ја сватам ова регулатива. тханкс
Си ги смешила даноците. Тој шо не се плаќа кога купуваш од инвеститор е данок на имот. Овој данок од 5% при купување секако се плаќа. Само они така ја кажуваат цената, без ддв и затоа те буни. Другите кажуваат директно цена со се ддв.
Во договорот за стан во градба ми пишува дека квадратурата што ке биде измерена кога станот ке биде готов може да варира до 3 метри квадратни повеќе или помалку. Имате ли искуства на крај да не излезе квадратурата што ви е кажана на почеток и точно кога се знае тоа?