Секогаш е поефтино ако вложиш уште на почеток во изградба. Сепак убав блок згради се, сега малку подалеку е, ама мирно е местото.
Јас живеам таму повеќе од година ипол и ништо од ова што е на скриншотот не е така како што ви пишале фино ги извозија сите станари со сумиве. Одржување е 0,65е за квадрат, апсолутно ништо од тоа не вклучува теретана, спа итн. Не ни има пакет кај што може да се комбинира одржување со теретана и спа. Демек имаат посебни цени за станари ама нон стоп имаат попусти за надворешни гости и за станари испаѓа дури и поскапо. А гужва е ненормална, и скоро сите што користат се од надвор што е ужас најискрено. Греењето не е воопшто економично, лани стигаа сметки и по над 10 000 кај некои станари, а не е ни нешто преквалитетно да речеш па да ти е претопло дома и да платиш 10 000 за греење. Оваа година нема сметки, не им бил среден системот и не добиваме сметки од лани. Паркинг за гости нема, пред зграда пајаци едно време ровареа постојано, верувам пак ќе почнат. Еден куп работи не им се средени. Пиши ми слободно лп ако те интересира нешто плус, иако гледам од поодамна е мислењево
Што значи тоа ако земјиштето под зграда и дворот се заедничка сопственост со РМ? Теоретски ми е јасно, но што би значело тоа во пракса?
Дека и РМ има право на пола или зависи колку идеални делови. Ама зпз ти е во и.л на парцела т.е. сопственост на парцела. За сопственост на објект си е друго. Двете сопствености посебни си се. Не се врзани една со друга.
Тетка ми купиле стан во Карпош.50 % од сумата им е исплатена и сега треба да ја дадат и другата половина од сумата уште 50% во кеш.Но не знаат како оди тоа со имотните листови.Инвеститорот бара целосно исплаќање на станот со што ќе и ги дадат клучевите но нема да добијат веднаш имотен лист.Ве молам искуства како оди тоа,дали е можно да бидат излажани и да не добијат имотен а станот цел да е исплатен.Дали вие веднаш ги добивте имотните листови?
Иневститорот кажал дека коа ќе се исплати сумата се поптишувало договор за купопродажба и после се чекало за имотен лист најмалку месец дена.
Е да. Така е. Се потпишува договор. Па се чека да се среди во катастар. Па се заверува на нотар. После тоа можеш кога сакаш да извадиш имотен лист.
Дали знаете каде во Скопје има станови под 700евра/м2? Едно што не можам поголем кредит да земам, а друго што се угушив во овој затнат Центар. Сакам некаде во периферија.
Има и во Струмица. Здраввец е 650 мислам, сред центар, Карпош скоро секаде квадратот е околу 650-700е.
Мислам дека сакаше да каже дека не може да живее низ Центар и сака да најде стан на периферијата на Скопје Во Скопје има по Маџари и Хиподром инаку...за тие пари
Имаме и ние едно накај Ѓорче некаде изгледа беше ама не знаев дека таму има станови нисам одавде..ја сам из америке