Ние имаме резервирано стан таму, ама многу незадоволна сум од досегашните случки. Ни беше речено дека ќе биде готова пред појше од една година Плус не ни даваат ни преддоговор да потпишеме за десниот влез, има некој проблем со маркици.
А како резервирате без претходно да се осигурате? Значи на сам старт е заплеткано, штом има проблем со градежна маркица. И одобрението за градба којзнае по кој пат го добиле.
Јас кога прашував ми објаснија се законски дека ќе оди со преддоговор, заверка на нотар, запишување во катастар и се со ред... Затоа ме чуди ова на @Elen4e_sonce...
Без преддоговор ништо. Тие можеби така си кажуваат и после кога ќе дојде до тоа, аа пу-пу не важи. А, ете веќе пари си дал веројатно штом си резервирал.
@Elen4e_sonce со тебе мислам пишував во ЛП за ова. Сепак си се одлучила. А како му даде пари? На лепе очи? На рака?
Девојки извинете, дури сега гледам. Јас не му дадов пари поради тоа што они и сами ми рекоа дека без преддоговор ниеден нотар нема да завери. Инаку станува збор за третиот последен влез. Знам дека за другите као наводно имаат преддоговори (за тој во средина сигурна сум). Во меѓувреме може нешто и да се има сменето, не знам. Јас дигнав раце. Пари официјално немам дадено, само 100 евра колку ете да ни го чува, и кои не фигурираат никаде. Значи станот ми е резервиран само на збор.
Јас гледав детално овие денови, луѓето се ок, вода шо има има, се гледа дека се испумпува со црево, колку што видов полека се работи на зградата, но искрено не ми се допадна локацијата, некако е како на страна (конкретно зградата) и незнам колку ќе биде сигурна и безбедна за фамилија...
Тоа не е зграда, тоа е зградиште со 100 стана. И тебе не ти е безбедно 300 луѓе минимум на едно место!?
Само во вториот (средниот влез) има 108 стана. Зградата би требало да е пуштена во април-мај 2020 година.
Здраво девојки Заинтересирана сум да купувам стан кој моментално е во градба, но проблемот е што во негова непосредна близина се наоѓа далековод. Сакав да слушнам мислења од други колку е тој ризичен доколку не успеат да го дислоцираат од таму (како што ветуваат)?
Разгледувам станови, александрија-влае, во изградба саник и фабрика карпош имаат, у близина е фабриката карпош а позади идустриска зона мислам незнам што точно има... и циле инженеринг влае ул клеонец, искуства некои, или други станови, во влае хром ѓорче
Александрија-Влае гледав станови, рекоа дека се е распродадено. Има други згради во градба до Александрија, рекоа дека има слободни. За Александрија ни рекоа и дека имаат проблем со имотни листови и земјиште, не им било решено се уште. Хром има многу станови, и постара градба и нова, релативно поевтини цени имаат. Ѓорче кај очната болница има слободни станови, ама тие се на Комерцијална банка, 650 евра мислам дека е квадрат сега, намалија од 750.
Девојки, со дечко ми веќе некое време интензивно бараме стан, па сакав да соберам уште некое искуство и препорака од каде да купиме. Што мислите кои се поквалитетни? Исто дали некој чул/има искуство со АТОМ ТОПМЕТАЛ? имаат некои океј станови низ кисела вода.
Од нова градба позитивни коментари имаше само за Елена Лука и фабрика Карпош. Елена Лука се едни од поскапите, ама се квалитетни. Фабрика Карпош се во градба во Влае, ќе бидат готови до летово мислам. Од нова градба се што видов друго е исто, гипс картон, слаба звучна изолација и неубав распоред. Џабе голема квадратура има пример станот, кога е дневен престој со кујна споено и посебна спална. Мал ходник и директ си во дневна, со минијатурни тераси. Ние се одлучивме за постара градба зошто имаат топ изолација и убав распоред на соби. Најважно нешто, гледај како се со имотен лист. Ако го немаат тоа, бегај подалеку.
Елена Лука не се скапи, напротив, меѓу поевтините се, барем за квадратура, паркинг и подрум им се поскапи од другите. Ама па, колега ми кажа дека негови познаници не биле задоволни од ЕЛ, а општо вака луѓе ептен ги фалат и бараат. Не знам што да мислам... Распоредот беше една од причините што не привлекоа кај ЕЛ. Другиве све се или од влезна врата директно во кујна, или ходници непотребни, или што викаш све во едно и спалната во едно ќоше. Ама општо многу спротивни искуства читам и слушам за исти згради и компании...
Од искуства и нема да можеш да се одлучиш, зошто реално секој има различна желба и потреба. Во новите згради освен што е ново и си прв сопственик, другото е дискутабилно, посебно звучната изолација. Моментално сме во нова градба, распоредот е лош а и нема звучна изолација. Буквално немаш интима, секој ти го слуша муабетот. А станот што го одбравме е во постара градба, нема гипс картон, има одлична звучна изолација и распоредот е супер, има ходник па се влегува по собите, не е директ од врата во соба како тука. Ако сакаш нова градба, ѕирни ги и на фабрика Карпош, може ќе ти се допадне. Нема некој да рече дека имаат лоши станови. А стара градба има огромен избор и реално се доста поевтини од новите.
звучна изолација може да ставиш накднадно ако сакаш, мислам дека нема нигде со звучна изолација, во фабрика карпош, мислам уште малце станови се останати тие што ги видов од 62 и 63 квардарти доста лош распоред, дневната премала, по 2-3 стуба има у станот...