Здраво. Нова сум на форумот, не сум од Скопје но сум заинтересирана за купување помал стан во Скопје нов. Прво сакав Кисела Вода гледав Кат Костов бидејќи банката ми соработува со нив за кредит а и имам живеено таму под ќирија и ми е убава мирна населба, меѓутоа денес видов и се јавив во Мулти Офис имаат станови во градба во населба Даме Груев, не знам дали се добри и дали е убава населбата за живеење знам дека е подалеку накај Ѓорче. Дали доколку некој знае би ми дал совет? Ви благодарам
Ние веќе подолго време бараме стан во Битола , па ме интересираше ако не е проблем да ми кажеш за кои станови во изградба станува збор? Можеш и во порака Фала
За тие во Даме Груев знам дека е многу ефтин квадратот, некој 700е,а исто имаш мулти офис во ѓорче кај стадионот, таму се 850 и ти е поблиску, мада каснат доста со градба, незнам зошто... Јас кога се распрашував првин ми рекоа во март 2020 вселување, па во април, а уште абер нема од вселување... Викаат сега мај ама тешко со ситуацијата, башка и поминувам не се ни работи... Распрашај се убаво за фирмата, нз колку се сериозни според ова...
@NanaMal ти благодарам за одговорот, искрено гледам КБ со кој соработуваат затоа што од таму ќе земам кредит меѓу кој се и Мулти Офис затоа мислев дека се сериозна фирма. А за цена ми рекоа 750 евра м2.
Тие станови не се баш во населбата. На влез од Ново Село. Зградите се одма позади Кам Маркет. Готови ќе бидат во Септември. Барем така најавија.
@summer girl а каде е тоа на влез од Ново Село да не е скапо 750 евра за таму, не знам ќе можеш да ми дадеш локација или не знаеш точно. И да не случајно знаеш некој што има купено?
После населба Даме Груев е тоа. После кружниот тек кај црквата во Ѓорче се врти десно. Се поминува надвозникот. Таму е населбата. А зградата што ја бараш е на 5 минути со кола. На крај од главната улица се врти десно. Има кривина. Цените се 700 евра квадрат во тие згради. Отприлика. Поскапи не се. Не ти препорачувам таму стан. Маж ми се занимава со таа работа и кажува дека градбите не се квалитетни. Ние купивме стан во населбата. Убаво место за живеење. Јас со години сум тука и немам намера да одам на друго место. Се ми е на дофат. Освен што центарот е далеку, па возење со автобус ми е пола саат. Освен тоа, становите се поевтини, а градбите убави.
Zdravo na site, Jas sum nov clen od bitola sakam da kupam mal stan vo aerodrom a malite novi stanovi odma gi pridaat ..zgradata e vo iskop ..prvicno stanovite gi nudat dve agencii LivIn in Home international a oni drzat ceni od 11oo vo iskop so e realno mnogu. Kako moze da stapam vo kontakt so sopstvenikot za da gi izbegnam agenciite koj sigurno ke me kostaat min 500e ...Nekoj sovet molam Fala odnapred
Toa se dva razlicni kraja na Skopje, Kvoda e poskap den gorce imas i za 550 650evra kvafrat. Razlikata so 1000 1100 vo kv ti e recisi dupla. Golema krajnost ti e razmisli ubavo. Kisela voda e cista naselba nema drugi nacionalnosti, dodeka Gorce mesano naselenie i sosema druga urbanizacija. Moj izbor bese Kisela Voda od mnogu pricini.
Ako moze poprecizno za tie sto ne ziveat Skopje. Koj del od kisela voda ...koj ulici ...kade lesno moze da se iznajmi stan
Се надевам дека е за тука прашањево. Ме интересира, колку би чинело едно минимално опремување на стан? Кога зборам за минимално мислам на обезбедување на неопходните работи, во смисла опремање на дневна, спална, кујна.
Kisela voda e edna od najcistite naselbi. Sekoj del. Do posledna 24 ti e kisela voda kade imas dopir so se,bez ogranicuvanje. Nad toa pripor,sonje ,sopiste e veke se podaleku... Ulici imas mnogu Hristo Tatarcev ti e glavna.
Ne bi rekla,cementara se spusta na kaj nlisice i aerodrom.tie se najzagadeni. Doprva ke se gradi kisela voda i ima i dr povolnosti...za razlika od druugite naselbi Primer ima 5 6 gradinki vo radius od 1.5 km za.mene mn bitno, skoli 5 site vodat do bliski parkovi. Ne se soglasuvam so tebe,ziveam tamu 13 godini, i pak ja odbrav kvoda koga gi razgledav site opcii na podolg period,zasto mislam i na 3deca sto gi imam ne samo na sebe.
Женски се гради нов компекс во Чаир Премиум резиденс како што разбрав газдата е Гемак истиот газда на Парк резиденс. Во вторник идеме да видиме за понуда за стан во изградба. Дали има попуст доколку стан се плати во кеш и дали е сигурно? За документи мислам.. Инаку за 10 до 15 месеци ќе биде готов комплексот.
Vo izgradba moras da baras predbeleska na imoten list. Sigurno ti e samo ako imas dogovor potpisano kako sto treba zaedno so sovet od advokat i da si zastiten od sekoj agol. Ne davaj pari vednas.se ostava kapar i se isplaka ostatokot od sumata od koga ke ja zavrsat gradbata. Za cenata ke dogovaras direktno so investitorot a i vo toj del od gradot kvadratot e poeftin.setoa toa ke si fo sodrzi preddogovorot,nisto na laecki ne dogovaraj.