А дали знаете негде околу Карпош , Козле , Тафталиџе , Влае да продаваат станови , до 50 - 60 квадрати?
Небитно , само да не се распаѓа. Баравме нешто во изградба , но со ситуацијава моментална не знам на што сум.
Каква е ситуацијата со станбените кредити сега со коронава? *неофицијално слушнав дека одобруваат ама со повеќе време на чекање.
Zdravo.Mozebi e glupo prasanjevo ama navistina neznam kako odat rabotite okolu kupavanje na stan so stanben kredit.Mora da dades ucestvo nesto a drugata suma e preku stanben kredit ili? I kolku treba da bide ucestvoto? Vi blagodaram
Ne e glypavo zasto glypavo... 1. Treba da znaes kakov stan baras. 2. Treba da go najdes i da znaes tocna cena na stanot.za da mozes da presmetas kolku imas za ucestvo a kolku ke zemes kredit. Pretezno bankite baraat 10 ili 15 % zavisi koja banka. I sekako vkupnata cena na stanot e bitna.(spored nea ti smetaat se). 3. Se dogovaras so bankata kako ke tecat rabotite,dogovor kamata,godini.... 4. Potpisuvas pred dogovor duri ti e vo postapka kreditot(vnimavaj na kaparot,ne ostavaj golema suma) istiiot ti go baraat vo banka za da se pokrene baranjeto za kreditot. Tuka ti baraat uplatnici od kaparot i od ucestvoto,za da mozat da se prebijat od vkupnsta suma. 5.Od koga ke ti se odobri kreditot se prefrlaat sretstvata na kypuvacot i se pravi kupoprodazen dogovor. 6. So krajniot dog odis vo opstina plakas danok i na kraj go potpisuvas dogovorot za da se smeni sopstvenosta na tvoe ime vo imoten list.
Pa zavisi: 500den menica 10000-12000 advokat Do 500 den-zaverka na preddogovor. Prijava za danok okolu 1800den+imoten list 180den i Danok na imot vo zavisnost od vkupnata kupoprodazna cena na stanot pretezno e 3%. 12000-notar zaverka na kupoprodazen. Mislam deka ne ispustiv nesto,ako sum ispustila neka me koregira nekoj drug clen.
Општина Центар и Карпош имаат најскап данок - 3,5%. Во сите други општини е 3%. Данокот се плаќа пред да се завери главниот договор на нотар. Откако ќе се завери договорот на нотар може да се извади имотен лист. Нас не изгореа за данокот. Пред некој ден ми стигна решение пак да платам. Нели после една година пак треба да плаќаш. И така секоја година. И осигурувањето го платив.
Ние првиот дел додека го земеме кредитот плативме некои 400 евра за адвокати нотари и слични работи. Не пратев што како, за правни работи сум труп, ама парите ме интересираат . Кога ќе биде готов станот уште некои 200 евра мислам имаме. Давачките и од тие што го градат станот зависат. Некои компании покриваат дел од трошоците, нешто сами..
Жени дали некоја има земено стан во изградба се уште? Претпоставувам дека има некои олеснувања во исплатата,со намера сум за таков стан во Битола изградбата е почната и кажуваат дека ќе биде готово за 24 месеци ,секако све е тоа регулирано со документи... На мајка ми му е страв на сопругот исто така но јас сум некој кој сака да ризикува за нешто ако вреди. Кое е вашето искуство и совет?
Во ред е тоа, но, мој совет пред да се впуштиш ангажирај адвокат, најдобро од Битола да го провери инвеститорот дали е ликвиден во обврските и да го провери билансот на приходите и расходите, и дали е активен како фирма, дали против него има судски постапки во тек, итн., така барем ќе имаш точно 100% информации дали да купиш стан во изградба или не, за да не се случи да дадеш пари за станот и оп од наеднаш инвеститорот неликвиден, па стечај, па неизградена зградата, па парите отидоа на кино... Се надевам дека инвеститорот е ок, но сепак како што кажав нека тоа го провери адвокат, нека е за сигурно, сепак не се работи за малку пари.
Јас земав, но од познат инвеститор во Скопје. Исплатата за жал, почнав да плаќам од кога беше дупка. Нема никакво олеснување. Убавв совет ти дала членката, вие таму си знаете кој е за верување, а кој не.
На олеснување мислам на флексибилност во исплатата бидејќи ја немам цела сума моментално во кеш а и по некоја логика ни би платила цела сума за стан кој ќе биди готов за 2 години дали сум во право драга? Пола сума да се даде во готово а половина на рати додека трае градбата отприлика таква комбинација... Ако не е премногу приватно дали вие ја плативте цела сума во готово?
Види, јас одев со кредит и учество. А други комбинации сигурно може да се прават. Овде кај што земав јас имаше опција без кредит, малку повисока цена за квадрат, бидејќи со кредит банката одма ги префрла парите. Се плаќа етапно, како оди градба. Ама сигурна сум секој инвеститор има своја политика. Со среќа