Ми треба инфо, колку чини преддоговор кај адвокат, после договор и таа апликација (или што и да е ) за во град Скопје?
Zboruvavme so agentot za prodazba vo Cevahir. Ni kaza deka kula A i kula B se skroz prodadeni, eventuralno i da ima ostanato nekoj stan bi bil po 1.300 evra m2. A za kula C ni kaza deka moze od sega da dademe ucestvo pa za 2 godini da go isplatime. Togas ke se zavrsila kulata za 2 godini. Ubava ponuda no nie ne go zemame za da ziveeme tamu, tuku da go izdavame. I vo kula C kvadrat bi ni bil po 830 evra..
Види со месечни давачки како е. Знам имаат високи. Не за друго мора да рачунаш и на тоа. Може да не ти е цело вр издаден, па да е директ под ваш џеб пари.. Чисто да си спремна на се.
Да Да знам, мислам беше 0.60евра по м2 .. Okolu 30-35 evra bi bilo. Sega ni kaza deka imame 5% danok sto ne bil vklucen vo cenata Utre nautro ideme finalno da vidime, ako se dogovorime ok ako ne 900 evra m2 za stan vo izgradba mnogu mi doaga.. baska vo gotovo go plakjame..
Прв пат да чујам за нов стан данок да се плаќа. Баш дека барав стан секаде новите беа со вклучен данок. И 30 еу е претерано многу посебно за живеалиште кое нема да ти е главно, туку споредно. Чим плаќаш во кеш имаш простор да се ценкаш и те како. Со среќа.
Значи секаде каде што се продава стан пишува толку и толку цена со вклучен данок во цената. Не знам како кај нив не е тоа така а за нов стан се раб. Моментално кај што живееме газдата мислел купува стан нов. Коа се решил за еден му дошол мајсторот шо местел плочки и му го понудил овој стан за екстра цена (работел во зградата и место кеш му дале стан). Газдава се сложил ама иако станот е нов, веќе бил од фирма ставен на име на мајсторот така да газдата го купил исто ко стар. Со данок.
Со маж ми земавме станбен кредит, а вработени сме во приватна фирма. Ние плативме 8 000 за двата договори - преддоговор и главен договор. За нотар 150 денари од печат (преддоговор) и 6 000 денари за главен договор. Три документи беа. За хипотеката 250 евра. Данок 1 400 евра. За апликација околу 2 000 денари. Моравме и станот да го осигураме.
До капитол зградата гледавме едно станче, исто ни побараа 5% данок. Не ми се допадна и не се рсспрашав повеќе. Но кога купуваш од инвеститор и се работи за стан кој сеуште е во градба мислам дека не би требало да се плаќа тој данок. А за стан кој не си прв сопственик е 3% данок. За џевахир месечно отприлика се плаќа 2000 ден, но ако им задоцнат со вселување после тоа им одбиваат некој денар пример 10 години да плаќаат по 1000 ден.
Данок на промет платил газдата на станот каде што си ти. Бидејќи само првиот промет со недвижноста во првите 5 години од изградба на зградата е ослободен од таа даночна обврска.
Мешате баби и жаби со даноков. Данокот од инвеститорот е едно, а данок на промет ако земеш стар стан друго. За зграда од 20тина ката 20-30 еур е многу?! Па јас плаќам 1000ка во зграда од 7 спрата.
300 денари само? Каде за чистачка, каде за светло, а каде е резервен фонд?! Сепак се големи зградите. Само лифтот колку струја троши, па за другото.
Да, толку плаќавме. Патем 2 лифта имаше. И не беше пред 100 год беше пред точно 3 год. И кровот дури го сменија. Очигледно знаеја како да водат фонд. Овде колку и да даваме кеш џабе е се е крш. А 30 еу од човек месечно е претерано многу.
Каков фонд да водиш без пари?! 50 денари по стан колку да собираш нема да имаш доволно. Гарант тие на 12ти плаќале екстра.