Заинтересирана сум да купам стан во изградба што е блиску до Центар. Спремни сме да дадеме до кај 1200-1300 евра од квадрат. Дали знаете да ми посочите некои објекти што се во изградба? Се јавувавме во неколку објекти како на пример Urban Residence ама имаа само помали станови. Тие од 70-80 квадрати ги распродале. Ние бараме околу 70 да е.
Koja naselba? Za tie pari imas mnogu. I do zeleznicka,Karpos,kozle,kapistec se isto tolku,debar maalo.... Mora da znaes koja naselba pa da baras.Okolu centar ima i 2 km i 5km.
Би преферирале да е Центар или Аеродром, но може и Кисела Вода, Карпош... Не сме премногу пребирливи за населбата само ни е важно да е новоградба и секако квадратурата (околу 70-80 квадрати)
Ajde nekoe mislenje ako moze. Zgrada vo pocetna faza 1000e m2 Na dimo hadzi dimov br.104 kisela voda. Stanovite gi prodavaat aksios21 Dali e mnogu daleku kako lokacija i dali e vo red cenata vo ovaa faza pisuva gotova zgrada prolet 2021
Ne e daleku voopsto. 15 min peski od centar. Za toa deka tocno ke bide vremenski tesko. Za cenata zavisi so sto spaga vo nea,mislam deka okolku 950 mozes da najdes kv vo gradba.Pregovaraj malku sekako vo zivo,toa ne moze telefonski.
Локацијата е супер, исто и цената. Можда сега дека е во градба може да ви спуштат барем по 20 евра од квадрат, ако не повеќе. Инаку, да си знаете дека најверојатно ќе каснат барем месец-два-три со финиширање, секаде е така.
1. Treba da znaes kakov stan baras. 2. Treba da go najdes i da znaes tocna cena na stanot.za da mozes da presmetas kolku imas za ucestvo a kolku ke zemes kredit. Pretezno bankite baraat 10 ili 15 % zavisi koja banka. I sekako vkupnata cena na stanot e bitna.(spored nea ti smetaat se). 3. Se dogovaras so bankata kako ke tecat rabotite,dogovor kamata,godini.... 4. Potpisuvas pred dogovor duri ti e vo postapka kreditot(vnimavaj na kaparot,ne ostavaj golema suma) istiiot ti go baraat vo banka za da se pokrene baranjeto za kreditot. Tuka ti baraat uplatnici od kaparot i od ucestvoto,za da mozat da se prebijat od vkupnsta suma. 5.Od koga ke ti se odobri kreditot se prefrlaat sretstvata na kypuvacot i se pravi kupoprodazen dogovor. 6. So krajniot dog odis vo opstina plakas danok i na kraj go potpisuvas dogovorot za da se smeni sopstvenosta na tvoe ime vo imoten list. Poveli.
3%od sumata na kupoprodazen dogovor za site naselbi osven Karpos i Centar mislam deka 3.5 % e za tamu.dokolku gresam neka me popravat Trosoci kako suma se navedeni vo dr post.
Dali e isplatlivo inversitirtot da ti namesti samo ulazni vrati i prozorci, ti da si gi pravis zidovite, plocki, kupatilo, podovi..
Dali nekoj znae nesto za firmata Kliko Gradba?...firmata e strumicka. Pravat zgrada vo aerodrom ama imaat za.da pustat na cena 20 evra...baraat odnapred cela uplata
Investitorot zema pogolema kolicina i cenata mu e poevtina za x kolicina na plocki i materijal... Na potrosuvacot na koj mu e biten kvalitetot si doplaka za.svoj materijal po izbor...noemalno deka kosta poveke zelbata zasto i investitorot go kosta dopolnitelbo od predvidenoto... Za da si pravis sam ti trebaat poveke pari iplus majstori sto denes teako se naoga salam majstor!
Не знам дали имам одено кај нив, но во периодов имав прилика да влеам во неколку згради во Аеродром кои се пред вселување. Познаник беше загреан да купи. Речиси Никаде не бевме задоволни. - Подови од најевтин материјал Таркет, кој беше лошо наместен. - На многу места лоша завршна обработка на sидови. - Санитарија од турско производство ( и прилично евтина што остава флеки ) Треба да се има на ум, дека веќе и нема мајстори како порано. Дополнително Се се прави на брзина и се ставаат евтини материјали. Се оди до таму што се штеди дури и на лајсни за sидови. А таа лајсна е 30-40 денари. Ако на таа се штеди што останува понатаму. На крај по видени станови во 4-5 згради, на пријателов му реков да си направи една идеја за тоа како би изгледала оваа околина околу Тобако и Мајчин дом за 5 години од денес. Дали ќе му биде исто кога околу него се ќе бидат згради? Реално делот кај Тобако во Аеродром не е тоа што беше пред 4-5 години, и како што се гради таму за брзо ќе биде права џунгла. Градоначалников општинава ја направи хаос, бутна паркови и дрва кај Тобако за да се гради огромно здание, Мајчин дом, а сега гледам и делот спроти Тобако е собран. Секоја чест на тој што ќе купи стан во тој дел или на локации во близина. Да дадете пари и да седете во Затвор помеѓу толку sидови со толку многу нови луѓе, без никаков план и урбанизација. Единствено убаво дел во Аеродром остана делот околу Џевахир кој е среден и растеретен. Голден Арт гради станови кај Американ колеџ и тие се на убава локација. Но каков е квалитетот? Јас повеќе би одел на стар стан или куќа и пополека да си ги средам и реновирам со проверени мајстори и по своја желба. Барем Знам дека ќе биде квалитетно. Новиве станови ми се голем ризик и со лоши материјали. Барем од тоа што видовме јас останав разочаран