Фабрика карпош 950 во градба, готови во декември 2020.Бар така ми кажаа кога се јавив, Елена лука 1000 до 1100 зависи спрат, ориентација и слично
Купувам стан во Аеродром, Кисела вода, Центар, Карпош или околината до 40.000 евра. Доколку некој има нешто да понуди пишете ми.
ЕЛ под 1100 еур/м2 тешко. Е сега освен паркинг имаар и подруми. Не многу, ама ама има за тие што сакаат има (не се многу нели). Изолација има. Комшии не се слушаат, ама имаат многу завршни финеси направени фушерајски. Е сега позитивно е што брзо поправаат што има иако те фаќаат на кондиција, па за дел ќе се откажеш дур се извртат сите мајстори.
Јас кога барав стан во Хром и Ф-ка Карпош беа иста цена -850€/м2. Со тоа што ф-ка Карпош имаат градско централно парно. Становите се релативно супер. Звучна изолација е добра меѓу станови. Има маани ама релативно е добро. Околу имотните листови нема некој конкретен проблем колку што споро се одвива процедурата. Измени, прибелешки, одобрување од катастар и од општина, а и од самиот инвеститор.
Отвори maps.google.com и пиши Kipper, Bulevar Partizanski Odredi, Skopje 1000 и таму е тоа. Да баш таму е.
Кај Кипер, близу пазарчето знам кај се зградите, ама тие одамна се изградени. Тоа нели веќе е Ѓорче? Не е Влае.
И јас си мислам вака дека одамна се изградени и тоа со огромни букви им пишува american construction, сега ако градат на друг кружен тек еве се замислив
За зградава на American construction слушнав дека не била добра, влага демек имало и слаба изолација, а како што гледам ми личи дека и доста станови се сѐ уште непродадени. Ние купивме и живееме во една од зградите во Александрија на ф-ка Карпош и генерално сме задоволни. Топлинска изолација супер, има градско парно...малце со имотните листови се спори ама се надеваме и тоа ќе биде...инаку кога го земавме беше 890€ / m2, а сега како што разбрав се поскапи.
@tripl6 значи лепенка до постоечката е немам видено немам отидено натаму па можда 2месеци, куќа имам натаму ама издадена е и не одам да им дишам во врат на кираџиите. А за american construction нас ни нудеа кога градеа кај FH ама не ни одговараа условите и добро што се премисливме, подоцна земавме друго. Инаку @Frosty! ич не ви наплатиле скапо 900евра, таму претежно над 1000е.